Уште една успешна генерација на „Јахја Кемал“

Педесет и осум матуранти од познатото приватно училиште „Јахја Кемал“ ги добија завршните дипломи. Тие, своето школување ќе го продолжат на различни страни. Задоволни од училиштето се матурантите кои посебно го нагласуваат и стекнатото другарство и меѓусебно пријателство, а задоволни се и наставниците и раководителите со секоја новоизлезена завршна генерација. Од училиштето велат дека се горди на секоја успешна генерација од која бројни членови завршуваат на познатите македонски, но и светски универзитети од каде се враќаат како високо стручни капацитети подигнувајќи ја цената на трудот и на домашниот пазар. WebOhrid им…

повеќе...

Кривична пријава за стружанец поради злоупотреба на службена положба и овластување

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „злоупотреба на службена положба и овластување“, полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против Д.Б. (39) од Струга. Пријавениот, на 7 мај оваа година, во својство на менаџер во „АМД Струга“, без да спроведе законска постапка за издавање привремени регистарски таблици, издал четири времени таблици од кои две за патнички и две за товарни моторни возила. Тоа го направил со издавање на времените таблици на рака на физичко лице од струшкото село Ливада вработен во фирмата „Викторија инвест“ од Република Албанија.…

повеќе...

Продолжуваат успесите на учениците од „Јахја Кемал“

Учениците од Колеџот „Јахја Кемал“ од Струга продолжуваат да нижат успеси. Софија Димоска (физика), Сања Симоновиќ (математика) и Никола Грунчевски (математика) беа избрани за Државниот тим на Светската олимпијада. Ученикот Никола Грунчевски доби бронза, додека пак Сања Симоновиќ доби признание од Балканската математичка олимпијада. WebOhrid

повеќе...

Кривична пријава за лице од струшко Велешта поради тешка телесна повреда

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „тешка телесна повреда“, полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против Л.Н.(27) од струшкото село Велешта. Пријавениот, на први мај оваа година со нож го нападнал А.И. (21) од селото Велешта и му задал тешки телесни повреди на двете нозе. Настанот се случил околу 15 часот во центарот на селото во момент кога двајцата се разминувале со своите патнички моторни возила. Откако ги запреле возилата, сега пријавениот Л.Н. веднаш излегол и со нож го нападнал А.И. забивајќи му го сечивото најнапред…

повеќе...

Во Струга одржана работилница „Неколку езерски тајни“

Во соработка на учениците, родителите и наставниците од ОУ „Кочо Рацин“- с.Ивањевци- Могила и ОУ „Кочо Рацин“ – Охрид деновиве во Струга се одржа еднодневна работилница на тема„Неколку езерски тајни“ . Автори се Весела Богдановиќ од ОУ „Кочо Рацин“- с.Ивањевци- Могила и Виолета Петковска и ОУ „Кочо Рацин“ – Охрид Во реализација на активностите се вклучија и наставниците Весна Карадакоска, Јулија Крстева како и ученици од другите одделенија во улога на соработници на наставниците и ментори на помалите другарчиња. Претходни активности- – Индивидуални истражувања за своите места – Ги откривам тајните на моето…

повеќе...

Кривична пријава за стружанец поради бесправно градење

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „Бесправно градење“, полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против Г.А.(47) од струшкото село Џепин. Пријавениот, без соодветно одобрение започнал градежни активности за надградба на поткровје на својата куќа лоцирана на улицата „Марко Цепенков“ во Струга. На 21 април оваа година, градежен инспектор при општина Струга извршил увид во градежните активности на куќата заведена на катарстарската парцела број 2044 – КО Струга. Од увидот и контролата на објектот во градба, градежниот инсектор затекнал објект во фаза на карабина со изведени арматурно…

повеќе...

Лица од Делогожда и Велешта затекнати при купопродажба на дрога во Охрид

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „Неовластено производство и пуштање во промет на опојни дроги и психотропни супстанци и прекурсори“ СВР Охрид поднесе кривична пријава против А.Р.(31),Е.З.(30) двајцата од Охрид, Ф.К.(27) од струшкото село Делогожда, А.Х.(21) и Б.И.(24), двајцата од струшкото село Велешта. По добиени оперативни сознанија, полициските инспектори ги затекнаа пријавените при купопродажба на опојна дрога марихуана што била претходно договорена да се реализира на улицата „Васил Стефоски“ во Охрид во близина на брегот на Охридското езеро. Притоа, пронајдена е една сива најлонска кеса облепена со…

повеќе...

Во четврток вечерна богослужба и литија во црквата „Св.Георгиј“ – Струга

На 7- ми мај (четврток),  во 16:00 часот, во црквата „Св.Георгиј“ во Струга ќе се служи вечерна богослужба со која ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј. Во 17:30 часот ќе се одржи традиционалната Еордија – литија со светите мошти од „Св.Георгиј“ и неговата чудотворна икона.

повеќе...

Награди за најдобрите на натпреварите во „Јахја Кемал“

Учениците од Колеџот „Јахја Кемал“ – Струга, изминатиот период учествуваа на повеќе натпреварувања, со што се закитија со многубројни награди и признанија. Тие се натпреваруваа во читање (март-април), био модел натпревар, фото натпревар по екологија, натпревар по македонски јазик, натпревар во хербариум, натпревар по албански јазик, натпревар во експерименти, натпревар во карикатури, турска олимпијада, натпревар по мајчин јазик (8-ми март), натпревар по читање (февруари), турнир во фудбалче, турнир во пинг-понг. Директорот Исмаил Ердил на најдобите ученици им врачи подароци, медали и сертификати. Од „Јахја Кемал“  упатуваат честитки до нивните ученици и им…

повеќе...

Меѓународниот ден на танцот одбележан во „Јахја Кемал“

Меѓународниот ден на танцот, 29-ти април, денес беше одбележан и во Колеџот „Јахја Кемал“ – Струга. Наставниците и учениците од „Јахја Кемал“, точно во 11:00 часот, со танц во дворот од Колеџот,  му се приклучија на светот во прославувањето на овој Ден.

повеќе...