Стојаноски: Предвидуваме доизградба и санација на колекторскиот систем

Статусот на град заштитен од УНЕСКО не е само привилегија. Тоа е и обврска за нас и идните поколенија максимално да се грижиме за нашето природно богатство. Прва и најважна задача е да го сочуваме Охридското Езеро од неговите најголеми загадувачи. Токму затоа предвидуваме доизградба и санација на колекторскиот систем. За таа цел добиваме и отворена и сигурна поддршка од Владата на Република Македонија која веќе засилено бара партнери кои би го реконструирале стариот колектор и истовремено би го заштитиле од загадување засега најчистиот и најживописен крајбрежен дел. Со санација…

повеќе...

СДСМ: Плоштадот кај Чинарот не се вика „Крушевска Република“, туку во 1993 година е преименуван во плоштад „Чинар“

ОО СДСМ Охрид испрати соопштение до медиумите во кое стои: „Охридската јавност е добро запознаена со манипулациите на ВМРО-ДПМНЕ. Покрај многуте ветени, а неостварени проекти во изминативе години можеме само да им сугерираме, кога ветуваат барем нека покажат елементарно познавање на работите. Плоштадот кај Чинарот не се вика плоштад „Крушевска Република“. Имено, плоштадот во 1993 година со одлука на Советот на општина Охрид е преименуван во плоштад „Чинар“. ( Службен гласник на општина Охрид бр. 6 од 1993 година). Доколку бевте сериозни во намерите да ги остварите ваквите проекти, ќе…

повеќе...

СДСМ: Граѓаните на Дебрца на 15 Октомври јасно и гласно ќе му кажат збогум на Трајкоски

„Искрено жалам што Трајкоски и неговите советници од ден на ден се повеќе пропаѓаат во живиот песок и кал, што самите ги направија од Дебрца. И притоа забораваат дека колку што повеќе мрдаш во живиот песок толку повеќе тонеш. Воопшто немам намера да се занимавам со нивните небулози и од други напишани соопштенија, во кои и самите не веруваат. Граѓаните добро знаат кој е Ногачески, ама и кои се “делата” на Трајкоски. Граѓаните знаат кој во изминативе четири години им ја зеде и зароби општината, потроши народни пари за промашени…

повеќе...

Николески: Носиме живот за сите, создаваме образование за сите

Охрид е град на светоста, град на просветата, град на науката. Во тој дух, наша најзначајна мисија е да го вратиме достоинството во образованието, да создадеме услови за соодветна професионална наобразба на наставниот кадар. Посветени сме на создавање на адекватна инфраструктура, ги обновуваме училниците и тоалетите. Предвидуваме изградба на четири нови спортски сали во рамки на основните училишта „Ванчо Николески“ во Лескоец, „Кочо Рацин“, „Братство Единство“ како и средното угостителско училиште „Ванчо Питошески“. Ова денес го најави кандидатот за советник од редовите на СДСМ Охрид, Ристо Николески. „Работиме на создавање…

повеќе...

СДСМ Дебрца: Трајкоски да каже зошто потроши 32.000 евра, а Требеништа го остави без вода за пиење

ОО СДСМ Дебрца испрати соопштение до медиумите во кое стои: „Трајкоски многу милува да се фали дека ”реализирал” многу проекти и тавтолошки да ги набројува и повторува, ама не кажува кој бенефит имаат граѓаните од неговите проекти и колку истите ги плати со парите на граѓаните. Ем што правеше неприоритетни проекти, туку истите ги преплати и натплати. Ама не од неговиот џеб, туку со народни пари. Во оваа прилика граѓаните ги потсетуваме за Проектот за зафаќање на дополнителни количини на вода за пиење од новиот извор во село Требеништа, во…

повеќе...

Тунтев: Планираме гасификација на Охрид

Домашниот буџет на секој охриѓанец е оптоварен со големи трошоци за електрична енергија за загревање на своите домови. Ние ќе ставиме крај на тоа бидејќи планираме гасификација на Охрид, рече на денешната прес-конференција пратеникот од СДСМ, Томислав Тунтев. „Со гасификацијата на Охрид, придонесуваме за намалување на огромните сметки за електрична енергија, со што секој граѓанин заштедува значителни средства во семејниот буџет. За здрава животна околина, пониски трошоци и економски развој на општината ќе донесеме гас до секое училиште, амбуланта, детска градинка, институција, до фирмите и до секое домаќинство во Охрид.…

повеќе...

ВМРО-ДПМНЕ: СДС Охрид поради поразот на изборите е загубена во простор, време и текст

Во врска со соопштението од СДСМ Охрид, реакција испрати ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид, во која стои: „Почитувани, Дефинитивно СДС веќе докажува дека го загубила правецот и не знае каде се движи и што зборува. Класично неразбирање на содржина на текст, без никаква интелигенција што и не е за чудење. Да се реагира на веќе реализирани проекти е нелогично, апсурдно, бесмислено дури и смешно. Почитувани, За да го сфатите образованието и ефектите од образованието треба прво да се потсетите како функционираше образовниот систем пред да дојде ВМРО-ДПМНЕ на власт во Охрид. Ако…

повеќе...

СДСМ Дебрца: Трајкоски успеа трошоците за службени патувања да ги зголеми за 25 пати!

ОО СДСМ Дебрца испрати соопштение до медиумите во кое стои: „Трајкоски не само што на големо трошел општински пари за гозби и ручеци, туку во изминативе четири и нешто години многу милувал да патува на општинска сметка. Завршните сметки покажуваат дека во 2013 година за дневници за патувања во земјата потрошени се 122.000 денари, во 2014 година потрошени се 178.800 денари, во 2015 година потрошени се 200.400 денари, во 2016 година потрошени се 178.920 денари. За споредба, за време на претходната локална власт, во 2012 година потрошени се само 8.000…

повеќе...

СДСМ Дебрца: Зошто Трајкоски на граѓаните не им каже колку пари трошел за гозби и ручеци!?

ОО СДСМ Дебрца испрати соопштение до медиумите во кое стои: „Ако имаше малку доблест, а ја нема, Трајкоски ќе им кажеше на граѓаните на Дебрца колку пари од Буџетот на општината трошел за гозби и ручеци. А, очигледно е дека човекот баш многу милувал да се гоштева и затоа на општинска сметка се јадело и пиело без мерка. А и зошто не? Туѓите пари најлесно се трошат. Ако државата / општината го плаќа цехот, за цената не се прашува. Од завршните сметки на општината се гледа дека во изминативе четири…

повеќе...

СДСМ: Кандидатот Ногачески и носителот Крцоски во посета на секој дом во Дебрца

Кандидатот за градоначалник Зоран Ногачески и носителот на листата за Совет во Општина Дебрца Игор Крцоски, изминативе неколку дена активно го посетуваат секој дом ширум територијата на општина Дебрца, со цел да им ја презентираат програмата за развој на општина Дебрца. „Ги посетуваме секој дом, секоја куќа секое семејство во Општина Дебрца сакајќи да им ја претставиме мојата програма и програмата на мојата политичка партија – „За Живот во Дебрца“,“ – изјави Ногачески и потсети дека кампањата „Врата до врата“ е носечката активност на „Коалицијата за Живот во Македонија“ предводен…

повеќе...