Објавен огласот за спортските стипендии „Спортска надеж“

500 млади и талентирани спортисти и годинава ќе бидат наградени од Агенцијата за млади и спорт со стипендијата „Спортска надеж“. Агенцијата за млади и спорт, оваа спортска категорија ја доделува на спортисти кои остваруваат резултати на официјални државни и меѓународни натпревари за возрасни категории до 20 години, во олимписки и параолимписки спортови, државјани на Република Македонија. Категоријата спортист – спортска надеж се доделува на спортисти во индивидуални и колективни спортови врз основа на остварени спортски резултати и врз основа на подготвена Ранг-листа на најуспешни млади спортисти до 20 години од…

повеќе...

Стипендии за летна школа во Италија

Општина Охрид континуирано остварува одлична соработка со општина Исео од Италија и европските партнери од мрежата, откако во мај 2014 година стана член на Европската мрежа на езера и градови со езера. Соработката се одвива во повеќе области, а најмногу во реализација на заедничките партнерски проекти како што се : Проект „100 концерти” Eвропскиот партнерски проект на млади музичари од различни европски држави; Европски музички камп, подготовка и реализација на концерти во Србија- Белград и Нови Сад и Словенија- Љубљана и Блед во 2014 год. Европскиот партнерски музички проект, треба…

повеќе...

Министерството за култура додели 30 стипендии за стручно усовршување

Триесет апликации прифатило Министерството за култура на конкурсот за 2015 година за стручно усовршување на млади уметници во сите дејности од културата и за едукација на дефицитарен кадар на престижни универзитети во светот. Конкурсот се објавува од 2008 година и до 2014-та се доделени вкупно 375 стипендии за кои Министерството годишно наменува по околу два милиона денари. Стипендиите се доделуваат за сите три циклуси на високо образование (додипломски, магистерски и докторски студии) и за специјализација. Годинашните стипендисти ќе се едуцираат на познати високообразовни институции во Париз, Лас Вегас, Бостон, Москва,…

повеќе...

Министерството за образование и наука доделува 2905 стипендии за студентите

Министерот за образование и наука м-р Абдилаќим Адеми, на денешната прес конфенреција, ги повика студентите да аплицираат по електронски пат за Конкурсот за доделување стипендии за студентите. „Станува збор за вкупно 2905 стипендии, за академската 2014/2015 година, кои се поделени во 3 групи. Како и минатата година министерството ќе додели 1500 стипендии за студенти од социјални категории; 630 стипендии за студенти кои постигнале особено висок успех во учењето, и тоа за студенти запишани на техничките факултети и медицинските науки кои постигнале просечен успех од I-та до тековно запишаната студиска година…

повеќе...

Известување за сите ученици од јавните и приватните средни училишта во РМ кои поднеле електронски апликации за стипендии

Се известуваат сите ученици од јавните и приватните средни училишта во Република Македонија кои поднесуваа електронски апликации за стипендии (400 социјални, 150 спортски и 50 талентирани) во периодот од 07-ми до 21-ви Ноември 2014-та година, а кои треба да достават документи за пријавената стипендија на ден 03.12.2014 (Среда) – истите да ги достават ден претходно на 02.12.2014 (Вторник) или ден потоа на 04.12.2014 (Четврток) во дадените временски рокови од 9 до 15 часот; бидејќи 03.12.2014 (Среда) е прогласен за неработен ден – Ден на Дрвото.

повеќе...

Доделени дваесет стипендии за пост дипломски студии на Сити колеџот во Солун

Заменик-министерот за образование и наука Спиро Ристовски присуствуваше на доделувањето стипендии за постдипломски студии на Сити колеџот во Солун, кој е дел од Универзитетот „Шефилд“ од Велика Британија. Висината на стипендиите изнесува 14.890 евра од кои 50 проценти ги обезбедува Министерството за образование и наука, а останатите Сити колеџот. Ристовски во оваа пригода појасни дека се работи за петтата генерација стипендисти од Република Македонија која ќе го формализира високото образование на оваа престижна високообразовна установа. „Да се биде студент на некој од врвните светски универзитети е голем личен успех на…

повеќе...

40 стипендии за доквалификација преку програмите на Академијата за менаџери

Министерството за образование и наука и оваа година доделува 40 стипендии во износ од 500 евра, за доквалификација на постдипломско ниво, преку програмите на Академијата за менаџери, каде предаваат реномирани професори од престижната високо образовна установа, Меѓународниот факултет на Универзитетот Шефилд, односно СИТИ Колеџот лоциран во Солун. 25 од стипендиите се за модулот „Стратешки маркетинг” во рамки на смеровите „Стратешки Менаџмент” и „Стратешки Маркетинг”, а 15 стипендии за модулот „Балканската економска средина во банкарството и финансиите“ во рамки на смерот „Финансии“. Конкурост за стипендиите е објавен денеска, на интернет страниците…

повеќе...

Министерството за образование и наука доделува 745 стипендии за средношколците за учебната 2014/2015

Министерството за образование и наука за учебната 2014/2015 година, доделува 745 стипендии за учениците кои учат во јавните и приватните училишта. Стипендиите се поделени во 6 категории и тоа: 400 стипендии за социјална поддршка на учениците; 80 стипендии за ученици со статус на деца без родители; 50 стипендии за ученици со посебни потреби; 150 стипендии за талентирани ученици – спортисти; 50 стипендии за талентирани ученици, од кои 45 се за учениците од јавните училишта, а 5 за учениците кои учат во приватни училишта, и 15 стипендии за ученици од угостителско…

повеќе...

Општината ги додели стипендиите за талентираните ученици и студенти

На пригоден начин денеска, општина Охрид ги додели стипендиите за 18 талентирани основци, 21 средношколец и 6 студенти кои по претходно распишан оглас втора година по ред ги доделува Локалната самоуправа. Стипендиите ги врачи претседателката на охридскиот Совет, Гордана Коњаноска која истакна дека целта на ваквиот проект е општината да даде допринос и да го олесни учењето и студирањето на младите охриѓани кои се нашата иднина, што беше едно од ветувањата и заложбите на градоначалникот Бакрачески максимално во рамки на можностите да се поддржат и стимулираат талентираните ученици и студенти.…

повеќе...