Вчера беше чест и гордост да се биде опозиционер во Охрид. Синоќешниот митинг на градскиот плоштад покажа што значи кога охриѓани, и само охриѓани, со полни гради со опозиционерски дух, се собраа во огромен број да му дадат поддршка на проф. д-р Стево Пендароски, кандидатот за Претседател на Република Македонија. Вака ја започна денешната прес конференција претседателот на ОО на СДСМ Охрид, Томислав Тунтев. „Вчера Стево ги обедини охриѓани од различни вери, од различни етникуми и од различни политички партии, кои сите заедно, по сопствено убедување и со сопствена волја…
повеќе...Tag: партија
ВМРО-ДПМНЕ најави нови над 1000 вработувања во Охрид
ОК на ВМРО ДПМНЕ денес одржа прес-конференција, на која што свои обраќања имаа кандидатите за пратеници од ВМРО ДПМНЕ од Охрид, Љубен Арнаудов, Сашо Василевски и Александар Николоски. „Мое огромно чест и задоволство ми е да најавам дека од денес официјално почнуваме со кампњата во која очекуваме убедлива победа, затоа што ВМРО ДПМНЕ како партија докажа во Македонија дека е наизградена, најконструктивна и најорганизирана. Најголемото задоволство ми е да ги најавам 2046 проекти кои Владата во својата програма ги најави и рече дека ќе ги изврши до крај сите дадени…
повеќе...Пендаровски од Охрид: Народот на 13-ти ќе се справи со власта
Ја имам честа да се обратам во градот на словенските просветители Климент и Наум Охридски. Тие уште долги години ќе го чуваат македонскиот народ. Охрид бил и мора да остане центар на уникатноста и единственоста. Со овие зборови се обрати претседателскиот кандидат Стево Пендаровски пред граѓаните на преполниот градски плоштад во Охрид. Охриѓани загрижено констатираа дека основната гранка во нивниот крај, туризмот, последниве години стагнира или назадува. „Инвестирањето во реклами, споменици и Субрата Рој нема да го унапредат туризмот. Проектот Скопје 2014 го загрози проектот Македонија. Со добра инфраструктура и капитални инвестиции…
повеќе...ВМРО-ДПМНЕ ја стартува кампањата со голем митинг во Скопје
Политичките партии од утре ја почнуваат предизборната кампања за предвремените парламентарни избори. Кампањата за предвремените парламентарни избори која почнува утре, отсега паралелно ќе се одвива со кампањата за претседателски избори. Коалицијата „За подобра Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ, кампањата за парламентарните избори ќе ја почне утре од Скопје со голем митинг на плоштадот „Македонија“ со почеток во 20 часот.
повеќе...Претседателскиот кандидат Стево Пендаровски во посета на охридско-струшкиот регион
Зарем државата не е народот, како тоа државата е пред се, а е дел од народот? Младите ни бегаат надвор од државата. Ова беше еден од коментарите на мештаните во општина Дебарца. „Власта ја претвори нашата држава во друштво со ограничена одговорност. Нивна сопствена фирма. Затоа нам ни е потребна комплетна политичка промена преку којашто законите ќе важат и за царот и за слугата подеднакво. Така Македонија ќе стане правна држава. Тоа е основна задача на шефот на државата. Тоа ќе биде мојата основна задача“, рече Пендаровски во Дебарца. Претседателскиот…
повеќе...Кандидатот за претседател Стево Пендаровски денеска во Охрид
Претседателскиот кандидат, Стево Пендаровски, денеска ја започнува посетата во охридскиот регион во село Белчишта, каде ќе оствари средби со тамошните жители. Пендаровски посетата ќе ја продолжи со прошетка и посета во село Мешеишта, а потоа ќе се упати на средба со жителите на село Волино. Пендаровски посетата ја продолжува во струшкото село Боровец. Пендаровски ќе оствари средби со жителите на село Подгорци, а потоа ќе се упати на средби со жителите на Вевчани. Во 18:00 часот, претседателскиот кандидат пристигнува во Охрид, каде ќе ја посети црквата кај Чинарот, за подоцна…
повеќе...ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ нема капацитети за квалитетни дела
СДСМ ја наби целата негативна енергија преку Охрид во кој покажа како не треба да се води еден град, како за СДСМ се битни само личните интереси, како СДСМ нема капацитети за квалитетни дела, рече на денешната прес конференција портпаролот на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Охрид, Никола Митровиќ. „Истата таа приказна денес СДСМ сака да ја продаде како успех , нанесувањето штети на општеството да го прикаже како државност, немањето на ниту една идеја и проект да го прикаже како напредок. Целата таа негативна селекција на однос кон граѓаните и општеството…
повеќе...Митинг на претседателскиот кандидат на ГРОМ во Охрид
Со громогласно „да“ одговорија многубројните охриѓани на прашањето на претседателскиот кандидат на Граѓанска опција за Македонија, Зоран Поповски, „дали на Македонија ѝ треба ГРОМ?“ Граѓаните на македонскиот Ерусалим на вечерашниот голем митинг, со овации, аплауз и со скандирање на имињата на кандидатот за претседател и на лидерот на ГРОМ, порачаа дека токму тоа, трета опција, ѝ треба на нашата земја. „Собрани сме овде за да бидеме дел од големата граѓанска идеја и визија, за сплотени под покривот на Граѓанска опција за Македонија да создадеме иднина за нашата Македонија“ – порача…
повеќе...Костоски: Средно музичко училиште ќе се гради во Струга, а не во Охрид
ОК на ВМРО-НП Охрид на денешната прес-конференција ја најави конвенцијата, односно претставувањето на кандидатите од листите на ВМРО-НП која ќе се одржи во недела (6-ти април) со почеток во 13:00 часот во Центарот за култура „Григор Прличев“. Претседателот на ВМРО-НП Ванчо Костоски, на прес средбата напомна дека најважниот услов за кој што ќе се залага ВМРО – Народна партија е враќање на демократијата во Република Македонија. „Без овој основен предуслов, значи, враќање на демократијата во целокупниот и во сите сегменти на живеење на граѓаните на РМ, нема ниту економски, ниту…
повеќе...СДСМ продолжува со своите активности – утре Пендаровски на средба со охриѓани
ОО на СДСМ Охрид денес испрати соопштение до медиумите,во кое стои: „Нашата одлука за свој кандидат за претседател на Република Македониja да се избере господинот Стево Пендаровски, беше само првиот чекор со кој се навести новата и сосема поинаква политика којa несомнено го носи приматот граѓанска и обединувачка. Со гордост можеме да констатираме, дека личните теснопартиски интереси не се на нашата агенда, на прво место како и секогаш за нас е државата. Доказ за тоа е нашиот предлог за натпартиски кандидат за претседател, да биде Проф. Д-р. Стево Пендаровски. Со…
повеќе...