Шекеринска: Нашата цел е младите родени тука, да останат да живеат и работат тука

Заменик претседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска, денеска учествуваше во дебата со младите од Неготино, заедно со претседателот на СДММ и пратеник, Стефан Богоев. Проблемите на младите се исти како на младите од цела Македонија, голема невработеност, срушено образование, лоши услови за студирање… Зборувајќи за мерките од Програмата на СДСМ Шекеринска рече дека целите на економската политика на партијата се насочени кон отворање нови работни места, со достоинствени плати, за младите да ја градат иднината во сопствената држава. „Цел број еден на нашата програма е како Македонија да ја направиме подобро…

повеќе...

Заев: Струмица ја продолжува вековната традиција на струмичкиот карневал

Претседателот на СДСМ и градоначалник на Струмица, Зоран Заев во изјава за медиумите истакна: „Струмица ја продолжува вековната традиција, секако и 25 години организирана форма на струмичкиот карневал. Синоќа со концертот организиран од основното музичко училиште “Боро Џони” и уметничката галерија, односно претставувањето на сликите од минатогодишниот карневал, започнаа карневалските манифестации. Вечерва е познатиот стримички маскембал, каде што цела Македонија преку вас медиумите, ќе може да ги види прекрасните креации на струмичани, кои со многу труд, многу љубов, ја негуваат традицијата којашто потекнува од нашите поколенија. Секако тримерските обичаи се…

повеќе...

Скандал во Советот на општина Дебрца – донесена одлука за задолжување на општината без потребното мнозинство

Советничката група на СДСМ Дебрца при Советот на општина Дебрца, испрати соопштение до медиумите во кое стои: „На вчерашната 38-ма седница на Советот на општина Дебрца се случи скандалозно постапување на советниците од ВМРО ДПМНЕ, односно скандалозно непознавање и непочитување на одредбите од Законот за локалната самоуправа, Статутот на општина Дебрца и Деловникот на советот на општина Дебрца кои се однесуваат на потребниот број на присутни советници за да може советот да работи и полноважно да одлучува. Имено, на самата седница, на која присуствуваа 9 од 11-те советници, на предлог…

повеќе...

Пријавете нерегуларности во избирачкиот список

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија ги охрабрува граѓаните да продолжат да го проверуваат избирачкиот список и да го искористат законското право да пријават неправилности до Државната изборна комисија. СДСМ се става на располагање на сите граѓани за што отвори и посебен телефонски број за пријавуање на нерегуларностите во избирачкиот список. Од денеска граѓаните ќе можат да пријават нерегуларности во избирачкиот список на директниот телефонски број: 02/ 3293-109. Потоа правниот тим на СДСМ ќе ги проследи овие пријави во соодветна законска форма до Државната изборна комисија. Во Македонија мора да има и…

повеќе...

Шекеринска: Добивме силна поддршка од германските социјалдемократи

Заменик претседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска, денес во изјава за медиумите истакна: „Навистина ми е задоволство денеска заедно со претставникот на пратеничката група на СПД во германскиот Бундестаг, да зборуваме за македонската иднина во Европската Унија и нашите политики како Македонија да се врати на мапата на Европа. Овие 10 години, се загубени години за нашата европска перпектива и за нашето членство во ЕУ. Меѓутоа тоа време е зад нас, имаме политика, имаме план, имаме јасна програма, како Македонија повторно да ја вратиме на европската мапа. И како Македонија да не…

повеќе...

Честитка на претседателот на СДСМ Заев за 8 март: Се борите за Македонија

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, упатува Честитка до сите на сите жени во Република Македонија во чест на 8 март, меѓународниот ден на жената: „Почитувани, Во име на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија и во мое име ви го честитам 8 март, меѓународниот ден на жената на сите вас: мајки, сопруги, работнички, земјоделки, административки, професорки, новинарки, лекарки, правнички, невработени и вработени жени. 8 март е меѓународен ден на храбрите и одлучните жени кои ја започнале битката за правда. ТАА битка вие храбрите и одлучни жени ја водите и во нашата земја.…

повеќе...

Шекеринска: Хаосот со избирачкиот список да се расчисти, одговорност мора да има

Заменик претседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска,  денес во изјава за медиумите истакна: „Почитувани граѓани, Денеска сме во посета на Делчево, заедно со уште некои колеги и колешки, за да разговараме со граѓаните за проблемите кои ги мачат ама и за решенијата кои заедно ги испишавме во текот на минатата година. Овие денови нај актуелна тема помеѓу сите граѓани на Република Македонија, се разбира дека е хаосот коишто стана видлив, а владее веќе со години по ред со избирачкиот список. Овој хаос во избирачкиот список, огромниот број на умрени и фантомски гласачи…

повеќе...

Заев: Ти си таа промена, заедно за Македонија!

По повод меѓународниот ден на жената, 8-ми март, Форумот на жени на СДСМ денес во Охрид организира традиционален Осмомартовски марш под мотото „Ти си ТАА промена – Заедно за Македонија!“. Маршот започна од спортскиот центар „Билјанини извори“, а продолжи по булеварот Туристичка, низ Чаршија и  заврши на плоштадот „Св.Климент Охридски“ во Охрид. По завршување на маршот, свои обраќања имаа Координаторката на Форумот на жени на СДСМ, Цветанка Ласкова, Генералниот секретар на СДСМ, Оливер Спасовски,  заменик претседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска и Претседателот на СДСМ, Зоран Заев. Координаторката на форумот на жени на СДСМ, Цветанка Ласкова, ги повика жените,…

повеќе...

Средба Заев – Хојт Брајан Ји

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, денеска се сретна со Хојт Брајан Ји, заменик помошникот на државниот секретар на американскиот Стејт Департмент задолжен за Европа и Евроазија. На средбата се зборуваше за актуелната политичка состојба во Република Македонија, за имплементацијата на договорот од Пржино и обезбедувањето услови за слободни, фер и демократски избори. Претседателот Заев ги пренесе очекувањата дека Државната изборна комисија ќе ги зголеми напорите за навремено и квалитетно прочистување на избирачкиот список, согласно законските рокови, за да се обезбеди кредибилен список. „Реформите во медиумите се еден од клучните услови,…

повеќе...

СДСМ Дебрца: Пешачката патека на Охридското Езеро се гради без да се почитува регулативата за заштита на природното наследство

Општинската организација на СДСМ Дебрца испрати соопштение до медиумите во кое стои: „Во врска со градежните активности на општина Дебрца и Министерството за транспорт и врски за изградба на пешачката патека покрај Охридското Езеро, во КО-Оровник, чувствуваме за потреба уште еднаш да ги запознаеме граѓаните на Дебрца и пошироката јавност за следното: Поаѓајќи од фактот дека Охридското Езеро е со закон заштитен споменик на природата, прогласено за светско природно наследство и ставено под заштита на УНЕСКО, при преземањето на градежни и слични работи во езерото и на крајбрежјето, а во…

повеќе...