Заев: Десет причини за истрага за смртта на Младенов

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев одржа прес-конференција, на која истакна: Почитувани граѓани, претставници на медиумите, Проектот Вистината за Македонија продолжува. Колку и да боли, колку и да е непријатна реалноста во Македонија, тажна, мачна, граѓаните мора да ја дознаат целата вистината. Интересот на граѓаните, на државата, е над се. Криминалното владеење на Никола Груевски и неговите најблиски соработници е целосно разобличено. Излезе на виделина нечовечноста, суровоста, безчуствителноста на нелегитимната власт. Денеска, јавноста ќе слушне уште една болна вистина, вистината за истрагата поврзана со смртта на великанот на македонското новинарство Никола…

повеќе...

СДСМ: Груевски се обидел да ја убие вистината за Мартин Нешковски

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев на денешната прес-конференција, истакна: „Преземавме обврската пред Вас, граѓаните на Република Македонија, да ја објавиме целата вистина за криминално владеење на Никола Груевски. Искрено, внимателно и чесно го започнавме проектот којшто ја донесе вистината во Македонија. Не заради грдото лице на нелегитимната власт туку за иднината на Република Македонија, ова зло никогаш да не се повтори. Јавноста дозна дека за Никола Груевски и неговите соработници нема ништо свето, нема ништо поважно, нема ништо позначајно од тоа по секоја цена да бидат на власт, којашто како…

повеќе...

СДСМ: Обвинителството работи под диктат на Груевски, Мијалков и Илиевски

Портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов, денес во изјава за медиумите истакна: „Јавното обвинителство официјално соопшти дека јавниот обвинител Јован Илиевски е формално изземен од постапување по конструираниот предмет Пуч. Како надреден јавен обвинител во Обвинителството за организиран криминал и корупција Јован Илиевски не може да биде изземен од постапување по овој конструиран предмет, затоа што по принципот на хиерархија и субординација на обвинителството директно е надреден над обвинителот кој постапува во конструираниот предмет. Согласно хиерархиската поставеност во Јавното обвинителство, баџанакот на Сашо Мијалков и извршителот на Никола Груевски, обвинителот Јован Илиевски,…

повеќе...

Богдановиќ: Без причина бев приведен и тепан од полицијата

Претседателот на ОО СДСМ Центар, Саша Богдановиќ во изјава за медиумите истакна: „Денешнава изјава ја давам, по повод настанот што се случи вчера после завршување на натпреварот помеѓу екипите на Работнички и МЗТ, да кажам што конкретно се случи во текот на вчерашниот ден. По завршување на натрпеварот Работнички-МЗТ, тука пред влезот кадешто влегуваат играчите, бевме да се поздравиме со дел од играчите со којшто и лично се познаваме. Од страна на полицијата, коишто беа триесетина на број, почнаа да ги тргаат луѓето. На моето прашање зошто смо ги поместуваат луѓето,…

повеќе...

Заев: На 17-ти мај голем сенароден протест за слобода на Македонија

Дел од говорот на претседателот на СДСМ,  Зоран Заев во Кавадарци. Во Уставот пишува дека темелните вредности на уставниот поредок се основните слободи и права на човекот и на семејството. Темелна вредност е и владеењето на правото. Со Уставот се гарантира слобода на говорот, слобода на јавното изразување, тајност на комуникациите, честа и достоинството на секој граѓанин и на секое семејство. Сето тоа што го пишува во Уставот, власта е должна да го чува. Наместо тоа, таа го има урнисано. Зарем вака, кога знаеме сè, можеме да молчиме, да шепотиме и ништо…

повеќе...

СДСМ: Мијалков, братучедот на Груевски, стои зад СГС и милионите

Претседателот на ОО СДСМ Кавадарци, Зоран Ѓорѓиев, денес одржа прес-конференција, на која истакна: „Вистината за Македонија продолжува од Кавадарци. Граѓаните на Кавадарци се приклучуват во борбата за враќање на слободата, демократијата и правдата во Република Македонија. Денеска јавноста ќе слушне за злоупотреби на приватни фирми во Кавадарци за партиските цели на ВМРО-ДПМНЕ но и за поднесена оставка на градоначалникот на Кавадарци, Александар Панов. Денеска од Кавадарци граѓаните ќе ја слушнат вистината за тоа кој стои зад Агенцијата Секјурити груп сервисис, којашто добива милионски бизниси од власта на Никола Груевски. На почеток,…

повеќе...

Заев: Еве ги доказите дека УБК прислушувала за Никола Груевски

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, денес одржа прес конференција, на која истакна: „Социјалдемократскиот сојуз, како политичка партија, располага со огромна документација, сопственост на Република Македонија, од којашто произлегува дека во Македонија се одвивала масовна операција на нелегално прислушување од гигантски размери. До Јавното обвинителство, во петокот, како што информиравме, беа поднесени дел од доказите за оваа операција, дел ќе бидат поднесени во понатамошната постапка, а комплетно, `се што поседуваме, ќе биде доставено до соодветните државни органи штом се исполнат условите за разграничување на судската од извршната власт. Станува збор за…

повеќе...

Отворен повик за самокандидирање за претседател на Општинска организација на СДСМ

Отворен повик за самокандидирање Пријава за кандидирање Стандардизирана биографија Стандардизирана програма Изјава за Етички кодекс Постапка, начин и критериуми за кандидирање и избор на членовите на органите и носителите на функции во ОО на СДСМ

повеќе...

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев се сретна со амбасадорот на Италија во Македонија, Масимо Белели

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев денеска оствари средба со амбасадорот на Р.Италија во Р.Македонија, Масимо Белели. На средбата се разговараше за актуелната политичка криза и за начините и можностите за враќање на земјата во нормален колосек. Претседателот на СДСМ, Зоран Заев рече дека опозицијата има обврска да им гарантира на граѓаните дека Македонија ќе биде држава којашто ќе ги врати европските перспективи, довербата во институциите и правната држава. „Доказите што ги обелоденивме покажаа урнисување на уставниот и правниот поредок на Македонија и кршење на основните човекови права, во што учествувал…

повеќе...

Заев: Груевски, заедништво ти се случува, да не те лаже умот да го чепнеш

Дел од говорот на претседателот на СДСМ, Зоран Заев во Гостивар: „Добровечер добри луѓе, добровечер гостопримливи луѓе, добровечер Гостивар, Македонија е исправена пред крстосница на минатото, на сегашноста и на иднината. И затоа денеска таа мора да се соочи со една голема вистина и со една исклучително важна работа. Таа работа се вика Вистината за Македонија, E Vërteta për Maqedoninë, Makedonya’nın gerçeği, Истина о Македонији, без разлика како звучи на различни јазици, таа е единствена и неприкосновена. За разлика од вистината, лагата денеска во Македонија има едно име изговорено на сите…

повеќе...