Акција за чистење на Градска плажа и сливот на реката Грашница

Денес екипите на ЈП „Охридски Комуналец“ го расчистуваа сливот на реката Грашница и истоимената плажа на потегот од „Хотел Мизо” до калето. „Подигнати беа околу 30тина неразградлив комунален отпад кој беше донесен од количината на самата вода во речното корито и исто беа собрани големи количини на трска. Целиот отпад и трска беа подигнати од страна на службите на ЈП „Охридски Комуналец.“– велат од претпријатието. Со вакви и слични акции ЈП „Охридски Комуналец“ ќе продолжи и во наредните денови, се со цел подигнување на еколошката свест кај населението. „Овие акции…

повеќе...

Се санираат оштетувањата од реката Даљан

По налог на градоначалникот Никола Бакрачески, а веднаш по алармирањето за настанати оштетувања, општина Охрид започнува со санирање на штетите што ги направи реката Даљан, на потегот од патот кој води до истоимениот хотел и Извидничкиот центар. Оштетувањата настанаа од поплавите поради проширувањето на коритото на реката. Денеска на финален увид на просторот каде има оштетувања беа секретарот на општина Охрид, Димитар Спасески и претставници на стручните служби кои периодов ќе работат на санација на проблемот. Секретарот Спасески информира дека веднаш по дојавата за настанатиот проблем, а на барање на…

повеќе...

СДСМ Дебрца: Кој одобри да се копа по заштитниот насип од каналот на река Сатеска?

Општинската организација на СДСМ Дебрца испрати соопштение до медиумите во кое стои: „Според Проектот за изградба на фекалната канализација која треба да го поврзе селото Мешеишта со Колекторскиот систем за заштита на Охридското езеро, која е во тек и кој се финансира со средствата од заемот од Светска банка трасата на канализационата мрежа требаше да поминува во самото подножје на заштитниот насип од регулираниот канал на реката Сатеска. Од приклучокот во колекторот се до пред селото Требеништа се копаше според проектот, во подножјето на насипот, а во понатамошната делница од…

повеќе...

Стружанец со автомобил влетал во Црн Дрим и се удавил

Едно лице го загуби животот во сообраќајната незгода што вчера во 17 часот и 10 минути се случи на кеј „8 ноември“ во Струга во близина на реката Црн Дрим. На лице место починал Невзат М. (48) од Струга. Незгодата се случила во момент кога сега починатиот, управувајќи моторно возило марка „Даеву Нексија“ со струшки регистарски таблици, на кејот започнал да го придвижува возилото наназад. Притоа, се приближил до реката по што возилото излетало и паднало во водите на Црн Дрим. Поради брзината на водата во реката, возилото веднаш било…

повеќе...

Започна уредувањето и реконструкцијата на коритото на реката „Грашница“

Започнаа градежните активности за реконструкција и уредување на коритото од каналот на река „Грашница“ јужно од булеварот „Туристичка“ покрај улицата „Аџи Мустафа“. Со ова општина Охрид решава долгодецениски проблем на жителите од овој дел на Охрид а којшто беше причина за чести излевања на водата и поплавувања при невреме проследено со обилни врнежи од дожд. Градоначалникот Никола Бакрачески кој денеска беше на увид изрази надеж дека градежните активности ќе се одвиваат според договорената динамика и според критериумите предвидени во тендерската документација. „На ова место претходно беше изработена проектна документација, објавен…

повеќе...

Се расчистува коритото на реката Сушица

Со акцијата за расчистување на реките во охридскиот крај се опфати и река Сушица. Екипите на „Паркови и зеленило“ при ЈП „Охридски Комуналец“ го расчистуваа речното корито на Сушица по нејзиното течение по ул.„15-ти Корпус“, „Кленоец“ и „Прилепска“. „Како би се обезбедил непречен проток на речните води во есенскиов период, се отстранува жбунестата вегетација и натрупаниот градежен шут од речното корито, а околниот простор се коси.“– велат од претпријатието.

повеќе...

Продолжува расчистувањето на реката Грашница

Екипите на „Јавна хигиена“ го расчистуваат речното корито на реката Грашница по нејзиното течение на потегот од булеварот „Туристичка“ до улицата „Гоце Делчев“. Оваа акција е продолжение на минатонеделната акција кога машински се расчистуваше речното корито на Грашница во месноста Лескајца, а сега поради тешка пристапност на специјалната механизација, овој потег се расчистува рачно. Речното корито на овој дел од течението има бетонска подлога и се расчистува од тревната и џбунестата вегетација, како и наносите од земја, песок и расфрлан комунален отпад.

повеќе...

Се гради пешачки мост на реката Грашница

Градежна екипа на ЈП „Градски гробишта” отпочна со изградба на дрвен пешачки мост во населбата „Далјан“ кај месноста викана „Грашница“. Мостот се наоѓа на самото место на сливот на реката Грашница во Охридското Езеро. Со изградбата на овој дрвен пешачки мост ќе се овозможи безбедно и непрекинато движење на пешаците на овој дел од брегот на Охридското Езеро.

повеќе...

Пронајдени садници марихуана во атарот на Мислешево

Насад со засадени седумнаесет садници марихуана, деновиве пронајде криминалистичката полиција од полициската станица во Струга. Посевите со марихуана, се засадени на помала земјоделска површина во атарот на струшкото село Мислешево на место со бујна вегетација во близина на реката Сатеска. Засега непознат сторител, од почетокот на годинава, на земјоделската површина ги засадил и одгледувал садниците со марихуана кои, по оперативен пат се лоцирани од страна на полициските инспектори. За пронајдениот насад со марихуана, запознат е јавниот обвинител од Основниот суд во Струга по што насадите се подигнати од местото и…

повеќе...

Градоначалникот Бакрачески и министерот Мисајловски на увид кај реките Сатеска и Рибница

Градоначалникот на Охрид Никола Бакрачески, министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски и заменик министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Ванчо Костадиноски, со претставници од Дирекцијата за заштита и спасување, денеска беа на терен кај Технолошко Индустриската развојна зона- Струга. Целта на посетата беше да се констатира во каква состојба се коритата на реките Рибница и Сатеска при што беше заклучено дека неопходно е чистење и пробивање на речните канали со цел да не се повторат поплавите кои на опфатот ТИРЗ –Струга беа карактеристични пред неколку месеци. На средбата беа…

повеќе...