Свечено одбележан првиот училишен ден во ОУ „Св.Климент Охридски“

И на првачињата во ОУ „Св. Климент Охридски“ Охрид овој ден ќе им остане засекогаш во нивните сеќавања како ден кога првпат заиграле, нацртале и обоиле, а најважно од сè се дружеле со своите врсници во училишниот двор. Со искрени желби за многу здравје и успех во учењето, првачињата и сите присутни ги поздрави директорот на училиштето Јордан Пуроски. Низ низа активности, забава и смеа успешно ги водеше познатиот аниматор Ивица Маринковиќ- познат како Ивце Пивце. Учениците го нанижаа охридското ѓерданче од бисери испишани со нивните имиња и оставија траен…

повеќе...

Свечена академија на матурантите од ОСУ „Св. Климент Охридски“ на Антички

Веќе традиционално, во петок на 8-ми август, на Античкиот театар од 20 часот, со пригодна церемонија ќе биде одбележан свечениот момент на преминување на прагот на зрелоста на овогодинешната генерација матуранти. По повод неделата на Св. Климент Охридски Летен – Патрон на Градот, кој се слави од 7- ми август, следуваат и други културно-забавни содржини во организација на Општина Охрид. Програма: – изведба на химната на РМ; – изведба на студентската химна ; – обраќање на претставник од локалната самоуправа ; – изведба на музичка точка од ансамблот „Билјана –…

повеќе...

Започнува Интернационална летна школа за архитектура и дизајн

Од денеска во Охрид започнува Интернационална летна школа за архитектура и дизајн во што во организација наУниверзитет Американ Колеџ Скопје – Факултет за Архитектура и Дизајн веќе втора година се одржува во рамките на активностите на Охридско лето.  Во рамките на Интернационалната летна школа за архитектура и дизајн во охридската гимназија „Св. Климент Охридски“ предвирени се повеќе активности. Врвни светски експерти од областа на архитектурата ќе дебатираат на тема „Преобмислување на метаболизмот“. Меѓу нив и познатите хрватски архитекти Винко Пенезиќи Крешимир Рогина. Свечено отворање на Летната Школа  е утре во…

повеќе...

Четириесет основци ќе бидат дел од интеркултурен камп во Швајцарија

Околу 40 ученици од пет основни училишта во Охрид, Струга, Гостивар, Штип и Битола ќе бидат дел петти-от интеркултурен камп во Детското Село Песталоци во Троген, Швајцарија. Овој камп ќе се реализира од 03 – 17 јули оваа година. Преку различни активности, кампот ќе им овозможи на младите да научат за принципите на меѓукултурниот дијалог и комуникација, различните вредности и толеранцијата помеѓу децата и младите со различи култури. Досега на интеркултурните кампови организирани од Коалицијата на младински организации СЕГА учествувале 160 ученици од 5 основни и 10 средни училишта од…

повеќе...

Во Црна Гора се одржува XIX-та Меѓународна летна школа за менаџмент на институции

Реформите и предизвиците во финансирањето на македонскиот здравствен систем е темата на која директорката на ФЗОМ, Маја Парнарџиева-Змејкова има предавање на XIX Меѓународна летна школа за менаџмент на институции кои обезбедуваат здравствени услуги. XIX Меѓународна летна школа за менаџмент на институции кои обезбедуваат здравствени услуги се одржува 23 до 27 јуни 2014 година во Милочар, Република Црна Гора, со наслов „Здравствените системи на Југо-Источна Европа на крстопат – по декада на реформи, поглед кон иднината. Оваа меѓународна Летна школа за менаџмент на институции кои обезбедуваат здравствени услуги, е во организација…

повеќе...

Донација за првачињата во општина Дебарца

Денес во Општина Дебарца пристигна со донација познатиот бизнисмен од Перт Западна Австралија Драган Капинков кој е сопственик на фондацијата „Капинков“. Капинков за сите првачиња кои ќе се запишат во оваа учебна година донираше комплет училишен прибор и ташни и воедно им посака да имаат успех во образовниот процес. Оваа донација и посета на општина Дебарца од страна на Капинков е организирана од страна на почесниот конзул на Република Македонија Зоран Ќосески. Градоначалникот Трајкоски им се заблагодари на Капинков и Ќосески и во име на сите првачиња ги охрабри ова…

повеќе...

Ученици од ОУ „Кочо Рацин“ учествуваа на детска ликовна колонија

На Детската ликовна колонија „Чашка 2014“ што се одржа од 17-ти до 20-ти јуни учествуваа учениците Вероника Николоска шесто одделение и Александра Стевоска четврто одделение, од ОУ „Кочо Рацин“ – Охрид. Под менторство на Љубица Чифлигароска, учениците ги твореа своите дела инспирирани од архитектурата на градбите во селото. На крајот на колонијата се прогласуваа наградените творби меѓу кои како трето наградена беше ученичката Александра Стевоска, од ОУ „Кочо Рацин“, како најмлад учесник. Неколку од делата кои ги изработи наставничката Љубица Чифлигароска на колонијата ги поклона на општина Чашка и во…

повеќе...

Едриличарскиот клуб „Бофор“ врши упис на нови членови

Едриличарскиот клуб „Бофор“ врши упис на нови членови на возраст од 8 до 12 години во школата за едрење која започнува утре, 16-ти јуни (понеделник) и ќе трае цело лето. Уписите  ќе се вршат во просториите на клубот кој се наоѓа до мостот на каналот Студенчишта, од 9-13 часот од 16-ти до 19-ти јуни 2014 година. Школата за едрење се состои од 2 дела: теоретски и практичен. Во теоретскиот дел се учат основните делови на едрилицата и нејзината опрема, основи на метеорологијата, основните едриличарски принципи и однесување на вода, како…

повеќе...

Ристовски: Екстерното тестирање се реализира без проблеми

Екстерното тестирање заврши без некои позначајни проблеми, а реализирани се околу 370 илјади полагања, оцени министерот за образование и наука Спиро Ристовски. „Немаше никакви позначајни проблеми, освен во две или три училишат каде кажавме дека имаше проблем со снабдување на електрична енергија. Благодарение на брзата интервенција на ЕВН се надминаа тие проблеми“, појасни Ристовски на одбележувањето на првиот патронат на ОУ „Александар Македонски“ и на откривањето на споменикот на ова училиште. Тој најави дека во наредните неколку дена ќе почне процесот на обработка на целокупните податоци. „Мораше да се заврши…

повеќе...