Театарот за деца и младинци со нов ентериер

Театарот за деца и младинци е целосно ентериерно уреден со проект и финансии на Министерството за култура. Има нови седишта во гледалиштето, нова електрична инсталација, ново фоаје и тоалети. Покрај обновената внатрешност, оваа национална установа е и доекипирана – вработени се осум нови актери, по двајца режисери и драматурзи и административен кадар. Театарот денеска го посети министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска, која е задоволна што во краток рок е извршена реконструкција со која театарот доби нов изглед и е ставен во функција, и вечер во нов амбиент ќе ја изведе…

повеќе...

Членови на УМС на ВМРО-ДПМНЕ ќе ја одиграат „Македонска крвава свадба“

Унијата на млади сили на ВМРО – ДПМНЕ од Охрид, сите почитувачи и љубители на театарот и добрата театарска претстава, ги кани на претставата „МАКЕДОНСКА КРВАВА СВАДБА“ што ќе се игра утре, сабота, во Центарот за култура „Григор Прличев“. Претставата е со почеток во 19:00 часот. Истата ја подготвија и ќе ја играат членови на УМС. Влезот е слободен.

повеќе...

Детското драмско студио врши упис на нови членови

Од НУ Центар за култура „Григор Прличев“ – Охрид / Народен Театар Охрид, информираат дека Детското драмско студио врши упис на членови, на возраст од 7 до 17 години. Сите заинтересирани љубители можат да се запишат во просториите на НУ Центар за култура „Григор Прличев“ – Охрид. Телефон за контакт 046/ 261-063.

повеќе...

Одиграна првата премиера „Најважната работа на светот“ во Велес

На големата сцена на новиот велешки театар „Јордан Хаџи Константинов Џинот“ синоќа се одигра првата премиера комедијата „Најважната работа на светот“, по текст на Братислав Димитров ,а ја режира Љубиша Георгиевски … Претставата ја проследија и премиерот Никола Груевски, претседателот Ѓорѓе Иванов, министерката за култура Елизабета Канческа Милевска и заменик министерот Драган Недељковиќ, како и бројна публика. Министерката за култура Канческа Милевска изрази благодарност до сите актери и вработени во театарот за нивниот придонес и посветеност. „Велес е град со голема традиција и историја во областа на театарот и мислам…

повеќе...

Театри, филхармониja и професионални ансамбли за народни игри и песни

Според податоците на Државниот завод за статистика, во сезоната 2013/2014 година, вкупниот број на прикажани претстави во професионалните театри е зголемен за 5.7%, а бројот на посетителите е зголемен за 0.8% во однос на сезоната 2012/2013 година. Просечниот број на посетители на една претстава изнесува 205. Во периодот 2013/2014 година, во однос на периодот 2012/2013 година, бројот на прикажаните претстави во професионалните театри за деца и млади е намален за 6.6%, а бројот на посетителите е намален за 18.6%. Бројот на прикажаните претстави во аматерските театри е зголемен за 10.7%,…

повеќе...

Претстави и концерт на роденденскиот неделен театарски маратон во МНТ

Повеќе од 150 претстави кои ги проследија околу 83.000 посетители, како и пет успешни премиери ја одбележаа првата година од првата театарска изведба на Македонскиот народен театар во новиот објект. По тој повод в недела МНТ ќе понуди богата целодневна програма во рамки на која ќе се одржи голем театарски маратон. Програмата денеска на прес-конференција во МНТ ја презентираше уметничкиот директор на таа национална установа, Дејан Пројковски, кој рече дека ќе бидат изведени претставите: „Госпоѓа министерка“ во 11 часот, „Сомнително лице“ во 14 часот, „Свадбата на Фигаро“ во 16 часот,…

повеќе...

Министерката Канческа-Милевска на проба на претставата со која ќе се отвори новиот Велешки театар

Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска, градоначалникот на Велес Славчо Чадиев и директорот на Велешкиот театар Јордан Витанов денеска присуствуваа на проба од подготовката на првата премиера во новата театарска зграда во Велес – претставата „Најважната работа на светот“ од Братислав Димитров во режија на Љубиша Георгиевски… Канческа-Милевска изјави дека претставата има одлична екипа која и досега покажала одлични резултати и му се заблагодари на професорот Љубиша Георгиевски кој прифати да ја режира. Оцени дека пробите се одвиваат согласно со предвидената динамика. „Во претставата ќе бидат прикажани сите можности кои ги…

повеќе...

На 20-ти ноември „Детектор за лаги“ повторно пред охридската публика

Охридскиот народен театар на 20-ти ноември (четврток), со почеток во 20:00 часот, во Центарот за култура „Григор Прличев“ ќе ја одигра театарската претстава „Детектор за лаги“, во режија на Ненад Витанов, а текст од Василиј Сигарев. Во претставата играат Јасмина Билаловиќ, Никола Тодороски, Стрезо Стаматоски, Сценографија: Филип Коруновски, Костимографија: Александра Крнинова Груев.  Влезот чини 100 денари.

повеќе...

Отворена изложбата „100 години театар во Скопје“

Во Македонскиот народен театар синоќа беше отворена изложбата „100 години театар во Скопје“ на Музејот на театарски уметности на Србија од Белград. Изложбата, која е дел од програмата за одбележување 10 години од Форумот на словенски култури, ја отворија министерката за култура Елизабета Канческа Милевска и амбасадорката на Република Србија во Република Македонија, Душанка Дивјак Томиќ. Министерката за култура во своето обраќање пред присутните оцени дека постановката е скапоцен документ и приказ за развојот на институцијата, која е театарска гордост на Македонија, но и потврда за одличните односи помеѓу Република…

повеќе...

Бурен аплауз за актерите на Драмскиот театар во Виена

Со бурен аплауз и со овации беа испратени актерите на Драмскиот театар, кои во престижниот театар „Акцент“ во Виена, со претставата „Последните Македонци“ во режија на Сашо Миленковски, ја отворија манифестацијата „Денови на македонската култура во Австрија“, која се одржува во рамките на прославата на 20-годишнината од дипломатските односи меѓу Република Македонија и Република Австрија … Претставата „Последните Македонци“ беше изведена пред повеќе од 300 посетители, меѓу кои и директорот на Драмскиот театар Роберт Вељановски; амбасадорот на РМ во Виена, д-р Ѓорѓи Филипов; Роберт Петрески, заменик-секретар на Македонската културна заедница…

повеќе...