Кривична пријава за стружанец кој физички нападнал полициски службеник

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „спречување на службено лице при вршење на службено дејствие“, полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против Ш.А. (54) од Струга. На дванаесетти минатиот месец, пријавениот извршил физички напад врз полициски службеник од полициската станица во Струга, нанесувајќи му удари со раце и нозе во пределот на телото и вратот. Настанот се случил во угостителскиот објект „Палестина“ во Струга околу 16 часот, каде Ш.А. во алкохолизирана состојба со нож упатил закани по животот на сопственикот на ресторантот и започнал да го…

повеќе...

Концерт на КУД Дримкол од Вевчани вечерва во МНТ

КУД Дримкол од Вевчани денеска во 19 часот во новиот македонски народен театар во Скопје ќе одржи концерт со наслов „Едно видување еден век“.  „Темата се однесува на важноста на човечките меѓусебни пријателски односи во општественото денешно живеење, во ова сурово време, потребата од разговор човек со човека. Истото ќе биде презентирано и од членови актери на патувачкиот театар кој работи во склоп на КУД Дримкол, Вевчани. Во делот на фолклорната презентација ќе бидат застапени песни и ора од јужно и западно играорно подрачје“, вели претседателот на КУД Дримкол, Тошо…

повеќе...

Малолетник од Скопје спроведен во Воспитно поправен дом во Охрид поради тешки кражби

Поради постоење основи на сомнение за сторени девет кривични дела од кои пет „тешка кражба во обид“ и четири дела „одземање на моторно возило“, полициската станица од Струга поднесе кривична пријава еден малолетник роден 1998 година од Скопје. Пријавениот, тешките кражби ги извршил во текот на септември и октомври оваа година, од кои една во куќа во селото Радожда и четири во станови во Струга и населбата „Езерски Лозја“. Малолетникот користел подесен алат – „топокршач“ и насилно ги отворал влезните како и балконските врати во куќите и становите. Пријавениот малолетник…

повеќе...

Кривична за директор на ЈП „Октиси“ поради злоупотреба на службената положба и овластување

ПС Струга поднесе кривична пријава против Ф.Ш.(33) од Октиси директор на ЈП „Октиси“ поради постоење основано сомнение дека сторил кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“. Пријавениот во периодот од јуни до септември 2015 година, со неизвршување на својата службена должност не обезбедил нормално функционирање на техничката апаратура на резервоарот на вода за пиење и хлорирање на истата со што дошло до загадување на водата која ја користат жителите на с. Октиси.

повеќе...

Охрид, Струга и Поградец ќе бидат презентирани во Визмар-Германија

Туристичките потенцијали на крајезерските градови Охрид, Струга и Поградец, во месец февруари идната година, ќе бидат презентирани во Визмар во Германија. Ова беше најавено на денешната средба на заменик градоначалникот Ангел Јанев и претставникот на Секторот за туризам и локален економски развој Горан Мицкоски со Фридер Вајнхолд, претседател на Христијанската хуманитарна организација од Визмар во Германија. Во рамките на промоцијата, како што беше речено на средбата, би се одржале средби со раководството на Визмар, град кој исто како и Охрид е под заштита на УНЕСКО, а се планира и потпишување…

повеќе...

Кривична пријава за албански државјанин поради кражба и одземање на моторно возило

Поради постоење основи на сомнение за сторени девет казнени дела од кои 4 „тешка кражба“ и 5 „одземање на моторно возило“, полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против А.П.(23) од Либражд – Република Албанија. Тешките кражби, пријавениот ги извршил во текот на јули,октомври и ноември оваа година во авто-сервис, куќа и продавница во струшките села Долна Белица,Велешта, Радолишта и Заграчани. А.П. со кршење на стаклото од подрумска просторија, влегол во куќа во Долна Белица при што одзел 2 плазма телевизори, а со кршење на стакло од излог, од продавница…

повеќе...

Се обеси 82 годишен жител од струшко Мислешево

Вчера во 11.50 часот Б.П. (82) од с.Мислешево – Струга бил пронајден обесен со јаже поставено на греда во штала. Од страна на ИМП-Струга констатирана е смрт со видливи повреди на предниот дел од вратот. По наредба на Јавен Обвинител врз телото на починатиот нема да се врши обдукција, а телото е оставено на фамилијата за погреб.

повеќе...

Национална конференција во Струга за учество на младите во процесите на донесување на одлуки во образованиот процес

Коалицијата на младински организации СЕГА, во рамките на проектот „Застапување на младинска акција за учество во училиштата“,од 19 – 22 ноември во Струга, организира Национална конференција за учество на младите во процесите на донесување на одлуки во образовниот процес во насока на обезбедување на структурен дијалог помеѓу младите и донесувачите на одлуки. Конференцијата ќе ја отворат Марјан Спасески, Директор на Агенција за млади и спорт на Р. Македонија, и Зоран Илиески, Извршен Директор на Коалиција на младински организации СЕГА. Целта на проектот е да се иницира структурирано учество на младите…

повеќе...

Пронајдено исчезнатото лице од Враништа

Полициската станица од Струга, на 13-ти овој месец успешно ја заврши дводневната акција за пронаоѓање и спасување на жител на селото Враништа што претходно беше пријавен за исчезнат. Во акцијата, на местото викано „Врагудењца“ лоцирано во атарот на селото Радожда, беше пронајден К.Ц. (70) од струшкото село Враништа, кој ден претходно беше пријавен за исчезнат. Околу 13 часот и 30 минути, полициските службеници го забележаа К.Ц. во планинскиот дел источно од магистралниот пат Струга-Ќафасан. Тој бил во хипотермичка, свесна, но неконтактибилна состојба. После пронаоѓањето и првично дадената помош, К.Ц. со…

повеќе...

Стружанец со автомобил влетал во Црн Дрим и се удавил

Едно лице го загуби животот во сообраќајната незгода што вчера во 17 часот и 10 минути се случи на кеј „8 ноември“ во Струга во близина на реката Црн Дрим. На лице место починал Невзат М. (48) од Струга. Незгодата се случила во момент кога сега починатиот, управувајќи моторно возило марка „Даеву Нексија“ со струшки регистарски таблици, на кејот започнал да го придвижува возилото наназад. Притоа, се приближил до реката по што возилото излетало и паднало во водите на Црн Дрим. Поради брзината на водата во реката, возилото веднаш било…

повеќе...