Запленети цигари, фалсификати, GPS уреди, автоделови и друго

Mинатата недела и за време на Велигденските празници, царинските службеници открија неколку обиди за криумчарење, при што привремено се задржани, цигари, фалсификати, GPS уреди, батерии за мобилни телефони, автоделови, анестетик и друго. Задржана е следната стока: Цигари – 130 штеки цигари YORK blue 100s со македонски акцизни маркички, откриени од страна на мобилните царински тимови, при контрола на турски автобус што сообраќал на релација Косово – Турција, управуван од косовски државјанин, пријавен за излез од државата на граничниот премин Деве Баир. Непријавените цигари, пронајдени во фабрички празнини под тоалетот и…

повеќе...

Кривична пријава за жител од струшко Велешта кој нелегално градел

Поради постоење на основи на сомнение за сторено казнено дело „бесправно градење“, криминалистичката полиција од полициската станица во Струга, поднесе кривична пријава против Џ.Ж. (49) од струшкото село Велешта. Пријавениот, без решение за изведување градежни работи кое би содржело одобрена техничка документација, во Струга неовластено започнал со градба на настрешница во функција на деловниот простор во колективна стамбена зграда во Струга. Нелегалната градба ја започнал како инвеститор на катарстарската парцела број 2096/24 КО Струга, на улицата „Владо Малески“. По извршен увид на 17ти март оваа година, градежен инспектор на Општина…

повеќе...

Пожар од запален оџак во Делогожда

На 26.04.2016 година во 01.30 часот во с.Делогожда, струшко, во куќа сопственост на Р.М. (53) од запален оџак настанал пожар при што изгорела половина од кровната конструкција, дел од мебелот во поткровјето и дел од покуќнината. Од страна на Територијалната противпожарна единица-Струга пожарот е изгаснат. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на ПС-Струга, а повредени лица нема.

повеќе...

Прикрај изградбата на атмосферската канализација во Ботун

Пред сам крај е изградбата на атмосферската канализација за улицата во Ботун, каде Градоначалникот Игор Трајкоски изврши увид на лице место врз градежните активности. Градоначалникот истакна дека, оваа улица, особено при обилни врнежи им причинува проблем на населението, кои минуваат оттука, оттука и потребата од канализирање на атмосферските води. Атмосферската канализација е изведена со бетонски цевки со попречен профил од 1000 мм, со вкупна должина од околу 300 метри и истата е дел од проектот за реконструкција на улица во с. Ботун со должина од 1 км. Во наредниот период…

повеќе...

Кривична пријава за две лица од Скопје поради фалсификување пари

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „фалсификување на пари “, полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против И.К. (47) и И.В. (45) двајцата од Скопје. Откако претходно прибавил лажни пари со намера да ги пушти во оптек како вистински, И.К. на 28 март оваа година во маркет во струшкото село Мислешево, употребил односно во промет пуштил лажна банкнота од 500 денари. Тој, на каса побарал да купи цигари „Ронхил“, за кои платил со лажна банкнота од 500 денари и 10 денари метални пари. По добивањето на…

повеќе...

Можности за соработка на охридските основни училишта со „Јахја Кемал“

Заменик градоначалникот на Охрид, Ангел Јанев денеска оствари протоколарна средба со Мустафа Атил, новиот директор на основното училиште кое функционира при образовната институција „Јахја Кемал“ од Струга. На средбата од двете страни беше изразена желбата за меѓусебна соработка кога станува збор за реализација на проекти во основните училишта. Се разгледуваа можностите и за организирање на натпревари на кои би учествувале ученици и од државните и приватни училишта. Во насока на градење заедничка соработка основното училиште при „Јахја Кемал“ доби отворена покана со своја екипа да учествува на манифестацијата „ Детски…

повеќе...

Кривична пријава за жител од струшко Корошишта поради разбојништво

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „разбојништво“, полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против Е.Р. (25) од струшкото село Корошишта. Пријавениот, на 10 март оваа година во продавница лоцирана на улицата „Моша Пијаде“ во Струга, влегол вооружен и маскиран и барал пари. Е.Р. со капуљача на главата, шал на устата и со пиштол во рака, влегол во продавницата и со висок тон, на вработените им се заканил дека ќе ги нападне викајќи им : „каде се парите, дајте ги парите, ќе ве убијам“. За мошне кратко…

повеќе...

Исчезната 32 годишна стружанка

Вчера во Полициската станица, Струга, А.Х.(41) пријавил дека на 14ти април од домот во непознат правец се оддалечила неговата сопруга Ш.Х.(32). Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

повеќе...

Кривична за лице од Дебар кое овозможувало употреба на дрога во струшки хотел

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „овозможување употреба на наркотични дроги и психотропни супстанции“, полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против Е.К. (21) од Дебар. На 26-ти јануари оваа година, пријавениот е затекнат во вршење на кривичното дело во еден хотел во Струга заедно со Б.И. (33) од Струга и Д.Б. (21) од Дебар. Тој, хотелската соба претходно ја изнајмил по што ги повикал двајцата пријатели овозможувајќи им консумирање наркотична дрога хероин. Поседувајќи квалитетни оперативни информации за можната средба, полициските службеници ги следеа движењата на пријавениот…

повеќе...

ОУ „Дебрца“ учествуваше на Саемот за наука и култура во „Јахја Кемал“

Во рамките на Саемот за култура и наука кој се одржа во приватното средно и основно училиште „Јахја Кемал“ во Струга, учествуваше ОУ„Дебрца“ с. Белчишта. Училиштето „Дебрца“ за прв пат присуствуваше со штанд, на кој беа презентирани разни експерименти од областа на математиката, хемијата, биологијата и информатиката. „Ваκвите настани покρај едуκација, нудат можност за афирмација на пријателството κаκо неодминлив дел од животот на сеκое дете.“- велат од ОУ „Дебрца“. WebOhrid

повеќе...