Сообраќајот на сите државни патишта се одвива по наместа влажни коловози. Од АМСМ информираат дека интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.
повеќе...Tag: патишта
Груевски: Се работи со полна пареа на трите автопати, ангажирани 2.220 работници
Изградбата на трите автопати се одвива според предвидената динамика. Имаше сосема мал застој поради лошите временски услови, но тој е надоместен. Ова го истакна премиерот Никола Груевски во одговор на новинарско прашање по увидот во градежните работи за реконструкција на железничката станица во Прилеп. „Во Македонија во моментов се градат три автопатишта и имаме добар прогрес кај сите. На автопатот Скопје – Штип пробиено е 90 отсто од трасата, кај автопатот Демир Капија – Смоквица има прогрес 57 отсто, а на автопатот Кичево – Охрид пробиено е 37 отсто од…
повеќе...Зголемен интензитетот на сообраќај на сите патишта
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничните премини Табановце, Богородица и Дојран има задржување од околу 30 минути, а на останатите гранични премини и покрај зголемената фреквенција нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините, информираат од АМСМ.
повеќе...Зголемен интензитетот на сообраќај на патиштата
Од АМСМ информираат дека интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничните премини и покрај зголемената фреквенција нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.
повеќе...Зголемен интензитетот на сообраќајот на патиштата
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. „На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата“, информираат од АМСМ. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.
повеќе...Деловните простории кај „Мини-маркет“ конечно добиваат пристап
Деловните простории на потегот од „Мини-маркет“ па се до Музичкото училиште „Методи Патче“ конечно добиваат пристап. Градежните зафати на овој потег, за изградба на мини-плоштад, започнаа во декември минатата година, а од тогаш па до денес, сопствениците и вработените во деловните простории, меѓу кои и Банката и Поштата, но и сите граѓани и гости беа приморани да газат кал или прашина во зависност од временските услови. Добрите вести се тоа што деновиве се интензивирани градежните зафати на овој потег, а од денес, со партерното уредување, деловните простории веќе добиваат пристап,…
повеќе...Поставени семафорите кај Рача, се чека нивно вклучување
Иако патиштата се далеку од готови, семафорите од вечерва „висат“ на крстосницата кај Рача, на Булеварот „Св.Наум Охридски“. Како искуство од сите изминати летни сезони, во Охрид нешто мора да се работи и тоа токму сред сезона. Пред извесно време беа поставени металните конструкции, а прашање на време беше кога ќе се постават и семафорите. WebOhrid
повеќе...Хит за ова лето во Охрид: Селфи на моторче
Правењето селфи е хит, но за жал актуелни се и несреќите при правење селфи. Вчера, објективот на WebOhrid затекна неколку момчиња како прават селфи возејќи моторчиња, а „најдоброто“ и најлудото селфи го правеше токму возачот. Останува да се надеваме дека ова лето во Охрид ќе помине мирно и без последици, без оглед на лудориите на гостите, па и на нашите сограѓани. WebOhrid
повеќе...MOTORWEY – македонски автопат
Туристи добредојдовте! Ние знаеме многу странски јазици. Да да, знаеме и англиски! Знаеме и да читаме и да пишуваме, но тоа не го гарантираме и за оние кои ги прават сообраќајните знаци. MOTORWEY – тоа е еден нов збор кој ќе биде во центарот на вниманието на сите оние странски туристи кои возејќи ќе поминат покрај автопатот Кичево-Охрид кој е во фаза на изградба. Грешката не е фатална, поентата се сфаќа, но… важен е впечатокот на прв поглед, зарем не!?! WebOhrid
повеќе...Времен режим на сообраќај во летниот период од 01.07 до 31.08 на државните патишта во Република Македонија
Од Министерството за транспорт и врски информираат дека од утре ќе отпочне со примена времениот режим на сообраќај во летниот период од 01.07 до 31.08 на државните патишта во Република Македонија со кој се забранува движење на тешки товарни возила чија вкупна маса преминува 15 тони за време на деновите од викендот и за денови при екстремно високи температури. Измената во временските интервали е следната: петок од 17.00-22.00 часот, сабота 09.00-18.00 часот и недела 09.00-22.00 часот, и оваа забрана се однесува за период од 01.07 (јули) до 31.08 (август) секоја…
повеќе...