Од Министерството за финансии издадени сертификати на 10 илјади сметководители

Министерството за финансии досега има издадено 10.005 сертификати за сметководители. Од нив, како што соопшти, 2.833 се трајни уверенија, а привремени уверенија, со важност од 30 месеци до 4 години, се 7.172.Сите заинтересирани за привремено и трајно уверение за сметководител или овластен сметководител, потсетува Министерството, треба да поднесат барање до 13 мај, кога е крајниот рок за аплицирање. Привремено уверение за сметководител ќе се издава на лице кое има најмалку средно образование и работно искуство од 3 години, или вишо образование и работно искуство од 2 години, или високо образование…

повеќе...

Писмо: Радиодифузна или радиоконфузна такса!?

Денес ми стигна „честитка“ – сметка за радиодифузна такса за месец јануари 2014, со рок за плаќање до 15 февруари 2014. На сметката јасно се гледа дека печатот за испраќање е „удрен“ на 20 февруари, значи цели 5 дена покасно од предвидениот рок за плаќање. И убаво си пишува дека на износот што нема да се плати во пропишаниот рок се пресметува и наплатува камата во висина од 0,03% за секој ден задоцнување. Ова ми звучи како намерно задоцнување, да се доцни што е можно повеќе денови, за каматата да…

повеќе...

Зголемена наплатата на ЈП за комунална дејност „Дебрца“

ЈП за комунална дејност „Дебрца“ вложува напори за подобрување на финсиската состојба на претпријатието и подобрување на услугите што ги врши врз основа на дејноста и тоа снабдување со вода за пиење и собирање на отпад. „Во почетокот на 2014 година, видно е зголемувањето на наплатата на сметките за комунални услуги на ЈП за комунална дејност „Дебрца“. Во овој период наплата е зголемена за 10% за разлика од ланскиот период. Зголемената наплата од потрошувачите пред се се должи на подобрувањето на услугата, зголемената доверба од потрошувачите, набавката на нови контејнери…

повеќе...

Нискоградба ги информира правните лица да ги подмират неплатените сметки, во спротивно наплата по пат на извршител

ЈП „Нискоградба“ – Охрид, ги информира Правните лица корисници на услугите  кои имаат заостанат долг по основ на неплатени фактури за одведување на отпадни и атмосфетски води,  истиот можат да го отплатат на рати во зависност од висината на долгот. Кон оние корисници кои нема да го подмират заостанатиот долг ќе бидат преземени сите законски и подзаконски акти за наплата на истиот по пат на извршител. Сите заинтересирани лица во просториите на Јавното претпријатие кое се наоѓа на Булеварот „Железничка“,  бб  да се информираат и да склучат договор за  плаќање…

повеќе...

Истурени пунктови за „Фискална во рака – награди без мака“

Државна лотарија на Македонија од утре ќе поставува истурени пунктови низ Македонија за наградната игра „Фискална во рака – награди без мака“, каде граѓаните ќе можат да ги оставаат ковертите со фискални сметки за учество во истата. Граѓаните ќе можат да ги достават своите пликоа во сандачињата за наградната игра пред продажните места на Државна лотарија од 10 до 16 часот, и тоа на 11 февруари во Велес – продажно место ЛОТО 77, на 12 февруари во Штип – продажно место ТУТУН ПРОМ, на 13 февруари во Кочани – продажно…

повеќе...

Можност за отплаќање на заостанат долг на рати кон ЈП „Нискоградба“

ЈП „Нискоградба“ – Охрид, ги информира корисниците на услугите кои имаат заостанат долг по основ на неплатени сметки за одведување на отпадни и атмосфетски води, истиот можат да го отплатат на повеќе рати во зависност од висината на долгот. Оваа можност се дава за оние корисници кои ќе склучат договор со ЈП до крајот на месец февруари. Кон оние корисници кои нема да го подмират заостанатиот долг ќе бидат преземени сите законски и подзаконски акти за наплата на истиот по пат на извршител. Сите заинтересирани лица да дојдат во просториите…

повеќе...

Фирмите електронски ќе доставуваат годишни сметки

Фирмите поедноставно и поефикасно ќе ги поднесуваат годишните сметки до Централниот регистар на Република Македонија преку новиот електронски систем што денеска беше презентиран пред бизнис заедницата и сметководителите. Системот ќе почне да се применува со доставување на годишните сметки за 2013 година, за што крајниот рок е продолжен до 15 март. Од годинава обврска е за големите и средните претпријатија, чија бројка е околу 1000. Според премиерот Никола Груевски, оваа мерка е уште еден чекор за олеснување на деловното работење на фирмите во Република Македонија. – Успеавме да докажеме дека…

повеќе...

Вратена довербата кај потрошувачите на Р.Е. Водовод

Секојдневната ангажираност и посветеност на Р.Е. Водовод Охрид како јавен сервис во службата на граѓаните вроди со плод и враќање на довербата на потрошувачите. Корисникот на комуналните услуги е најважен и сите сектори, делови, елементи, ресурси се здружени со цел да се исполнат неговите барања за услугите кои ги нудиме. Зголемените активности на полето на наплатата резултираа со зголемување на процентот на овогодишната наплата за 21,31% во споредба со лани , ќе се продолжат да се применуваат и на полето на фактурирање и контрола на работењето во оваа 2014 година.…

повеќе...

ЈП „Нискоградба“ продолжува со наплата на неплатени сметки преку извршители

Ј.П. „Нискоградба“ – Охрид ги известува граѓаните дека продолжува постапката за наплата на побарувања по основ на неплатени сметки за одведување на отпадни и атмосферски води преку извршители. „Сите оние кои до сега не го подмириле долгот тоа да го извршат во најкус можен рок и да ги достават платените сметки како доказ како би ја прекинале постапката и би ги избегнале дополнителните трошоци, судска такса за предлог решение во износ од 120.оо денари, нотарска награда во износ од 500.оо ден како и трошоците на нотарот во постапката во вкупен…

повеќе...

Акција за исклучување од системот за водоснабдување

МЈП-Проаква Р.Е.Водовод – Охрид ги известува сите правни и физички лица корисници на водоснабдителниот систем согласно Законските одредби дека нивните мобилни екипи вршат исклучување од системот за водоснабдување на оние корисници кои имаат извршено: приклучување на водоводната и канализационата мрежа без одобрение за приклучок и вршат бесправно користење на вода, таканаречени диви приклучоци; исклучување на станбени објекти кои бесправно користат вода од хидрантите за наводнување на паркови и зеленила; сите оние таканаречени диви приклучоци кои еднаш веќе биле исклучени од системот за водоснабдување, а се повторно бесправно се вклучиле ќе…

повеќе...