Семинар за борба против фалсификување и пиратерија

Во периодот од 14-ти до 18-ти септември во Регионалниот тренинг центар на Светската Царинска организација во Скопје, Царинската управа на Република Македонија во соработка со Светската царинска организација, организира Семинар за борба против фалсификување и пиратерија. На семинарот, покрај царински службеници, учествуваат и претставници на институции релевантни за заштита на правата од интелектуална сопственост и тоа: Координативното тело за интелектуална сопственост, Државен завод за индустриска сопственост, Државниот пазарен инспекторат и Агенцијата за лекови. Семинарот овозможува преглед на најдобрите практики во поглед на законодавството за заштитата на интелектуалната сопственост во доменот на…

повеќе...

Во Струга ќе се одржи семинар за ракометни тренери

На 14 и 15 Август во Струга ќе се одржи семинар за ракометни тренери како еден од задолжителните за тренерска лиценца за натпреварувачка сезона 2015/16. Семинар за ракометни тренери Струга 2015

повеќе...

Утре ќе биде промовирана антологијата на балканската поезија „Светиот пат“ од Раде Силјан

Во рамките на програмските активности на меѓународниот Семинар за македонски јазик и литература, во Охрид на утре во 18 часот ќе биде промовирана антологијата на балканската поезија „Светиот пат“, што ја подготви македонскиот поет и литературен критичар Раде Силјан. Во ова дело се застапени двесте и шест поети од дванаесетте балкански држави: Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Грција, Косово, Македонија, Романија, Словенија, Србија, Хрватска, Турција и Црна Гора. Изданието ќе го промовира проф. д-р Кристина Николовска, а стихови ќе читаат познати македонисти од балканските држави, учесници на меѓународниот Семинар за македонси…

повеќе...

Семинар за родова обука за офицери и подофицери

Денес во касарната „Чеде Филипоски Даме“ во Кичево, во организација на Министерството за одбрана и Армијата на Република Македонија за прв пат се реализира родова обука со офицерскиот и подофицерскиот кор. Вкупно беа обучени 85 припадници. Фокусот на семинарот за родовата обука за офицерите и подофицерите беше на Родови поими и дефиниции, Меѓународните правни рамки за имплементација на Резолуцијата на Советот за безбедност на Обединетите Нации 1325 за жените, мирот и безбедноста, Националниот акционен план на Република Македонија за имплементација на Резолуцијата на Советот за безбедност на Обединетите Нации 1325…

повеќе...

Семинар за Родова перспектива за персоналот од ГШ на АРМ

Министерството за одбрана на Република Македонија продолжува да биде предводник на активностите за интеграција на родовата перспектива во рамките на Министерството и Армијата на Република Македонија. За таа цел од крајот од минатиот месец и во следните неколку недели, во организација на Министерството за одбрана и Армијата на Република Македонија се реализират еднодневни Семинари за родова перспектива со персоналот од Генералштабот на Армијата на Република Македонија. Семинарот за Родова перспектива опфаќа: Родови поими и дефиниции, Меѓународни правни рамки за имплементација на Резолуцијата на Советот за безбедност на Обединетите Нации 1325…

повеќе...

Семинар за управување со водите

Заменикот на претседателот на Владата задолжен за европски прашања Фатмир Бесими, министерот за животна средина и просторно планирање Нурхан Изаири и амбасадорот на Франција Н.Е. Лоренс ОЕР ќе се обратат на отварањето на семинарот за управување со водите кој што ќе се одржи денес (четврток), во Конференциската сала на Секретаријатот за европски прашања (стара зграда на Комерцијална Банка), со почеток во 9:00 часот. Во рамките на настанот, министерот Изаири и амбасадорката ОЕР ќе потпишат Административен договор за соработка меѓу Министерството за екологија, одржлив развој и енергетика на Република Франција и…

повеќе...

Одржан семинар за доктори и физиотерапевти

Во организација на Фудбалската федерација на Македонија, денес во Скопје се одржа семинар за доктори и физиотерапевти кои работат во клубовите и националните селекции во системот на ФФМ. На семинарот беа одработени следните теми: – Допингот во спортот – предавач, Д-р Илија Стоилов – Последици по здравјето од злоупотребата на забранетите допинг супстанци и методи – предавач, Д-р Илија Стоилов – Меѓународен стандард за добивање на дозвола за терапевтска употреба на забранети супстанци или методи при заболувања на спортистот – предавач, Д-р Илија Стоилов – Суплементацијата во спортот и допинг проблемите…

повеќе...

Утре во Охрид ќе се одржи регионален семинар за националните контакт точки за ветеринарни препарати

Директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство м-р Зоран Поповски, утре, 18-ти Ноември(вторник), во Охрид, ќе го отвори Регионалниот Семинар за националните контакт точки за ветеринарни препарати, кој го организира Светската организација за здравствена заштита на животните – OIE. На семинарот, претставници од 35 земји национални контакт точк и за ветеринарно медицински препарати од Европската унија и од регионот, од Светската организација за здравствена заштита на животните – ОИЕ и од Регионалните канцеларии на Светската организација за здравствена заштита на животните во Софија и во Брисел, ќе разменат искуства за…

повеќе...

Трет семинар на националната кампања против допинг

Вчера, во просториите на општина Кисела Вода беше одржан третиот семинар од страна на Националната анти-допинг комисија при АМС. Третиот семинар е дел од проектот добиен со грант од „Фондот за елиминација на допингот од спортот“ на УНЕСКО. На вчерашниот семинар беа присутни младите кошаркари и кошаркарки од спортската академија на КФМ. Најпрвин младите кошаркари и кошаркарки беа запознаени дека започнувањето на ваков вид едукативни семинари е во правец на помагање во заштитата на спортската етика како и во правец на зачувување на интегритетот на „чистиот“ спорт. Ангажираните експерти од…

повеќе...

Делегација на Царинската Управа на семинар на високо ниво: Иднината на е-царина во Венеција

На 14 и 15 октомври во Венеција, Италија, се одржува семинар на високо ниво на тема: Иднината на е–Царина, со посебен осврт на имплементацијата на едношалтерскиот систем (Single Window) во Европската Унија, на кој присуствува делегација на Царинската управа на Република Македонија, предводена од директорот Наташа Радеска-Крстевска. На семинарот присуствуваат преставници на земјите членки на ЕУ, земјите кандидати и потенцијалните земји кандидати за членство во ЕУ, а присутните ќе дискутираат на теми поврзани со иднината на е – Царина, имплементацијата на едношалтерскиот систем од перспектива на трговците, концепти и термини…

повеќе...