Пролетта е на прагот. Последните календарски денови од зимата знаат да бидат топли, но и студени. Најдобар знак дека пристигнува пролетта се птиците преселници, кои денес пред зајдисонце надлетаа над Охрид. Со оглед на тоа што вчера беше Летник, празник за кој се верува дека е поврзан со враќањето на птиците од јужните краишта, по се изгледа дека тоа навистина е така. WebOhrid
повеќе...Tag: птици
Воведена привремена забрана за лов на диви птици
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство согласно член 16 став 4 од Законот за ловството донесе ЗАБРАНА за ловење на дивеч – диви птици. Забраната е привремена и се однесува на цела територија на Република Македонија поради опасност од ширење на заразна болест авијарна инфлуенца – птичји грип. Забраната за ловење диви птици стапува на сила веднаш и ќе трае се до нејзино отповикување. Казните за непочитување на привремената забрана се од 1.500 до 3.000 евра во денарска противредност за физички лица, а за правните лица е 8.000 евра.
повеќе...Галеб улови крап
Повреден крап доплива кај старото пристаниште. Но, со оглед на тоа што нивото на вода на овој дел од Охридското Езеро е намалено, тој заврши како плен за галебите. И покрај тоа што крапот е релативно поголем, галебот храбро го колваше. WebOhrid
повеќе...Заврши проектот „Птиците и човекот“ кој се реализира во основните училишта во Охрид и Дебрца
Денес, по повод Светскиот ден на птиците преселници, симболично заврши проектот „Птиците и човекот” кој што со поддршка на Македонското еколошко друштво, Извидничкиот одред „Пионер“ го реализираше во изминатите 60-тина дена. Во проектот беа вклучени вкупно дванаесет основни училишта од кои десет во Општина Охрид и две во општина Дебрца. Учениците од второ и трето одделение се запознаа со феноменот на птиците преселници како и нивното значење за зачувување на животната средина. „Непосредното излагање на извидниците кај учениците побуди отворена комуникација каде што им беа аудио и визуелно претставени птиците преселници застапени…
повеќе...Сѐ што треба да знаете пред да купите Тигрица
Во Македонија најбарани и најодгледувани папагали се Тигриците (Melopsittacus undulatus). Пред да купите тигрица, или било каков папагал, треба да ги знаете одговорностите и да знаете како да одберете добра Тигрица. 1. Тигриците живеат долго Затоа треба да бидете сигурни дека сакате да чувате папагал. Со купување на Тигрица вие се обврзувате за миленик на долго време. Просечен животен век на една Тигрица е околу 10 години, но во многу случаи тие живеат и до 15 години. Во Гинисовите Светски Рекорди пријавен е Чарли кој доживеал 29 години. Се разбира,…
повеќе...Изложба на фотографии за биодиверзитетот на НП „Галичица“ и Охридското Езеро
Општина Охрид во соработка со Делегацијата на ЕУ, Националниот парк „Галичица“ и Нуркачки клуб „Амфора“ денес на малиот плоштад во Охрид организираa изложба на фотографии за биодиверзитетот на Национален парк „Галичица“ и Охридското Езеро, а по повод годинешната тема на Зелената недела на Европската Унија, „Природата- наше здравје, наше богатство“. Целта на овој настан е подобра промоција на биодиверзитетот на Охридското Езеро и планината Галичица, потребата од неговата заштита, развивање на чувството за одговорност кон природното богатство. Изложбата ќе биде отворена до 26-ти јуни (петок) од 10:00 до 20:00 часот.
повеќе...Изложба на украсни птици во Охрид
Во организација на Здружението за заштита и одгледување на украсни птици „Дијамантски петел“ денес во холандскиот парк во Охрид се одржа манифестацијата „Шарен цвет“. Изложбата на украсни птици се реализира по втор пат со тенденција да прерасне во традиционален настан. На случувањето, со свои уметнички креации учествуваа учениците од основните и средните училишта како и најмладите од детската градинка „Јасна Ристеска“. Целта на случувањето е да се пробуди интересот кај најмладите за украсните птици како и за останатите птици и животни. Манифестацијата е под покровителство на општина Охрид, а ќе трае во текот на целиот ден. WebOhrid
повеќе...Во Охрид ќе се одржи изложба на украсни птици
Под покровителство на општина Охрид, а во организација на Здружението за заштита и одгледување на украсни птици „Дијамантски петел„ во (четврток) 11-ти јуни, пред хотелот Милениум ќе се одржи манифестацијата „Шарен цвет“. Изложбата на украсни птици се реализира по втор пат со тенденција да прерасне во традиционален настан. На случувањето, со свои уметнички креации ќе учествуваат учениците од основните и средните училишта како и најмладите од детската градинка „Јасна Ристеска“. Целта на случувањето е да се пробуди интересот кај најмладите за украсните птици како и за останатите птици и животни. Манифестацијата ќе…
повеќе...Само Рајот може да има толку многу рајски птици
Пауните, често наречени рајски птици, претставуваат симбол на Св.Наум. Иако, според некои кажувања, пауните биле донесени на овој простор пред век и половина, тие изгледаат како отсекогаш да живееле овде, од самиот почеток, кога Бог го создал овој Рај. Ги има насекаде: во парковите, на дрвјата, на кровот од манастирот, а често и пред самата порта од овој храм, што претставува вистинска атракција за посетителите на ова свето место. WebOhrid
повеќе...Јато птици – атракција на небото над Охрид
Нели со доаѓањето на птиците доаѓаше и пролетта!? Навистина, некои птици (ластовичките) оваа година дојдоа заедно со пролетта, но некои дури сега пристигнуваат, како што многумина би рекле „си знаат тие кога да дојдат“. Сведоци сме на големи климатски промени кои се случуваат во природата, а тоа секако влијае и врз живиот свет. Можеби затоа последните години птиците го менуваат „редот на летање“, кој секоја година е различен. Ова јато птици вчера претставуваше вистинска атракција на небото над Охрид. Нашиот фото-објектив го регистрираше како го надлетува градот, менувајќи повеќе интересни…
повеќе...