Македонија од државниот буџет ќе одвои по 100 илјади евра како дополнителна помош за Србија и Босна и Херцеговина, одлучи Владата на денешната седница. „Владата исто така одлучи сите средства коишто ќе бидат собрани врз основа на отворените телефонски линии за донација ќе бидат до денар процесионирани како хуманитарна помош за БиХ и за Република Србија, односно државата нема да го задржи ДДВ, туку тој ќе биде пренаменет како хуманитарна помош и ќе биде испратен во загрозените региони по завршувањето на целокупната акција којашто трае до 30-ти овој месец,“ изјави…
повеќе...Tag: помош
Помошта од Македонија за Србија и БиХ продолжува
Дирекцијата за заштита и спасување соопшти дека согласно Одлуката на Владата на Република Македонија за помош на Република Србија и Босна и Херцеговина заедно со Агенцијата за стокови резерви и Бирото за лекови презеде активности за нивно обезбедување и транспорт и таа е доставена до крајните дестинации. Во Република Србија испратени се 15 припадници од тимовите за спасување од поплави на ДЗС, два гумени чамца, 15 агрегати за струја, 23 пумпи со капацитет од 200-300 л/минута и две мултифункционални дизел пумпи со капацитет од 3.000 л/минута. Од Министерството за одбрана…
повеќе...Хуманитарна акција во ОУ „Христо Узунов“ за населението од поплавените подрачја во Србија и БиХ
Денес во ОУ „Христо Узунов“ беше организирана хуманитарна акција за населението од поплавените подрачја во Србија и Босна и Херцеговина. „Најмногу се донираа средства за лична хигиена, нерасиплива конзервирана храна, школски прибор, храна за деца, тестенини и големи количества на вода. Целта е да му се помогне на населението од овие подрачја, но и развивање на свеста за хуманост кај најмладата популација, за изградување во една здрава и хумана личност“. – изјави директорот на ОУ “Христо Узунов“, Тони Симоновски.
повеќе...Охрид собира помош за Србија и БиХ
Во организација на Општина Охрид, Црвен крст, претставници на бизнис заедницата и Јавните претпријатија, утре на 21 мај (среда), пред општинската зграда ќе биде отворен пункт за собирање помош за настраданите подрачја во поплавите во Србија и Босна и Херцеговина. Предвидено е во 12 часот и 30 минути, градоначалникот Никола Бакрачески, претставниците на бизнис заедницата и Јавните претпријатија, да ја предадат помошта на претставниците на Црвен крст, а на пунктот, кој ќе биде отворен од 9 до 16 часот, помош ќе можат да донираат и граѓаните на Охрид.
повеќе...Црвен крст Охрид апелира, на собирните пунктови да не се доставува облека
Црвен крст Охрид изразува голема благодарност до сите хумани луѓе кои учествуваа во хуманитарната акција за помош на населението во Србија и Босна и Херцеговина погодено од поплавите и АПЕЛИРА во натамошниот тек од акцијата, на собирните пунктови на Црвен крст Охрид, ДА НЕ СЕ ДОСТАВУВА ОБЛЕКА (ниту нова, ниту користена), бидејќи истата не се прима во собирните центри во Србија и БиХ, од причини што ја има во доволни количини. Од Црвениот крст Охрид, уште еднаш потсетуваат за производите кои во овој момент се најнеопходни за населението погодено од…
повеќе...Ротаракт клубот Охрид со донација за настраданите во Србија и БиХ
Ротаракт Клубот Охрид, како клуб на млади, следејќи ја состојбата и катастрофата што ја зафати Србија и Босна и Херцеговина, сочувствувајќи со сите свои пријатели и познаници, членови на Ротари и Ротаракт клубовите од овие земји и воопшто со сите тие луѓе кои ги затекна оваа елементарна непогода, почувствува силна потреба и должност, во рамките на своите можности да им излезе во пресрет и да ги поткрепи на граѓаните на овие земји кои можеби токму сега ја водат најтешката битка во нивните животи. За таа цел, Ротаракт Клубот Охрид, сакајќи…
повеќе...Македонските „Тигри“ ќе помагаат на терен во Србија
Со одлука на Владата на Р. Македонија, Министерството за внатрешни работи утринава испрати една чета составена од 15 припадници на Единицата за специјални задачи „Тигар“, обучени за спасување во вонредни околности. Освен нив, согласно владината одлука, на српските власти ќе им биде ставен на располагање и еден полициски хелихоптер МИ 17, како и персоналот од седуммина вработени во хелихоптерската единица кои го опслужуваат воздухопловот. Според предвидениот план, 24-те полициски службеници треба да слетаат на аеродромот во Белград, од каде што ќе бидат ставени на располагање на српскиот кризен штаб, а…
повеќе...Унијата на жени на ОК ВМРО-ДПМНЕ организира хуманитарна акција за помош на настраданите во поплавите во Србија и БиХ
Унијата на жени на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Охрид организра хуманитарна акција за помош на настраданите во поплавите во Србија и Босна и Херцеговина. Оттаму ги повикуваат сите хумани луѓе да донираат облека, ќебиња, средства за хигиена и конзервирана храна. Истите можат да достават во ОК на ВМРО-ДПМНЕ Охрид во деновите недела(18 мај), 19 (понеделник) и 20 мај(вторник) од 18 до 20 часот. „Унијата на жени на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Охрид ќе ја покаже својата хуманост, да им помогнеме на нашите пријатели!“- велат тие.
повеќе...Македонија понуди дополнителна помош на Србија, ќе испорачаме и струја
Македонија понуди на Србија транспортен хеликоптер МИ-17 опремен со екипаж со специјални единици кои го опслужуваат за да се помогне во насока на справување со поплавите, како и исппорачување електрична енергија. Македонија одлучи да додели и дополнителни квоти разни лекови пред се антибиотици и антипиретици, а со поголем број приватни компании се договараат пратки на вода кои би биле испратени во Србија или пак во Босна и Херцеговина кои деновиве ги зафатија поплави. Ова попладнево го изјави портпаролот на Владата на Република Македонија, Александар Ѓорѓиев кој рече дека уште…
повеќе...АРМ испрати помош за Србија и БиХ
Армијата на Република Македонија (АРМ) денеска испрати помош во подрачјата погодени со поплавите во Србија и Босна и Херцеговина, врз основа на одлука на Владата. Во Србија АРМ испрати обучен персонал со материјално-технички средства и опрема наменети за помош во вакви прилики. Кон Босна и Херцеговина од АРМ се испратени 3.000 ќебиња кои заедно со останатата хуманитарна помош од Македонија се на пат кон поплавените региони во оваа држава. Хуманитарниот контингент на АРМ е дел од контингентот на Република Македонија, со помош наменета за поплавените региони во Србија и Босна…
повеќе...