Штом од Центарот за лаги и манипулации на ДПМНЕ во Охрид почнат да доаѓаат тенденциозни невистини, лични дискредитации и злонамерни критики, тогаш со сигурност може да се заклучи дека стравот во ДПМНЕ преминал во параноја, рече на денешната прес конференција престседателот на ОО на СДСМ и носител во 5-тата изборна единцица од Охрид, Томислав Тунтев. „Да си имаше ДПМНЕ од Охрид квалитетни кадри на листата со кандидати за пратеници, ќе си се фалеше и гордееше со нив, и немаше сосема неосновано да ме напаѓа мене. Вистината можеби за нив е…
повеќе...Tag: партија
Арнаудов: ВМРО-ДПМНЕ се стреми кон намалување на невработеноста на ниво на 22 % во текот на следните 4 години
ВМРО ДПМНЕ е сериозна политичка партија. Партија на која одговорноста кон вредностите на општеството и се главни двигатели. Вака ја започна денешната прес конференција, кандидатот за пратеник на ВМРО-ДПМНЕ Охрид, д-р Љубен Арнаудов. Арнаудов потецираше дека се она што било презентирано како визија во изминатите години ВМРО-ДПМНЕ успешно го имплементирало, ветеното станувало реалност, дадениот збор бил одговорност, одговорност и кон граѓаните и кон државата. „Таквиот принцип на работа останува и денес, но продолжува и утре, Токму тука лежи успешноста на ВМРО ДПМНЕ, во посветеноста кон потребите на граѓаните и на зачувување…
повеќе...Дамоска Секуловска: Со денешната прес конференција СДСМ уште еднаш ја покажа својата безидејност
И покрај тоа што, кога ја презеде функцијата претседател на Општинската организација на СДСМ Томислав Тунтев најави (цитирам): „Мојата намера е во СДСМ да се сменат работите за 180 степени за да фатиме чекор со времето и новите текови“ (затворен цитат) очигледно е дека сѐ што направи Томислав Тунтев во претходниот период е оставање на работите во партијата на потполно исто ниво, но обезбедување за себе добитно место на пратеничката листа на СДСМ, чиј што изборен слоган за овие парламентарни избори е, замислете, „Промени за нов почеток“ обвини на денешната…
повеќе...Василевски: Еден од најзначајните постулати за изборната програма на ВМРО-ДПМНЕ претставува обезбедувањето на соодветно ниво на социјално најранливите категории
На денешната прес-конференција ОК на ВМРО-ДПМНЕ Охрид најави тематски пресови, за кои како што рече кандидатот на листата за пратеници од ВМРО-ДПМНЕ Охрид, д-р Сашо Василевски, во следниот четири годишен мандат тие како пратеници и Владата на Р.Македонија ќе ги имплементираат. Социјалната политика беше темата посветена за денешниот прес. „Еден од најзначајните постулати за изборната програма на ВМРО-ДПМНЕ претставува обезбедувањето на соодветно ниво на социјално најранливите категории на луѓе. Чекор кој покажува дека ВМРО-ДПМНЕ во целост се осврнува на потребите на граѓаните и им овозможува зголемување на животниот стандард. Ако се направи…
повеќе...Кузески: ДПМНЕ од болниците, училиштата, градинките и општината направи свои партиски штабови каде се сее страв меѓу вработените
Со отворени закани за санкции кои се вршат од страна на општинското партиско раководство на ДПМНЕ кон вработените во јавната администрација, вработените се приморани до своите претпоставени да носат списоци со „сигурни“ гласачи, обвини на денешната прес конференција портпаролот на ОО на СДСМ Охрид, Александар Кузески. „Во прилог на ваквата омаловажувачка и потценувачка практика, ДПМНЕ од болниците, училиштата, градинките и општината направи свои партиски штабови каде се сее страв меѓу вработените. Заканите и притисоците кон вработените се јасни – или со сила ќе најдете и ќе донесете гласови за ДПМНЕ,…
повеќе...Јанев: СДСМ како партија покажа и докажа дека нема ниту волја ниту капацитет да води град, а камоли држава
Пред нас имаме претседателски и парламентарни избори на кои сите треба да ја покажеме подготвеноста, посветеноста и вистинската желба да се одлучува, да се работи и сработи за доброто на градот Охрид, за доброто на нашата држава Македонија, за доброто на својот народ. Познати се заложбите на ВМРО ДПМНЕ во таа насока. Вака ја започна денешната прес конференција советникот и заменик градоначалникот на општина Охрид, Ангел Јанев. „Насоката е единствена: Создавање подобра иднина, домаќинско работење и водење сметка за граѓаните. Отчетност. Од другата страна ја имаме партијата, СДСМ: За 8 годишното владеење…
повеќе...Милошоски: Охрид и охридско во следните 4 години ќе биде едно градилиште, како што не било во последните 50 години
Од ОК на ВМРО-ДПМНЕ Охрид денес на прес-конференција истакнаа неколку работи во однос на изборната програма на партијата, односно работи кои ќе бидат важни за охридскиот регион. „Она што ни е најважно дека како и до сега така и понатаму ВМРО-ДПМНЕ настапува со проверена програма, програма во која што имаме рокови, проекти, носители на проекти, кога треба да се завршат и отчет кој што ќе се даде откако секој проект ќе биде реализиран. 2046 проекти се предвидени во програмата на ВМРО-ДПМНЕ, кредибилитетот се остварените работи во изминативе 8 години и…
повеќе...Георгиевски во Охрид: Време е да се пресече јазолот за името
ВМРО-НП денеска во Охрид одржа конвенција на која беа претставени носителите на листите на партијата во шесте изборни единици и 120-те кандидати за пратеници. Партискиот лидер Љубчо Георгиевски пред присутните на конвенцијата нагласи дека само преку демократијата можат да се решат економските, мултиетничките или надворешно-политичките проблеми. Тој побара од граѓаните да им ја дадат довербата која, како што рече, партијата за време на своето вледеење во периодот од 1998 до 2002 година на граѓаните им овозможила највисок животен стандард и најдобра бизнис-клима. За прашањето за името, Георгиевски рече дека секој…
повеќе...Љубчо Георгиевски ги посети Струга и Вевчани
Поранешниот премиер и лидер на ВМРО – Народна партија, Љубчо Георгиевски предизборната кампања за претстојните предвремени парламентарни избори ја започна со посета на Вевчани и Струга. Георгиевски најпрво го посети Вевчани, каде со тамошните жители разговараше околу проблемите кои ги мачат. Најмногу се задржаа околу демографкста катастрофа што и се случува на Република Македонија, масовното иселување на македонските и големата сиромаштија на граѓаните. Во рамки на посетата на Вевчани, георгиевски го посети и манастирот „Св. Никола“. Лидерот на ВМРО – Народна партија прошета и низ струшката чаршија каде разговараше со…
повеќе...ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ преку прес го обелоденуваат во целост принципот на нивното функционирање
ОК на ВМРО-ДПМНЕ Охрид со рекација на пресот на ОО на СДСМ Охрид. Во реакцијата стои: „Агонијата, лицемерието и небулозноста на Охридското партиско раководство на СДСМ, а најповеќе на Претседателот на ОО СДСМ Томислав Тунтев очигледно кулминира. Преку прикажување на дезинформации и клевети очигледен е нивниот мотив за приграбување на ситни партиски поени. ОО СДСМ водени од нивното искуство со притисоци и закана да се обраќаат до нивните сограѓани и да вршат присила за политичка определба, денес преку прес го обелоденуваат во целост принципот на нивното функционирање. Во духот на…
повеќе...