Српските полицајци пред заминување на прием во Општина Охрид

Заменик градоначалникот на Охрид, Ангел Јанев денес ги прими двајцата српски  полициски службеници  на заминување, Далибор Видевски и Миљан Групковиќ, кои во период на Новогодишните, Божиќните и Богојавленските празници беа дел од мешаните полициски патроли во градов. Двајцата полицајци од соседна Србија, презадоволни од работниот ангажман во Охрид, но и од гостопримството и одличниот прием од македонските колеги и охриѓани , велат повторно би се вратиле да работат во Охрид кој според нив е мирно место за живеење но и еден од најубавите градови кои до сега ги посетиле. Мешаните…

повеќе...

Груевски: Следува позитивно етапно усогласување на платите во полицијата

Премиерот Никола Груевски најави надминување на предизвикот со неусогласеноста на основната плата во Министерството за внатрешни работи со основната плата во државната администрација. „Владата во соработка со Синдикатот за надминување на овој предизвик ќе изработи повеќегодишна стратегија за усогласување на основната плата во МВР со основната плата во јавната администрација“, рече Груевски во денешното обраќање пред синдикатите во државата. Според него, со тоа ќе се обезбеди етапно усогласување на структурата на платите во МВР за да бидат слични со основната плата во државната администрација и платите на другите полициски служби…

повеќе...

Отворена полициска канцеларија во Белчишта

Со пригодна свеченост, денес во Белчишта општина Дебарца беше отворена полициската канцеларија што ќе работи во состав на Секторот за внатрешни работи Охрид. На свеченоста, покрај претставници на СВР Охрид беше присутен и градоначалникот на општината Дебарца, Игор Трајкоски, како и секретарот на Општината, Илија Дуклески. Со отворањето на полициската канцеларија на СВР Охрид во Белчишта ќе се обезбеди постојано присуство на полициски службеници на целото подрачје и во сите населени места во општината, континуирано ќе се преземаат полициските мерки за зачувување на јавниот ред и мир, заштита на животот,…

повеќе...

СВР Охрид се вклучи во акцијата за пошумување

СВР Охрид се вклучи во акцијата „Денот на дрвото – засади ја својата иднина“. Десетина полициски службеници денес засадија повеќе садници на локалитетот Мазатар над Лакочереј. „Акцијата за пошумување е уште една прилика да го покажеме нашиот позитивен однос кон се што е добро во нашето општество. На овој начин, поддржувајќи ја акцијата која значи здрава животна средина, ја покажуваме нашата блискост со граѓаните и нашата љубов кон природата.“ – истакнуваат од СВР Охрид.

повеќе...

Свечена церемонија по повод приемот на нови полициски службеници во МВР

“Знам дека имате потенцијал и очекувам преку вашето совесно постапување во службата да не направите горди сите нас. И вашите родители и семејства, вашите професори и вашите нови претпоставени. Заради новиот начин на селекција кој за прв пат го промовиравме, како и професионалната заложба и посветеноста на сите инволвирани во обуката, вашата генерација е веројатно најдобрата и најперспективната досега“, истакна меѓу другото министерката за внатрешни работи м-р Гордана Јанкулоска во свото денешно обраќање на церемонијата по повод завршувањето на обуката на избраните кандидати за полициски службеници што се одржа во…

повеќе...

Изнесени предлог мерки и подготовки за дејствување на сите субјекти вклучени во зимското одржување на патиштата

 Повеќе претставници од општините Охрид и Дебрца, на јавните претпријатија, секторите за комунални дејности, сообраќај и улици, општинските инспекторати, центарот за управување со кризи како и претставници на други релевантни институции задолжени за одржување на патиштата, денес ги презентираа оперативните работни планови и предвидените мерки за работа во текот на претстојната зимската сезона.    На денешниот работен состанок што го организира Секторот за внатрешни работи Охрид беа изнесени предлог мерки за поголема ефикасност, навременост и координираност на субјектите во преземањата за зимското работење и одржување на патиштата. Договорена е нагласена…

повеќе...

Притворени напаѓачите кои повредија полициски службеници

Поради постоење на основи на сомнение за сторено казнено дело „Напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“ СВР Охрид поднесе кривична пријава против Ј.П.(36) и Љ.К.(35) од Охрид како и против Н.С.(52) за „Спречување на службено лице при вршење службено дејствие“ . Истражен судија  на тројцата им одреди мерка притвор во траење од 30 дена. На 26-ти овој месец околу 16 часот и 30 минути, Ј.П. со секира нападнал полициски службеник нанесувајќи му  расекотина во пределот на градите. Тоа го сторил откако претходно со Љ.К. физички го нападнале…

повеќе...

Нападнати и повредени двајца полициски службеници

На 26.10.2013 година во 16:30 часот во Охрид, на ул. „Даме Груев“ при преземање мерки по нарушен јавен ред и мир, биле нападнати двајца полициски службеници. Нападот го извршиле Ј.П.(36) и Љ.К.(35), двајцата од Охрид. Ј.П. со секира на едниот полициски службеник му нанел расекотина во пределот на градите додека Љ.К. му ја скинал униформата на другиот полициски службеник. При приведувањето на лицата истите биле спречувани од страна на Н.С.(52). Трите лица се приведени во Полициската Станица Охрид, по целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок. На полициските…

повеќе...

Големиот интерес за вработување во МВР резултат на растечкиот углед на полицијата меѓу граѓаните

„Денеска ве повикавме за да ја информираме јавноста за завршувањето на рокот за аплицирање на новиот конкурс за прием на 400 полициски службеници. Тоа што може да констатираме е дека се повтори огромниот интерес за вработување во полицијата и се потврдија истражувањата на ОБСЕ и меѓународните организации во кои изминативе години се регистрира континуиран раст на угледот на полицијата меѓу граѓаните. На наше огромно задоволство, дури 5491 кандидат се пријавија на последниот конкурс за прием на полициски службеници или имаме повеќе од 13 кандидати за секое предвидено место. Веруваме дека…

повеќе...

По објавениот оглас во СВР Охрид досега се пријавени над 180 кандидати за полицајци

Над 180 пријави досега се доставени до Секторот за внатрешни работи Охрид, по објавениот јавен оглас за избор на кандидати за полицајци. Пријавите ги прима посебно оформена комисија за избор на кандидати што ја разгледува целосната документација потребна за аплицирање и ја спроведува  натамошната постапка. Согласно јавниот оглас распишан од Министерството за внатрешни работи на Република Македонија, пријавите со потребната документација, во рок од десет дена, кандидатите се должни да ги поднесат лично во едно од десетте определени места за пријавување. Тие треба да исполнуваат општи и посебни услови. Министерството…

повеќе...