Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, по повод големиот христијански празник Богојавление – Водици, упати честитка до поглаварот на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, г.г. Стефан, како и до сите верници: „На Вас лично, на претставниците на Македонската православна црква – Охридска Архиепископија и сите верници, од мое име и од име на Социјалдекомратскиот сојуз, го честитам големиот христијански празник Богојавление – Водици, со желба и надеж дека празникот на духовното раѓање ќе ја зголеми и дополнително ќе ја поттикне вербата во правдата и вистината, како едни од најголемите искушенија…
повеќе...Tag: сдсм
СДСМ Дебрца: Поради не вршење на комуналната услуга собирање на комуналниот отпад корисниците на услугата од Општина Дебрца да се ослободат од плаќање надоместок
Советничката група на СДСМ Дебрца денес испрати соопштение до медиумите, во кое се вели: „Јавното претпријатие „Дебрца“ – Белчишта, како давател на комуналната услуга собирање и транспортирање на комуналниот отпад повеќе од 20 дена не ја врши услугата, односно не го собира комуналниот отпад од граѓаните и правните субјекти од општина Дебрца. Причината за тоа е неможноста на специјалното возило за собирање на отпадот да влезе во населените места поради од снегот неисчистените општински патишта и улици, а кое нешто согласно Оперативната програма за зимско одржување на општинските патишта и…
повеќе...Лазаревска: Локалната самоуправа предводена од ВМРО-ДПМНЕ не може да одговори на основните потреби и барања на граѓаните на Охрид
ОО на СДСМ Охрид денес одржа прес-конференција, на која зборуваше советничаката во Советот на Општина Охрид, Жаклина Лазаревска. „Градоначалникот Никола Бакрачески и ВМРО-ДПМНЕ постојано изјавуваат дека општинската администрација во Охрид е неефикасна и пренатрупана а сепак континуирано вработуваат нови партиски војници. Токму за време на новогодишните и божиќните празници течеше рок за пријавување на конкурс за 10 нови вработувања во општинската администрација во Охрид. ВМРО-ДПМНЕ и Бакрачески не реализираа ниту еден од ветените капитални проекти за Охрид, а немаат ниту капацитет да организираат ефикасна и професионална општинска администрација. Локалната самоуправа…
повеќе...СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ свесно во населено место прават нова дива депонија
ОО на СДСМ Охрид, денес испрати соопштение, во кое стои: „Воопшто не е точно дека ВМРО-ДПМНЕ и Никола Бакрачески се залагаат за чист Охрид. Дури чистејќи ја дивата депонија Мауцкер тие во дворот на ЈП Комуналец депонираат смет и на тој начин се поигруваат со здравјето на граѓаните кои живеат непосредно во околина на местото. ВМРО-ДПМНЕ свесно во населено место прават нова дива депонија.“– се вели во соопштението.
повеќе...СДСМ: На Мауцкер безмалку 2 години му случува еколошко злосторство
ОО на СДСМ Охрид, денес испрати реакција во врска со вчерашниот прес на секретарот на општина Охрид Димитар Спасески. Во целост ја пренесуваме реакцијата: „Секретарот на општина Охрид, Димитар Спасески информираше за расчистување на градежен шут и отпад од локалитетот Мауцкер иако тој нема никаква надлежност. Според актите на општината, секретарот е одговорен исклучиво за работата на општинската администрација и не може да ја преземе надлежноста на јавните претпријатија. Најверојатно затоа Спасески покажа елементарни непознавања за проблемите со отпадот на локалитетот Мауцкер. На Мауцкер безмалку 2 години му случува еколошко злосторство.…
повеќе...Претставници на СДСМ ги посетија жителите на село Јабланица, Долни Дримкол, струшко
Пратеникот на СДСМ од Струга Јован Митрески, претседателот на ОО на СДСМ Струга Даме Ложанкоски и советничката во Советот на општина Струга, Ирена Мирческа вчера го поминаа денот со жителите на Јабланица, најголемото село во областа Долни Дримкол, струшко, кои беа 12 дена отсечени поради затрупаните патишта и без струја. Луѓето кои ги минаа празниците во мрак, се жалат на материјални штети, од расипана и онаа малку храна што ја обезбедиле поради сиромаштијата до откажани електрични апарати, поради нестабилниот електричен напон. Велат дека досега никој од власта не дошол да ги…
повеќе...Претседателот на СДСМ, Заев со сочувство до францускиот амбасадор, државниот врв и редакцијата на Шарли Ебдо
Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, во лично име и во име на Социјалдемократскиот сојуз, по трагичен инцидент во Париз, во којшто се убиени новинари, полицајци, а има и повредени, упати телеграма со сочувство до амбасадорот на Франција во Р.Македонија, Лоренс Оер, до францускиот претседател Франсоа Оланд, премиерот Мануел Валс, до редакцијата на сатиричниот весник Шарли Ебдо, како и до граѓаните на Република Франција: „Изразувам длабоко и најискрено сочувство, во мое име и во име на Социјалдемократскиот сојуз, за трагичниот настан во којшто се загубени човечки животи, а има и повредени.…
повеќе...Божиќна честитка на ОО на СДСМ Охрид
ОО на СДСМ Охрид на сите православни верници им го честита големиот христијански празник Раѓањето Христово – Божик и им посакува празничните денови да ги поминат во добро здравје, радост и среќа. „Во секој наш дом нека се вгнезди божја љубов и милосрдие. Инспирирани од Исусовото раѓање, да го славиме и да му се радуваме на животот. Истовремено, во срцата на сите нека се вселат мирот и спокојството, почитта и разбирањето. Во духот на празникот, секој нека даде љубов, помош и поддршка на своите ближни. Нека е честит празникот и…
повеќе...Честитка на претседателот на СДСМ, Заев по повод Бадник и Рождеството Христово-Божик
Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Зоран Заев, по повод големите христијански празници Бадник и Рождество Христово Божик, во свое име и во име на СДСМ, упати честитка до поглаварот на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, архиепископот Охридски и Македонски, г.г. Стефан, како и до сите верници од православна вероисповед во земјава. „Вам лично, на членовите на Синодот, на ценетото свештенство и монаштво и на сите православни верници, во свое име и во име на Социјалдемократскиот сојуз, упатувам искрени честитки по повод големите празници Бадник и Рождество Христово Божик,…
повеќе...СДСМ: Дали не очекува уште една непријатна зимска одисеја по улиците на Охрид во наредните денови?!
ОО на СДСМ Охрид денес испрати соопштение во кое стои: „Снегот во Охрид не успеа да го покрие срамот на охриѓани пред многубројните туристи кои престојуваа во градот за време на новогодишните празници. Само 25 сантиметри снег беа доволни да ја покажат и докажат целосната неподготвеност, неспособност и немоќ на надлежните општински служби да се справат со реалните проблеми на граѓаните. Врнежите од снег, на крајот од декември, за општинските власти во Охрид беа временска непогода од огромни размери, што ги изненади надлежните стручни служби. Туристите, кои едвај успеваа да…
повеќе...