Кривична за жители од Горенци и Требеништа кај кои е пронајдено нелегално оружје

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи”, СВР Охрид поднесе кривична пријава против С.Т.(36) од охридското село Горенци како и против Н.С.(54) од селото Требеништа. На 20-ти минатиот месец, по писмена наредба од Судија на претходна постапка, полициските оперативци извршија претрес во домот на С.Т. во селото Горенци. Притоа, пронајдоа 3 пушки, 127 куршуми различен калибар, 3 празни кожни реденици за муниција и 2 прибори за чистење на оружје. Тој, оружјето и муницијата ги поседувал нелегално односно немал…

повеќе...

ВМРО-ДПМНЕ Дебрца најостро го осудува насилството во Требеништа и бара расчистување на случајот

ВМРО-ДПМНЕ ОИШ Дебрца испрати соопштение до медиумите во кое стои: „ОИШ Дебрца, Кандидатот за Градоначалник и кандидатите за членовите на советот најостро го осудуваат насилството и вчерашниот инцидент што се случил во просториите на изборниот штаб во село Требеништа. Ги повикуваме надлежните институции до крај да го расчистат случајот и да се преземат мерки согласно законите во Република Македонија.“ – се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ ОИШ Дебрца.

повеќе...

Пријавен обид за полов напад во штаб на политичка партија

Вчера околу 20:40 часот К.П. од с. Требеништа пријавила дека во просториите на штаб на политичка партија во с.Требеништа-општина Дебарца, лицето Ф.П. М. се обидело да изврши полов напад врз неа.

повеќе...

Започна реконструкцијата на водоводната мрежа во Требеништа

Градоначалникот Игор Трајкоски изврши увид врз градежните активности кои се одвиваат во Требеништа, каде започна да се врши Реконструкција на водоводната мрежа во селото. Согласно проектната документација предвидено е да се изгради целосно нова водоводна мрежа, со вкупна должина од 6,5 км, изведена од полиетиленски цефки со дијаметар ф-110мм, ф-90мм и ф-75мм, во моментов изведени се над 2,0 км водоводна мрежа. Реконструкцијата на водоводната мрежа во Требеништа е дел од Проектот „Водоснабдување и одведување на отпадни води” кој го реализира Владата на Република Македонија преку Министерството за транспорт и врски…

повеќе...

Три лица повредени во сообраќајка кај Требеништа

Две лица се здобија со лесни, а едно со тешки телесни повреди во сообраќајната незгода што денес во 12 часот и 10 минути се случи на магистралниот пат Охрид-Кичево, на потегот помеѓу селата Горенци и Требеништа. Тешката сообраќајната незгода се случила при разминување помеѓу патничко моторно возило марка „Опел корса“ со струшки регистарски таблици кое се движело во правец од Охрид кон Кичево и возило „Хундаи“ со охридски регистарски ознаки кое сообраќало во обратен правец. Во момент на разминување на двете возила, дошло до судар со предните страни од автомобилите.…

повеќе...

Едно лице повредено во сообраќајка на патот Охрид -Кичево

Вчера во 15.30 часот на магистралниот пат Охрид-Кичево, помеѓу селата Требеништа и Мешеишта, се случила сообраќајна незгода во која Е.У. (54) од с.Зајас, кичевско, управувајќи ПМВ „Опел Астра“ со охридски регистарски ознаки, изгубил контрола над возилото и излетал надвор од коловозот. Во незгодата Е.У. се здобил со тешка телесна повреда (фрактура на лева клучна коска) и по укажаната лекарска помош во болницата „Св.Еразмо“ е пуштен на домашно лекување. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР-Охрид.

повеќе...

Премиерот Груевски во посета на општина Дебрца

Денес Премиерот Никола Груевски заедно со Државниот секретар Божидар Петроски, Пратениците Лилјана Затуроска и Момчило Аврамоски и Градоначалникот на општина Дебрца, Игор Трајкоски свечено го пуштија во употреба реконструираниот водовод во село Ботун и реконструираното училиште во село Требеништа и исто така беа дел од поставувањето на камен- темелник на колекторскиот ситем во село Мешеишта . „Денес, јас можам да кажам дека сум горд што успеавме да стигниме до реализација на овој капитален проект за колекторскиот ситем кој е многу значаен за овие села од општина Дебрца каде што за…

повеќе...

Премиерот Груевски утре во работна посета на општина Дебрца

Премиерот на Република Македонија, Никола Груевски утре доаѓа во работна посета на општина Дебрца. Според најавите, Груевски ќе присуствува на свеченото пуштање во употреба на реконструираниот водовод во село Ботун, потоа ќе присуствува и на поставувањето на камен-темелник на колекторскиот систем во село Мешеишта. Премиерот Груевски исто така ќе присуствува и на свеченот пушттање во употреба на реконструираното училиште и повеќенаменската балон сала во селото Требеништа.

повеќе...

Поставен камен-темелник на резервоарот за вода во Требеништа

Поставен камен-темелник на резервоарот за вода во Требеништа. Со изградбата на резервоарот ќе се реши долгогодишниот проблем на жителите од Требеништа за здрава и чиста вода за пиење. Досега населението со вода за пиење се снабдуваше од каптажа-резервоар која се наоѓа во непосредна близина на новиот резервоар. „Поради непостоењето на класичен резервоар за вода во летните месеци се јавува недостиг од вода. Од тие причини е пристапено кон изградба на нов резервоар за вода што ќе ги задоволи потребите на селото Требеништа во наредните десетици години. Новиот резервоар ќе биде…

повеќе...

Утре во Требеништа ќе биде поставен камен темелник на резервоар за вода

Од Општина Дебрца информираат дека утре со почеток во 11 часот ќе биде поставен камен- темелник на местото каде што ќе се гради резервоар за вода во селото Требеништа. На поставувањето на камен-темелникот ќе присуствува градоначалникот на општина Дебрца, Игор Трајкоски.

повеќе...