Груевски: Почнуваме со рехабилитација на пет патни правци во вредност од 22 милиони евра

Во втората половина на август почнуваме со рехабилитација на пет регионални патни правци во должина од 70 километри, инвестиција вредна 22 милиони евра, информира денеска премиерот Никола Груевски. Одговарајќи на новинарски прашања при посетата на плажата во Стење, истакна дека ќе се реконструираат патните правци Битола – Ресен – Буково, Смоларе – Мокрино, Брвеница – Гостивар… „Покрај овие пет регионални патишта, континуирано работиме и на автопатиштата. Таму работите одат добро, нема застои се се движи со добра динамика, според планираното. Работите и на патиштата и на автопатиштата се одвиваат со…

повеќе...

Во сабота прекин на сообраќајот на патот Охрид – Кичево

Од АМСМ информираат дека во сабота(8-ми август), на патниот правец А2 Охрид – Кичево, (планински превој Пресека – с.Врбјани) поради изведување градежни работи на пат (минирање) сообраќајот ке биде во прекин од 14.00 до 16.00 часот.

повеќе...

Зголемен интензитетот на сообраќај на сите патишта

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничните премини Табановце, Богородица и Дојран има задржување од околу 30 минути, а на останатите гранични премини и покрај зголемената фреквенција нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините, информираат од АМСМ.

повеќе...

Гужва на граничниот премин „Богородица“

Редица возила на создадоа гужва на Богородица. Августовската смена на туристи и продолжениот викенд предизвикаа поголема сообраќајна раздвиженост од вообичаената на овој граничен премин. Утрово, во краток временски интервал имаше подолго задржување на возилата за излез од Македонија, но не поради должината на царинските формалности, туку поради сообраќајна несреќа кај гевгелиското село Прдејци, која заврши само со материјална штета, изјави командирот Митко Илиев, пренесува Република. Порталот, повикувајќи се на информации од граничната полиција, пишува дека сите возила што во тој момент биле задржани до расчистување на патот пристигнале речиси истовремено…

повеќе...

Посебен сообраќаен режим по повод чествувањето на „Илинден“

По повод одбележувањето на националниот празник “Илинден“, во рамки на предвидените манифестации во Скопје, Крушево (Мечкин Камен) и во меморијалниот комплекс Пелинце, кумановско, ќе биде применет посебен собраќаен режим со цел непречено и безбедно одвивање на закажаните настани за чествување на празникот. Така, во недела со почеток 10,30 часот во централното градско подрачје во Скопје, ќе се воспостави посебен режим на сообраќај, односно за сообраќај ќе бидат затворени дел од улиците “11 Октмври“ и “Димитрија Чуповски“ и тоа на потегот од крстосницата со бул.“ Кочо Рацин“ до крст. со ул.“Васил…

повеќе...

Зголемен интензитетот на сообраќај на патиштата

Од АМСМ информираат дека интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничните премини и покрај зголемената фреквенција нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.

повеќе...

Викендов зајакната сообраќајна контрола во Куманово

На подрачјето на СВР Куманово во текот на викендот спроведени се зајакнати акциски контроли од областа на сообраќајот, при што од страна на полициските службеници од ПС за БПС контролирани се вкупно 259 возачи и возила. Од извршената контрола констатирани се 80 прекршоци од Закон за безбедност на сообраќајот на патиштата и Закон за возила. Загрижувачки е податокот дека најголемиот број на прекршоци се констатирани за управување на возило под дејство на алкохол и тоа во 50 случаи и 8 прекршоци за управување на возило пред стекнување право за управување…

повеќе...

Невестинско оро ја блокира улицата „Мирче Ацев“

Најмногу свадби во Охрид се прават кога времето е најжешко, односно среде лето. Речиси и да нема хотел во Охрид во кој нема закажана свадба за време на викендите од мај па се до октомври. Оваа денешна свадба, поточно невестинското оро, за момент го блокира сообраќајот на улицата „Мирче Ацев“. Нека е со среќа! WebOhrid

повеќе...

Зголемен интензитетот на сообраќајот на патиштата

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. „На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата“, информираат од АМСМ. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.

повеќе...

Поставени знаци на пристаништата, мостовите и плажите на Охридското Езеро

Во тек е поставување на знаци на сите пристаништа, мостови и плажи на Охридското Езеро. Знаците се однесуваат на учесниците во водениот сообраќај, но и за капачите на плажите, бидејќи вакви знаци освен на пристаништата и мостовите, поставени се и покрај плажите. Знаците се со најразлична содржина: Забрането пливање и нуркање, точка на застанување на брод со насока каде да се укотви бродот, сидро за усидрување на пловни објекти, забранета зона за пента и сл. Моментално вакви знаци се поставуваат само на Охридско Езеро, а знаците ќе останат трајно, односно и…

повеќе...