Заев: Се обврзувам на договор со работниците!

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, при денешната посета на Штип, во изјава за медиумите истакна: Почитувани, Денеска сум овде да склучиме договор и склучивме договор со текстилните работнички, со работниците ширум цела Македонија, посебно во Штип заради тоа што овој град претставува симбол на работниците од секогаш како и денеска. За жал достоинството на нашиот работник е уништено. 9.5000 денари е минималната плата. Има плати по 6.000, по 7.000, по 8.000, по 9.000 денари. Ние се договоривме! Во првите четири месеци минималната плата ќе ја покачиме на 12.000 денари! Тоа…

повеќе...

Шекеринска: Институциите да работат во служба на граѓаните!

Заменик претседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска, денес одржа прес-конфернција, на која истакна: „Македонија мора да им овозможи на своите граѓани квалитетни, ефикасни и достапни јавни услуги. Тоа е суштината на секоја добро организирана држава. Граѓаните се жалат дека многу тешко ги завршуваат своите обврски низ државните институции, дека тешко доаѓаат до информации, дека е мал борјот на шалтери, дека мора да излезеш од работа за да си ја завршиш обврската, а дека трошоците постојано растат. Затоа имаме план тоа да се промени, имаме план секоја институција во која граѓаните ги остваруваат…

повеќе...

Танасоски: Неправилности и несериозност во раководењето со Детската Градинка „Јасна Ристеска“

Четири години по ред укажуваме за неправилностите и несериозноста во раководењето со Детската Градинка „Јасна Ристеска“. Најстрашно е што самоволието во управувањето и раководењето на оваа јавна установа е на штета на родителите, воспитнообразовниот процес, а најмногу на децата.“– рече на денешната прес -конференција Ѓоко Танасоски, член на Извршниот Одбор на СДСМ и додаде: „Реконструкцијата на централниот објект од градинката, за којашто неколку пати досега алармиравме и баравме извештај, а којашто пред неколку месеци требаше да биде готова, се уште не е завршена.Со месеци децата од оваа градинка се преместувани во други…

повеќе...

Спасовски: Вие граѓаните ќе бидете контролори на Буџетот!

Генералниот секретар на СДСМ, Оливер Спасовски, денес при посетата на Охрид, во изјава за медиумите истакна: „Почитувани граѓани, Секој буџетски денар мора да биде на ваш увид и тоа многу брзо ќе се случи. Времето на неодговорни политичари завршува. Ќе овозможиме на сите граѓани да имаат редовни и точни информации во кои проекти се вложуваат вашите пари што се слеваат во Буџетот на Република Македонија. Сите државни институции ќе имаат обврска да објавуваат детални месечни извештаи за сите исплатени пари од Буџетот. Исто така, ќе се објавуваат и обврските коишто не…

повеќе...

Манчевски: Скопје 2014 изеде 4446 градинки, Груевски излажа, пари во Буџетот за нови нема!

Потпретседателот на СДСМ, Дамјан Манчевски денес одржа прес-конференција на која истакна: „Во предлог буџетот за 2017 година никаде ги нема 140-те детски градинки кои обвинетиот Груевски вети дека ќе ги изгради за три и пол години, во вредност од 25 милиони евра. Во предлог-Буџетот за 2017 година, за изградба, опремување и одржување на градинки, за следните три години има само еден милион двеста и деведесет илјади евра. Со други зборови, Никола Груевски повторно лаже. Почитувaни граѓани, Обвинетиот Груевски не може ниту да ветува, ниту да реализира проекти од интерес на граѓаните.…

повеќе...

СДСМ: Наместо за луксуз, парите да се трошат за решавање на проблемите

ОО на СДСМ Охрид испрати соопштение до медиумите во кое стои: „Недоправената училишна зграда на ОУ Григор Прличев во Охрид претставува реална закана кон безбедноста и здравјето на учениците. Поради неодговорното работење на локалната власт, зградата на училиштето е нецелосно покриена и дел од училниците прокапуваат. Недозовливо е нашите деца да учат во мувлосани и влажни простории. Наместо да се зафати со решавање на овој проблем, локалната власт предводена од верниот послушник на Никола Груевски, Никола Бакрачески, преку своите советници во Општината троши пари за експропријација на земјиште во приватна…

повеќе...

СДСМ Дебрца: Каде се осумте мини винарии во Мешеишта ?

ОО на СДСМ Дебрца денес испрати соопштение до медиумите, во кое се вели: Во изборната програма на ВМРО ДПМНЕ за парламентарните избори во 2008 година, позната како “Преродба во 100 чекори-надоградена и проширена “, во рамките на проектот “100 мини винарии” беше ветена изградба на осум мини винарии во Мешеишта. За таа цел, претходната локална власт донесе и Урбанистички план за местноста “Лабинци”, каде што требаше да бидат изградени винариите. Ако ја погледнете веста објавена на ден 20.12.2012 година на официјалната веб страница на Владата на РМ, http://vlada.mk/node/5391, ќе ја…

повеќе...

Заев: Граѓаните покажаа, гласот победува!

Обраќање во чест на 11 октомври Зоран Заев, претседател на СДСМ Граѓански марш “Борбата продолжува, гласот победува“ Скопје, 11.10.2016 Граѓаните покажаа, гласот победува! За правичен живот на Љулета, на Сања, на Ирена во Македонија За достоинствен живот на Васко во Македонија За успешен живот на Ивана во Македонија За спокоен живот на Ѓорги во Македонија За живот на сите нас За живот на сите нас, живот во Македонија, живот во нашата заедничка Македонија Низ овој масовен граѓански марш: -Младински марш -Марш на зрелоста -Maрш на иднината Кажавме, покажавме: Да, ние…

повеќе...

Заев во Виена: Ова е битка на визија и вредности

Претседаелот на СДСМ, Зоран Заев во познатиот европски институт, Форумот за меѓународен дијалог Бруно Крајски во Виена, синоќа, одржа предавање на тема “Македонија на крстосница“, на коешто присуствуваа над 120 истакнати личности, политичари, дипломати, меѓу кои и германскиот посредник за политичката криза во Македонија, Јоханес Хајндл. „Одбележуваме 75-годишнина од македонската антифашистичка борба. Сојузници во Втората светска војна билеи лево оринетирани и десно ориентирани, демократи и либерали и комунисти и сите зааедно здружени го победиле фашистичкото зло во светот и Европа. Денес после 75 години, ние повторно сме исправени пред освојување…

повеќе...