Денес во посета на Охрид и ЈП „Билјанини Извори“ беше спортскиот директор на фудбалскиот клуб Јавор од Ивањица, Р. Србија. Посетата беше со цел фудбалкиот клуб подобро да се запознае со условите што ги нудат терените на СРЦ „Билјанини Извори“ пред претстојните февруарски припреми. Во разговорот со директорот на ЈП „Билјанини Извори“ Ристе Мишев, спортскиот директор го истакна своето особено задоволство од приемот што го имал како гостин, посебно од условите за тренинг и натпревари што ги видел на градскиот стадион „Билјанини Извори“, при што го најави нивното доаѓање за…
повеќе...Tag: србија
Македонија и Србија со заеднички контакт центар за полициска соработка
Македонската и српската полиција добија заеднички контакт центар за соработка на граничниот премин Табановце. Центарот, ќе овозможи поблиска соработка и размена на информации на полициските службеници како и полесно разрешување на евентуални спорни ситуации. Министерката за внатрешни работи на Република Македонија Гордана Јанкулоска и српскиот премиер и министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ, кои го пуштија во употреба контакт центарот, потпишаа и протокол за полициска соработка за време на туристичката сезона. „Заедничкиот контакт центар очекуваме да даде придонес во зголемување на ефикансноста на двете држави, посебно ако се земе предвид…
повеќе...АД ЕМО потпиша договори за изработка и испорака на електроопрема на пазарот во Србија
Согласно преземените активности за настап на пазари надвор од Република Македонија деновиве АД ЕМО потпиша договори за изработка и испорака на електроопрема на пазарот во Република Србија. „Договорите се однесувааат за изработка и испорака на дистрибутивни трансформатори за Електродистрибуција Београд во износ од 1.780.000,00 еур. и договор за изработка и испорака на расклопни апарати за Електропривреда на Република Србија во износ од 550.000,00 еур. Со потпишувањето на овие договори се реализираат претходно преземените активности за извоз на електроопрема, и се очекува во 2014 година да се реализираат и други договори…
повеќе...Величенствено и достоинствено збратимување на училиштата од Лескоец и Лесковац
Величенствено и достоинствено! Прекрасно и незаборавно! Вака напросто може да се опише збратимувањето на двете училишта „Ванчо Николески“ од Лескоец (Македонија) и „Светозар Марковиќ“ од Лесковац (Србија) кои во Лесковац во Републкика Србија, на ден 12.12.2013 година пред стотина присутни гости ја потпишаа Повелбата за збратимување. Имено, осумчлена делегација од ОУ „Ванчо Николески“ – Лескоец, предводена од синдикалниот лидер проф. Димче Донески, од 11 до 13 декември 2013 беа гости на своите колеги од „Светозар Марковиќ“ – Лесковац, каде остварија бројни активности предвидени и со програмата на домаќините, но и…
повеќе...Србија 5:1 Македонија
Во рамките на последното коло од квалификационите натпревари за Светското првенство во Бразил 2014, Србија на стадионот во Јагодина ја совлада фудбалската репрезентација на Македонија со 5:1. Слабото издание на македонската репрезентација го искористи домаќинот-Србија и успеа да ја декласира нашата репрезентација, покажувајќи ни што претставува еден репрезентативен натпревар, и како се игра за државниот грб и покрај тоа што е последно коло, а шансите за пласман на Светко првенство одамна беа загубени. Српската репрезентација поведе со автоголот на Ристовски во 16 минута, а само 3 минути подоцна во 19…
повеќе...„Пљускови“ од Србија објави избор необјавени песни од охридскиот поет Пере Ристески
Електронското списание Пљускови од Белград – Србија, објави избор необјавени песни од охридскиот поет Пере Ристески. Превод и препев направи еден од најреномираните авангардни поети од Србија, Предраг Милојевиќ. Ова електронско списание пред се е ориентирано кон пронаоѓање и промовирање на нови литературни имиња на културната сцена во Србија и регионот. WebOhrid / Томчо Алексоски
повеќе...Туристичката понуда на Охрид претставена на манифестацијата „Жупска берба 2013“
Во рамките на реализацијата на програмата на Секторот за туризам и локален економски развој за активна туристичка, културна и економска соработка со партнерски градови, Општина Охрид како Град партнер зеде активно учество во рамките на јубилејната 50-та по ред Манифестација „Жупска берба 2013“ која викендов се одржа во Александровац, Република Србија. Пред голем број гости, посетители, новинари од највлијателните српски медиуми, дипломати, претставници на политичкиот и стопански естаблишмент на Република Србија и регионот на централна Србија, Охрид како град партнер со домаќинот, градот Александровац, беше промовиран на највисоко ниво на…
повеќе...Заврши мисијата на српските полицајци кои заедно со нивните охридски колеги се грижеа за безбедноста во Охрид
Денес заврши мисијата и работата на полициските службеници од Република Србија во Охрид. Нивната работна мисија е резултат на взаемна соработка помеѓу министерствата за внатрешни работи на Република Србија и Република Македонија. Во текот на изминатите два месеци, во две работни групи во Охрид, престојуваа и заедно со македонските полицајци се грижеа за безбедноста на граѓаните и туристите вкупно четири полициски службеници од полициските управи во Белград и Панчево. По повод успешното завршување на исклучително успешниот проект и работата на мешовитите македонско-српски полициски патроли денес полициските службеници Славољуб Стојилковиќ и…
повеќе...Во престижната „Илустрована Политика“ објавено интервју со градоначалникот Никола Бакрачески
Во најновиот број на престижната српска ревија „Илустрована политика“, објавено е широко интервју со градоначалникот Никола Бакрачески со наслов „Кардиолог за здравље вољеног града“. „Во нашата програма, чија цел е да се спречи натамошната урбанизација и нарушувањето на сето она по што овој град со децении беше препознатлив во светски рамки е приоритет над приоритетите“, – стои во интервјуто на градоначалникот Бакрачески за „Илустрована политика“.
повеќе...Македонија У-21 поразена од Србија во пријателски натпревар
Македонската репрезентација до 21 година загуби со 4-1 на контролниот натпревар против Србија одигран во Горни Милановац. Домашниот состав постигна два гола во првите десет минути од второто полувреме, македонската репрезентација преку Николов во 62-та минута намали на 2-1, Србија ја потврди победата во 71-та и 78-та минута со погодоците на Стојиљковиќ и Мркела. Македонија играше во состав – Илиев (Димитриевски), Китановски (Алиоски), Блажевски (Драгарски), Дамчевски (Најдоски), Ашковски, Мицевски (Велковски), Николов, Г.Жута (Тартуровски), Л.Жута (Радевски), Зајков, Ѓурѓевиќ (Ангелов). Натпреварот против Србија е подготовка пред пресметката со Норвешка во Осло на…
повеќе...