Бурeн аплауз за македонскиот тенор

Концертот насловен „Седум песни од светлина и прав” на македонскиот амбасадор на културата Благој Нацоски  со овации беше поздравен од публиката во монденскиот локалитет Санта Маргерита Лигуре во Џенова, Италија. Многубројните посетители во вилата Дурацио со бурен аплауз го наградија македонскиот оперски пејач кој, во рамките на концертот, на македонски јазик изведе дело напишано специјално за оваа пригода од италијанскиот композитор Анџело Инглезе  на стихови од Никола Маџиров. Станува збор за циклус од седум песни, претворени во музика, и тоа за камерен состав од два гласа, кларинет, виолина, виолончело и…

повеќе...

Продадени рекорден број влезници за концертот на Цеца

По само неколку дена отворена продажба на влезниците за концертот на Цеца, организаторот објавува бројки од рекордно брзата продажба. Имено, за само неколку дена продадени се повеќе од 3.000 влезници по првичната цена од 500 денари. Истата останува уште денес. Веќе од утре, влезниците ќе чинат 600 денари, се до 27 јули. За оние кои што знаат во колкав тираж се распордаваше последниот албум на Светлана Ражњатовиќ – Цеца, ова не би требало да е никакво изненадување. „5 минута”, „Да раскинем са њом”, „Добро сам прошла”, “Име и презиме” се…

повеќе...

Започна 53-то издание на Балканскиот фестивал на народни песни и игри

На реконструираната летна сцена „Долни Сарај“, синоќа започна 53-то издание на Балканскиот фестивал на народни песни и игри. Охрид деновите од 6 до 11 Јули ќе сјае во колоритот на носиите и ќе бие во ритамот на песната и играта на многу народи. „Охрид, деновиве ќе сјае во колоритот на носиите и ќе не разгалува со песната и играта на многу народи, во чија основа е фолклорот како темел на специфичните култури и национални идентитети. Тоа е амбиент во кој се растреперуваат срцата и се будат сите човекови сетила, амбиент…

повеќе...

Започнаа подготовките за третото издание на фестивалот „Фолк хит песна на летото“ 2014

Радио и Продукција Лав Охрид го распишуваат конкурсот за пријавување на авторски песни кои ќе влезат во избор за Фолк песна на фестивалот „Фолк хит песна на летото“2014, кој ќе се одржи на 13 Август на единствената сцена на Античкиот театар во Охрид. Сите заинтересирани текстописци, автори музичари и изведувачи можат да се пријават со свои дела најкасно до 20.07 2014година. Вашите дела треба да ги испратете на емаил: radiolavohrid@yaho.com. Сите дела кои ќе бидат прифатени од организаторот на фестивалот ќе бидат опфатени во понатамошна постапка и за сите нив…

повеќе...

Дванаесетта ревија на песни, музика и игри на пензионерите

Дванаесеттото издание на Ревијата на песни, музика и игри на пензионерите вчера се одржа во Универзалната сала во Скопје. Манифестацијата на која секоја година учествуваат пензионери од сите градови во Република Македонија во континуитет ја афирмира македонската традиција и староградскиот фолклор. Министерката за култура Елизабета Канческа Милевска во обраќањето на отворањето на Ревијата на песни, музика и игри на пензионерите рече дека манифестацијата е одраз на силната желба на пензионерите, посветеност и длабока почит кон трајните вредности на културата како наше национално обележје. Таа упати благодарност до Сојузот на пензионерите…

повеќе...

Празнична песничка

Ете бидна Бадник, Божик, на сите Бог нек ни поможит. По нив идет Стара Нова, шо да прајш, да славиш морат. За Водици крст се фрлат, скокет луѓе во мраз вода. Дупнат чорап, нозе камен, ракивче на стомак гладен. Крстот ќе дојт пак во Варош, ќе не пцует цел народ. Ај кј и да е ќе дојт и лето, ете ти го и Скопјето. А до тогаш зима пуста, имат дури и магла густа. Кајче веслам, со весла мафтам, е не, низ чаршија ќе се пафтам. Кј да одам, морам…

повеќе...

На 28-ми септември ќе се одржат охридските староградски средби

Охридските староградски средби годинава ќе се одржат на 28-ми септември. Охридски староградски средби е фестивал во организација на Националната установа Центар за култура „Григор Прличев“ – Охрид што ги афирмира вредностите на староградскиот мелос и ги обновува по  долгогодишна пауза  старите добри градски музички традиции. На годинешното фестивалско издание ќе настапат над  200 учесници од повеќе познати староградски состави: -Хорот при Центарот за култура Охрид, Градски Тамбурашки оркестар од Штип, Октет Прилеп од НУ Центар за култура Прилеп, Распени гевгеличани од Гевгелија, Крива Паланка од Дом на култура Крива Паланка,…

повеќе...

Есма Реџепова-Теодосиевска добитник на титулата „национален уметник“

Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, денеска во вилата „Водно“, во присуство на министерката за култура Елизабета Канческа–Милевска, голем број уметници и други гости, на Есма Реџепова-Теодосиевска свечено и ја додели титулата Национален уметник на Република Македонија, највисокото признание од областа на културата во нашата држава. Претседателот Иванов истакна дека прогласувајќи ја Есма Реџепова-Теодосиевска за национален уметник, ние денес ја искажуваме нашата посветеност кон уметноста и трајните вредности на музиката. „Уметниците биле, се и ќе бидат најзначајните гласници на мирот, почитувањето и разбирањето. Низ уметноста, тие ги надминуваат сите…

повеќе...

Тијана ќе ја претставува Македонија на Евросонг 2014

Тијана ќе биде следниот претставник на Македонија на Евросонг 2014 година. Македонската Радио Телевизија, одлучи на овој престижен и реномиран музички натпревар, честа за претставување на Македонија да ù се довери на македонската, но и на една од најталентираните балкански афирмирани  интерпретаторски ѕвезди – Тијана  Дапчевиќ.  Изборот и одлуката се донесе врз основа на гласовните, музичките и естрадните квалитети со кои Тијана ја изгради својата кариера не само во Македонија туку и на Балканот. Таа важи за редок вокален интерпретатор со вонредни музички квалитети и вонсериски естраден уметник. „МРТ не…

повеќе...

И петтата вечер од Балканскиот фестивал во Центарот за култура

Поради променливото време и петтата фестивалска вечер на 52-иот Балкански фестивал на народни песни и игри наместо на традиционалната летна сцена „Долни Сарај“ ќе се одржи во големата сала на Центарот за култура „Григор Прличев“ – Охрид, со почеток во 21:00 часот. 10 јули (среда) -Ансамбл „ПРОЛЕТЕР“ од Сараево, Босна и Херцеговина -Ансамбл „ТРИСЧЕЛЕ“ од Арагона-Агриџенто, Сицилија, Италија

повеќе...