Од идниот месец бесплатни часови по пливање за деца со Даунов синдром

Идниот месец ќе почне реализацијата на пилот-проектот за промоција на физичка активност и развивање на спортски вештини по пливање кај деца со Даунов синдром. Проектот е дел од Програмата за јавно здравје на Министерството за здравство за 2015 година. Активностите ќе се реализираат преку Заводот за физикална медицина и рехабилитација-Скопје, со организирање часови по пливање кои ќе бидат бесплатни за тие деца. Ова на прес-конференција го истакна министерот за здравство Никола Тодоров, кој рече дека целта на пилот-проектот е подобрување на психофизичка состојба на децата со Даунов синдром, како и…

повеќе...

Македонската пливачка Анастасија Богданоски се стекнува со стипендија од меѓународна категорија од АМС

Mакедонската пливачка Анастасија Богдановски со последниот успех остварен на Гран При Шарлот во Соединетите Американски Држави, кој претставува квалификационен натпревар за Светското првенство во Казан,Русија 2015 се стекна со стипендија од меѓународна категорија од Агенцијата за млади и спорт. Со остварено време од 0.56.61 на 100 метри слободно, кој воедно претставува и апсолутен рекорд на Македонија, таа во наредните две години ќе прима стипендија од Агенцијата за млади и спорт во вредност од 1,3 просечни плати секој месец. Инаку македонската пливачка Анастасија Богдановски е членка на пливачкиот клуб Вардар од…

повеќе...

Големи успеси на нашата македонска пливачка Анатасија Богдановски во САД

Американците ѝ се восхитуваат: „Анастасија (Велика) од Македон“! Најдобрата македонска пливачка Анастасија Богдановски доби многу комплименти од специјализираната веб-страница за пливање „Свимсвам“ во текстот со наслов „Анастасија од Македон“ за изминатата мошне успешна сезона, во која таа освои две НЦАА-титули – на 50 и 200 слободно, како и уште четири титули со штафетата на нејзиниот Универзитет Џон Хопкинс. Поради овие успеси беше прогласена за пливачка на годината на НЦАА-студентското национално првенство на САД. Доби уште две слични студентски признанија за пливачка на годината. Авторот на текстот, Хана Салц, ја раскажува…

повеќе...

Официјално затворен градскиот базен „Атина Бојаџи“ за сезоната 2014

Со одигрувањето на ревијалниот натпревар во ватерполо помеѓу екипите на Охрид и Струга, официјално беше затворен градскиот базен „Атина Бојаџи“ за сезоната 2014. „ЈП „Билјанини Извори“ и оваа година како субјект кој стопанисува со градскиот базен се потруди во рамките на своите можности на граѓаните да им понуди многу спортски соджини и настани кои од година во година се повеќе ја збогатуваат понудата за сите граѓани на Охрид како и за сите гости во Охрид.“ – велат од претпријатието. ЈП „Билјанини Извори“ им се заблагодарува на сите рекреативни корисници на градскиот…

повеќе...

Брајан Рикеман од Белгија – победник на 28-то издание на Охридскиот пливачки маратон

Брајан Рикеман од Белгија е победник на 28-то издание на Охридскиот пливачки маратон. Рикеман успеа во драматичен финиш да триумфира пред останатите пет пливачи кои во група речиси истовремено ја минаа последната контролна точка кај Канео. Втор на целта беше Евгениј Поп Ацев, додека пак третопласиран е Јоанес Едел од Франција. Во женска конкуренција победи Силвие Рибарова од Чешка. Претседателот Ѓорге Иванов кој е и покровител на оваа манифестација, им врачи ловоров венец на победниците на пливачкиот маратон.

повеќе...

Стефаноски и Поп Ацев – македонските фаворити на Пливачкиот маратон

Томи Стефаноски и Евгениј поп Ацев се македонските фаворити кои во сабота во рамки на 28-от Охридски пливачки маратон заедно со уште 14 мажи и шест жени од 14 земји ќе запливаат на 30 километарската патека “Килиме Савин“ од манастирскиот комплекс Св. Наум до градското пристаниште во Охрид. Томи Стефаноски на светската ранг листа за пливачки маратони на долги патеки во моментов котира највисоко и тоа би значело дека доколку победи ќе стане светски шампион во пливање за 2014 година што секако ќе значи промоција на Охрид и Македонија во…

повеќе...

Утре по 35-ти пат ќе се одржи Илинденскиот пливачки маратон

Во организација на пливачкиот клуб „Охридски бранови 2008“ Охрид, традиционално по 35 пат, утре, 2-ри август (сабота), на патеката Горица – Охрид во должина од 2,5 км, ќе се одржи Илинденскиот пливачки маратон. Своите пливачки способности и вештини ќе ги одмерат преку 40 пливачи од повеќе пливачки клубови од Македонија и странство, кои организирани во две возрасни групи (до 16 години и постари од 16 години) ќе стартуваат во 10 и 10:15 часот од плажата Голден Бич (поранешен х.Парк). Пристигнувањето на пливачите на целта на Градското пристаниште во Охрид се…

повеќе...

Јане Петков од Бугарија успеа да исплива над 2 километри врзан во вреќа

Јане Петков од Бугарија, уште познат како човекот–амфибија, претпладнево врзан во вреќа и без помагала, исплива од местото Горица, а целта беше кај старото пристаниште. Во неговиот подвиг цело време беше придружуван од медицинска екипа, претставници на Црвениот крст од Охрид и претставници на Клубот за спортови на вода „Охридски бранови“. За околу два и пол часа тој исплива околу 2.300 метри со што ќе биде номиниран за Гинисов рекорд. Настанот беше поддржан од Општина Охрид, Црвениот крст од Охрид и Клубот за спортови на вода „Охридски бранови“. WebOhrid

повеќе...

Рејмонд Аксел од Франција победник на 27 Охридски пливачки маратон

Рејмонд Аксел од Франција е новиот победник на овогодинешниот 27 Охридски пливачки маратон. Французинот кој дебитираше на нашиот маратон, а е претпоследен од ФИНА Гранд при серијата за 2013 година, постави нов рекорд на патеката „Климе Савин“ долга 30 километри, со време од 5 часа, 9 минути и 54 секунди, што е за 10 минути подобро време од претходниот рекорд на Бугаринот Петар Стојчев. Второ место беше Италијанецот Едоардо Стокино, додека пак трет беше Русинот Иван Афоневич. Од нашите пливачи, Евгениј Поп Ацев заврши на четвртото место, додека пак Томи…

повеќе...

Македонија со 4 претставници на Охридскиот пливачки маратон

Како што веќе беше објавено од страна на FINA, овогодинешниот Охридски Маратон ќе се одржи во сабота на 24 август по 27 пат. Досега своето учество на маратонот го пријавија 30 натпреварувачи (19 во машка и 11 во женска конкуренција). Искусниот маратонец Томи Стефановски ќе ја предводи македонската „чета“ од четворица пливачи  на претстојниот Охридски маратон, заедно со Евгениј Поп Ацев, на кои ќе им се приклучат и помладите Александар Панчевски и Александар Илиевски. Ни оваа година, како и години претходно, нема да имаме претставничка во женска конкуренција. Дамјан Блаум…

повеќе...