Семинар за рационална употреба на антибиотиците

Со одржувањето на денешниот семинар, општина Охрид стана дел од големата кампања за рационална употреба на антибиотици и превенција на антимикробна резистенција. Целта на кампањата што ја организираат Министерството за здраство,Институтот за јавно здравје, други професионални асоцијации и поддршка на Светската здраствена организација и Белгијската влада е да се подигне јавната свест за рационална употреба на антибиотиците. „Мораме заеднички да најдеме начини, за подигнување на јавната свест кај населението, зошто се почесто, без консултации со лекарите , на своја рака земаат антибиотици и самите се доведуваат во несакан ризик. На…

повеќе...

Семинар на регионална конвенција за пан – евро – медитерански преференцијални правила на потекло

Во период од 16-17 септември, делегација на Царинската управа на Република Македонија, присуствуваше на семинар на високо ниво за ревизија на Регионална конвенција за пан-евро-медитерански преференцијални правила на потекло, што се одржува во Катанија – Р.Италија. Пан-евро-медитеранскиот систем на кумулација на потекло е составен од мноштво на договори за слободна трговија кои овозможуваат дијагонална кумулација, меѓу земјите од зоната. Во моментов пан-евро-медитеранската кумулациона зона ги вклучува: земјите членки на Европска Унија, ЕФТА – државите (Исланд, Норвешка, Швајцарија, Лихтенштајн), земјите учеснички на Барселона процесот (Алжир, Египет, Израел, Јордан, Либан, Мароко, Сирија,…

повеќе...

Дејан Недев по втор пат одржа карате семинар во Лондон-Англија

Македонскиот каратист Дејан Недев, Сенсеи 5.Дан по втор пат одржа карате семинар во Академијата за традиционално карате „Muswell Hill“, London. На семинарот учествуваа близу 60 каратисти од неколку карате клубови од Лондон. Семинарот траеше три дена, а последниот ден беше организирана свеченост на која присуствуваше и проф. Венцислав Недев на кој му беше дадено признание за придонес и развој на карате Академијата во Лондон. Исто така признание и плакета доби и м-р. Дејан Недев како инструктор на семинарот. Недеви беа наградени од страна на основачот и Претседател на Карате Академијата,…

повеќе...

Повик за учество на летниот семинар на СДММ кој ќе се одржи во Охрид

Социјалдемократската Мадина на Македонија објавува Повик за учество на летниот семинар на СДММ 2014 година. Социјалдемократската младина на Македонија,  во соработка со Институтот за социјална демократија Прогрес, а со поддршка од Фондацијата Макс Ван Дер Штул од Холандија и Фондацијата Фридрих Еберт од Германија – Канцеларија во Скопје, и оваа година традиционално ќе организира летен семинар за млади социјалдемократи 2014 година, кој ќе се одржи во периодот од 03. до 06. јули во хотел Десарет, Охрид. Оваа година на семинарот ќе учествуваат повеќе од 90 млади луѓе од цела држава. Планирани…

повеќе...

Од денес почнува 47-от Меѓународен семинар за македонски јазик, литература и култура

Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје и оваа година од денес, 14 до 29 јуни, го организира веќе традиционалниот 47. Меѓународен семинар за македонски јазик, литаратура и култура. Во рамките на Семинарот, на 14 и 15 јуни ќе се одржи 41. Меѓународна научна конференција на која македонските и странските експерти пред учесниците на летната школа ќе ги презентираат своите најнови истражувања од областа на македонистиката. Темата на конференцијата е Македонскиот јазик, литература и култура во контекст на другите јазици, литератури и култури. Летната школа со своите активности започнува на…

повеќе...

Во Струга ќе се одржи вториот тренерски семинар годинава

На 24 и 25 јуни 2014 година во Струга, ЗКТ на Македонија ќе го одржи задолжителниот Семинар за кошаркарски тренери, втор годинава. Божидар Маљковиќ, Раде Георгиевски и Ленче Атанасовска Величковска ќе одржат предавања на атрактивни теми за унапредување на работата како со сениорските, така и со младинските категории во нашата земја. Теми на предавањата: Божидар Маљковиќ: – Контра напад и транзиција – Одбрана од контра напад и транзиција – Склоп на вежби со совети за унапредување на перформансите на играчите и на играта – Дискусија за актуелни случувања, со прашања,…

повеќе...

Во Охрид се одржува семинар на тема „Справување со криминалот од омраза“

Справување со криминалот од омраза е темата на дводневниот семинар што за полициските службеници  при министерството за внатрешни работи на Република Македонија, од денес се одржува во хотелот Силекс  во Охрид.  Дваесеттината учесници на семинарот ќе ги разгледаат различните аспекти на криминалните дела извршени од омраза, идентификување на криминалот од омраза со акцент на одредбите за примената на домашните закони и законска легислатива по оваа проблематика. Учесниците на семинарот ќе се запознаат со меѓународните и регионални стандарди поврзани со крими-  налот од омраза и ќе ги детектираат индикаторите за пристрасност…

повеќе...

Џафери: Македонија се залага за справување со кризи од невоена природа

Република Македонија континуирано се залага за координација и за развој на капацитети и способности за справување со кризи од невоена природа, како на национална, така и на регионална основа. Ова го изјави министерот за одбрана на Република Македонија Талат Џафери, на отварањето на Конференцијата и семинарот за научени лекции од операциите и вежбите организирани од Европатланскиот координативен центар за одговор во кризи на НАТО што од денеска до 17 овој месец се одржува во Охрид. Според министерот Џафери, Македонија како кандидат за членство во НАТО и ЕУ, континуирано придонесува во…

повеќе...

Одржан првиот УЕФА регионален семинар за борба против местењето натпревари

Фудбалската федерација на Македонија и УЕФА низ заедничка прес-конференција денес и официјално го отворија првиот УЕФА регионален семинар за Integrity Officers во Скопје. Исклучително важниот семинар со централна тема „превенција и детектирање на местењето натпревари“ го отвори Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Илчо Ѓорѓиоски, одговорниот на Integrity Officers во Европа, Урс Клусер и координаторот на УЕФА, Греам Пикер. По големиот број скандали во европскиот фудбал, УЕФА низ организирање семинари прави напори да ја зајакне борбата против едно од најголемите зла во фудбалот. Претседателот на ФФМ, Илчо Ѓорѓиоски ги потенцираше…

повеќе...

Почна саемот за роботика и автоматика „РобоМАК 2013“

Педесет и седум домашни и околу 40 странски учесници се дел од четвртиот саем за роботика „РобоМАК 2013“, кој од денеска до 16 овој месец ќе се одржи во Скопје во организација на Европската студентска организација за електроинженери во соработка со Факултетот за електротехника и информациски технологии при универзитетот „Св. Кирил и Методиј“. Целта на саемот е популаризација на роботиката меѓу македонските и европските студенти и средношколци, кои по петдневна обука ќе ги одмерат силите на своите роботи во пет категории. На отворањето на Меѓународната работилница за роботика и автоматика…

повеќе...