Лино Червар го скрати списокот на 21 ракометар

Селекторот на Машката сениорска репрезентација на Македонија, Лино Червар, го објави списокот од 21 ракометар со кој ќе ги продолжи подготовките за настап на СП 2017 во Франција. По завршувањето на првата фаза од подготовките во Маврово, Червар ги избра ракометарите на кои ќе смета за втората фаза од подготовките во Скопје и пријателските натпревари против селекцијата на Босна и Херцеговина. Поради настапот на Младинците Филип Талевски, Мартин Велковски и Марко Нелоски на Квалификациите за СП во истиот период во кој сениорите ќе ги играат и пријателските средби против Босна…

повеќе...

МОК обезбеди 40 илјади долари за ракометната репрезентација

Македонскиот олимписки комитет за претстојното Светско првенство во ракомет во Франција (11-29 Јануари 2017 година), за потребите на машката ракометна репрезентација обезбеди финансиска помош во износ од 40,000 американски долари, средства наменети за подготовки и учество на нашите најдобри ракометари на овој најголем ракометен настан во 2017 година. Нашите најдобри ракометари играат во групата Б, заедно со репрезентациите на Тунис, Ангола, Словенија, Шпанија и Исланд. „Како и секогаш силно веруваме во квалитетите на нашите најдобри ракометари и дека тие на ова светско првенство ќе го прикажат своето најдобро.“ – стои…

повеќе...

Селекторот Червар го објави поширокиот список за подготовките за СП 2017

На денешната прес-конференција која се одржа во просториите на РФМ, селекторот на Македонската сениорска машка репрезентација, Лино Червар, ги објави имињата на 28-те ракометари кои ги повика на подготовки пред настапот на Светското Првенство во Франција. Список на повикани ракометари: Кирил Колев, Никола Митревски, Дејан Манасков, Гоце Ојлески, Давор Палевски, Гоце Георгиевски, Никола Костески, Стојанче Стоилов, Никола Марковски, Жарко Пешевски, Велко Марковски, Кирил Лазаров, Филип Лазаров, Филип Талески, Марко Нелоски, Стефан Дрогришки, Ристо Арнаудовски, Влатко Митков, Мартин Манасков, Филип Миркуловски, Ласко Андоновски, Мартин Поповски, Мартин Велковски, Горан Крстевски, Благојче Трајковски,…

повеќе...

РК Охрид вечерва игра против РК Еурофарм Работник

Вечерва со почеток во 19:30 часот, РК Охрид на домашен терен во Спортската сала „Билјанини Извори“ во Охрид, ќе го пречека тимот на Еурофарм Работник во рамките од 11 коло од македонската ракометна Супер лига. „Денес не очекува тежок натпревар со Еурофарм Работник, тоа е единствената екипа која го има совладано Охрид годинава. Изгубивме со 1 гол разлика во Битола, иако водевме цел натпревар. Успеаа еднаш да поведат и да го добијат натпреварот. Се надевам дека денеска нема да е така. Имаат една искусна екипа, но ние со помош на охридската публика,…

повеќе...

44-ти Меѓународен ракометен турнир – Струга 2016

Агенцијата за млади и спорт продолжува со активностите во насока на промоција на македонскиот спорт на меѓународен план. Со одржувањето на 44-от меѓународен турнир во ракомет “Струга 2016”, во периодот од 17 до 20 август оваа година, градот Струга ќе биде повторно во центарот на вниманието на ракометна Европа, а сотоа Република Македонија уште еднаш ќе се најде на светската ракометна карта. По тој повод денес, во просториите на Агенцијата за млади и спорт се одржа прес конференција, на која покрај директорот Марјан Спасески свое обраќање имаа претставници од организациониот…

повеќе...

РФМ ја исплати премијата од 30.000 евра за пласманот на СП Франција 2017

По претходно донесена одлука на Управниот Одбор, денес Ракометната Федерација на Македонија ја исплати премијата од 30.000 евра на машката сениорска репрезентација, за пласманот на Светското Првенство во Франција 2017. Македонија обезбеди „виза“ за Франција откако ја совлада репрезентацијата на Чешка во квалификацискиот двомеч. Ова е петти обезбеден пласман на македонските машки сениори на Светските Првенства. Македонија претходно настапуваше на СП во Египет (1999), Хрватска (2009), Шпанија (2013) и Катар (2015). На СП Франција 2017, Македонија ќе се натпреварува во групата Б, против Шпанија, Словенија, Исланд, Тунис и Ангола.

повеќе...

Двократниот шампион и евролигаш во ракомет од Украина допатува во Охрид

Спортскиот центар „ Билјанини Извори “ со својата инфраструктура и оваа година е еден од најинтересните центри за одржување на припреми за спортските клубови од регионов а и пошироко. Доказ за тоа се припремите на професионалните клубови кои се натпреваруваат во највисок ранг. Од денеска 12.07.2016 година на терените на припреми допатува ракометниот двократен првак и учесник во лигата на шампиони на Украина во ракомет екипата на Мотор Запорожје.Тренерот на екипата Степанетс Николај после првиот одржан тренинг на екипата на атлетската патека на стадионот е многу задоволен од условите и…

повеќе...

Првите луѓе на РФМ во посета на кампот „Кирил Лазаров 7“

Во текот на денешниот ден претстедателот и генералниот секретар на РФМ, Живко Мукаетов и Филип Милошевски, беа во посета на вториот ракометен камп „Кирил Лазаров 7″ каде што на лице место имаа можност да се запознаат со она што е реализирано на кампот на најдобриот македонски спортист, Кирил Лазаров. Раководните лица на најуспешната спортска федерација изразија задоволство од начинот на кој се развива самиот проект, од зголемениот број на учесници и условите кои од година во година се се подобри. Мукаетов го потенцираше учеството на многу наши тренери, сегашни и…

повеќе...

Извлечени групите за СП 2017 во ракомет

Денеска на свечена церемонија Париз, извлечени беа групите за Светското Првенство што ќе се игра во Франција во јануари 2017 година. Репрезентацијата на Македонија се најде во Групата Ц заедно со селекциите на Шпанија, Словенија, Исланд, Тунис и Ангола. Најдобропласираните четири репрезентации од секоја група ќе го продолжат натпреварувањето. Еве го изгледот на сите групи: Група А: Франција, Полска, Русија, Бразил, Јапонија, Норвешка Група Б: Шпанија, Словенија, Македонија, Исланд, Тунис, Ангола Група Ц: Германија, Хрватска, Белорусија, Унгарија, Чиле, Саудиска Арабија Група Д: Катар, Данска, Шведска, Египет, Бахреин, Аргентина Дополнително ќе…

повеќе...

Кирил Лазаров: Треба да се верува во она што се сака и соновите ќе се остварат

Македонската ракометна репрезентација успеа повторно да се пласира на Светско првенство. Градот Охрид, поточно хотелот „Аквалина“ деновиве е домаќин на вториот ракометен камп „Кирил Лазаров 7“. WebOhrid го интервјуираше најдобриот македонски ракометар и актуелен капитен на македонската репрезентација, Кирил Лазаров. WebOhrid: Кирил, најпрво честитки за пласманот на нашата репрезентација на Светското првенство во ракомет 2017 кое ќе се игра во Франција. Дали Македонија ќе има сили да се прикаже на достојно ниво на претстојното Светско првенство? Лазаров: Мислам дека ова е многу важен момент општо за македонскиот спорт и посебно за македонскиот ракомет,…

повеќе...