Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот од 4-ти до 7-пми декември 2014 година ја промовираше Македонија и македонскиот туристички производ на интернационалниот саем за туризам Tavel Turkey, Izmir 2014. Саемот за туризам Travel Turkey, Izmir оваа година беше домаќин на околу 900 изложувачи од 34 различни земји и 30 000 посетители. Македонија успешно беше претставена како сериозен учесник во овој втор по важност саем во Турција. Посетителите покажаа голем интерес за туризмот во Македонија, посебно за културата и историјата на нашата земја. Беа остварени бизнис средби со поголеми тур…
повеќе...Tag: саем
Ѓорѓиев: Саемите за вработување ја погодија целта, вработени околу 160 лица
Над 70 компании од различни дејности в четврток ќе ги претстават профилите на потребниот работен кадар на Саем за вработување во Битола. Саемот, што ќе се одржи во Битолскиот театар од 11 до 14 часот, е продолжение на активностите на Агенцијата за вработување за организирање средби на работодавачите и лицата кои бараат вработување. Досега се одржаа саеми во Скопје, Штип, Неготино, Струмица и Охрид. По Битола се планира организирање саем за вработување и во Куманово до крајот на годината. „На организиран начин ќе дојде до средба на работодавачите кои имаат…
повеќе...Охрид домаќин на четвртиот саем за вработување
Заменик градоначалникот на Охрид, Ангел Јанев денес го прогласи за отворен четвртиот Саем за Вработување што е во организација на Агенцијата за вработување на Р. Македонија а се одржува во ЈП “Билјанини извори“. Заменик градоначалникот Јанев, осврнувајќи се на големата важност од навремено информирање при наоѓање работа истакна дека саемот е добра можност да се осознаат сите можности за вработување. „Како општина ја поздравуваме оваа манифестација преку која голем бој охриѓани осознаваат дека можности за вработувања во Охрид има. Во име на градоначалникот на општина Охрид ветувам дека доколку има…
повеќе...Градоначалникот Бакрачески во Прага ќе ги презентира убавините на Охрид
Градоначалникот на Општина Охрид, Никола Бакрачески, заедно со тим од секторот за ТЛЕР во понеделник во Прага ќе одржи презентација на туристичката понуда на Охрид пред сите позначајни туроператори од Чешката Република, како и пред новинари од најзначајните специјализирани списанија и магазини за туризам и останати медиуми. Ова е продолжение на промоцијата на Охрид како туристичка дестинација, после презентациајта на градот во Стразбур во Советот на Европа и според организацијата и големината на настанот, претставува најзначен настан што било кога во историјата Општина Охрид сама го организирала и реализирала. На…
повеќе...Македонскиот туристички производ ќе биде претставен на интернационалниот саем за туризам World Trave
Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот од 3-ти до 6-ти Ноември, 2014 година ќе ја промовира Македонија и македонскиот туристички производ на интернационалниот саем за туризам World Travel Market во Лондон, Англија 2014. На овој саем за првпат ќе учествува и Република Македонија во организација на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот со што на мапата на светот ќе се претстави како привлечна дестинација за Англиските туристи. Уште една причина повеќе за зголемување на бројот на туристи од Англија е и дирекната линија на Wizz Air, Скопје-Лондон (Luton).…
повеќе...Прв саем за проектот „Купи куќа, купи стан“
Прв саем посветен на проектот „Купи куќа, купи стан“ ќе се одржи од 24-ти до 28-ми овој месец во Скопје сити мол. Граѓаните на едно место ќе можат да ги добијат сите потребни информации и да ги остварат сите контакти за проектот кој, како што наведуваат од Министерството за финансии, дава и до 14.000 евра неповратни средства за купување нов дом. Министерството за финансии, банките и градежните компании ќе ги запознаат граѓаните со условите на „Купи куќа, купи стан“ и понудата на станови и куќи на пазарот на недвижности. Граѓаните…
повеќе...Македонија на саем за туризам во Римини, Италија
Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот од 09ти до 11ти октомври, 2014 година ја промовираше Македонија на интернационалниот саем за туризам TTG Incontri во Римини, Италија 2014 година. Интернационалната туристичка манифестација TTG Incontri е единствената што се одржува на просторите на Италија и која е целосно посветена на B2B бизнис состаноци, фокусирана е на вмрежување на понудата и побарувачката. За интернационалните учесници TTG Incontri е единствената место каде може успешно да се пристапи кон италјанскиот пазар на туризам. Годинава повторно беше форум за презентација на повеќеод 60 земји со…
повеќе...Отворен првиот саем за вработување
Вицепремиерот за економски прашања, Владимир Пешевски, министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов, директорот на Агенцијата за вработување на Република Македонија, Влатко Поповски, денес го отворија првиот Саем за вработување на кој учествуваат 86 компании од сите сектори и дејности, а меѓу нив се и дел од странските вложувачи што дојдоа да инвестираат во Македонија. Според организаторите, правници, економисти, ИТ и електроинженери, се најбараните струки. „Саемот е само сегмент од владината програма за намалување на невработеноста која даде евидентни резултати. Ваквите настани во содејство со останатите политики на Владата…
повеќе...Македонската литература претставена на саемот за книга во Франкфурт
Под слоганот „Куќа на зборови – куќа на светови” македонското книжевно творештво од 8-12 октомври беше претставено на најголемиот саем за книгата во Франкфурт, на кој на илјадници квадратни метри се претставуваат издавачи и земји од целиот свет … Автентичниот дизајн на штандот посебно одбраните дела на 18 македонски автори, како и можноста посетителите лично да се запонаат со нив, привлече голема публика. Осумнаесетте автори беа распоредени по шест во три сегменти, секој со различна тема и поврзан со познати мотиви од културното наследство. На штандот беше претставена и современата…
повеќе...Македонскиот туристички производ претставен на интернационалниот саем за туризам JATA во Токио, Јапонија
Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот од 25-ти до 28-ми Септември, 2014 година ја промовираше Македонија на интернационалниот саем за туризам JATA во Токио, Јапонија 2014 година. На овој саем втора година по ред учествува и Република Македонија во организација на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот со што на мапата на светот се претстави како привлечна и сеуште неоткриена дестинација за Јапонските туристи. АППТ организираше и изложба на фотографии од Македонија направени од познатиот јапонски фотограф Tatsuki Hironiko. Со оваа изложба успеавме да привлечеме голем број на…
повеќе...