Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот од 25-ти до 28-ми Септември, 2014 година ја промовираше Македонија на интернационалниот саем за туризам JATA во Токио, Јапонија 2014 година. На овој саем втора година по ред учествува и Република Македонија во организација на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот со што на мапата на светот се претстави како привлечна и сеуште неоткриена дестинација за Јапонските туристи. АППТ организираше и изложба на фотографии од Македонија направени од познатиот јапонски фотограф Tatsuki Hironiko. Со оваа изложба успеавме да привлечеме голем број на…
повеќе...Tag: туризам
Странските туристи се побројни во Струга
Како Струга нема друга! Така најверојатно им се прикажува Македонија на странските туроператори кои се почесто ги носат туристите кон Струга. А Струга, како да ја продолжува туристичката сезона од септември во октомври, а како тргнало со новите групи на странци, најверојатно и ноември ќе биде посакувана дестинација за гости од европските и воневропските земји. А зошто да не ?! И Струга го има Охридското Езеро и прекрасното западно крајбрежје на кое од лето во лето никнуваат луксузни плажи и хотелски комплекси. Очигледно стружани решиле сериозно да се тркаат со…
повеќе...Атрактивни камп-приколки ја исполнија Туристичка
Летото во Охрид трае. Туристи има уште и тоа странски и полски и холандски, но и француски. И тоа забележително и атрактивно! Пример и доказ за продолженото охридско туристичко лето се и овие француски камп-приколки и камп-камионети кои ја исполнија Туристичка! WebOhrid
повеќе...Намален бројот на туристи во земјава
Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на туристите во јули 2014 година изнесува 107 231, а бројот на ноќевањата изнесува 478 911. Бројот на туристите во јули 2014 година, во однос на јули 2013 година, е намален за 3.9%, а бројот на ноќевањата е намален за 7.0%. Бројот на домашните туристи во јули 2014 година, во однос на јули 2013 година, е намален за 14.1%, а бројот на странските туристи е зголемен за 9.9%. Бројот на ноќевањата на домашните туристи во јули 2014 година, во однос на јули…
повеќе...Вулканот во Косел интересен за Холанѓаните
Вулканот „Дувало“ во Косел буди интерес кај туристите. Нашата екипа затекна група туристи од Холандија, кои што денес се одлучиле да го посетат ова место. Имено, оваа група холандски туристи, покрај вулканот во Косел покажа огромен интерес за руралниот туризам во Охрид и околината. Како што изјавија за WebOhrid, тие биле презадоволни од убавините кои ги поседува нашиот град. Претходно, туристите посетиле и некои од околните населби, а ги посетиле и винариите низ Македонија. WebOhrid
повеќе...Пешевски: Соработка со странски туроператори за повеќе туристи
Соработката со странските туроператори е од исклучителна важност за Македонија при изнаоѓање нови пазари, можности и потенцијали за промоција и достојно претставување во областа на туризмот на глобално ниво. Тоа го истакнал вицепремиерот Владимир Пешевски на средбаta со претседателот на Светската асоцијација за активен туризам, Крис Дојл и учесници од караванот „Недела на авантури“. На средбата се анализирани можностите за соработка со странски туроператори од Северна Америка и Западна Европа, соопшти Кабинетот на вицепремиерот Пешевски. Овој вид соработка ќе придонесе за зголемување на бројот на странски туристи кои ја посетуваат…
повеќе...Градот Охрид од Македонија е скриен скапоцен камен во Европа
Со овој наслов престижниот „Yahoo Travel“, ги објасни фотографиите од Охрид кои ги објави денеска на неговата фан страна на Facebook која има 344 886 следбеници. „Yahoo Travel“ е познат магазин кој прави репортажи од светски познатите и популарни туристички дестинации. Инаку периодов во Охрид престојуваат 26 интернационални медиуми и туроператори кои се дел од „Недела на авантури – Западен Балкан“. Дел од учесниците на турата се: главниот уредник на National Geographic Traveler, Кит Белоус, уредничката на Yahoo Travel, Џо Пиаза и уредничката за југоисточна и источна Европа на Lonely…
повеќе...Mакедонија дел од AdventureWeek Western Balkans „Недела на авантури – Западен Балкан“
Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот на Р.Македонија во соработка со проектот на УСАИД за експанзија на мали бизниси и Интернационалната Асоцијација за Активен Туризам (Adventure Travel Trade Association – ATTA) организираа „Недела на авантури – Западен Балкан“. Група од 26 интернационални медиуми и туроператори на 31-ви август (недела) 2014, на граничниот премин Св. Наум беа пречекани од Кристијан Џамбазовски, директорот на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот. По преминувањето на границата групата и директорот Џамбазовски патуваа на велосипеди до манастирот Св. Наум. Во текот на наредните четири…
повеќе...Холивудска продуцентска компанија ќе снима кратки промотивни филмови за Македонија
Согласно програмските активности на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот во однос на активностите за промовирање на Македонија како атрактивна туристичка дестинација започна и соработката со Холивудскaта продуцентска компанија, Infinity pictures and HMB (Hollywood Media Bridge). АППТ од 24-ти до 10-ти септември ќе организира инфо тура за Percy von Lipinski- репортер, новинар, продуцент, Phil Goldfine – филмски продуцент, Timothy Marlowe – филмски продуцент, Rob Haber- снимател/камерман и Jacqueline Vinzelberg- новинар преку која ќе се запознаат со природните и културните убавини на нашата земја. Со нескриено воодушевување од богатствата која…
повеќе...Премиерот и министерката за култура во обиколка на локациите за промоција на културно наследство и туризам во Охрид
Премиерот Никола Груевски и министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска денеска ги посетија локациите низ Охрид каде се завршени или е во тек реализацијата на проекти насочени за промоција на богатото културно наследство во градот, но и за унапредување на културниот туризам во регионот … „Во Охрид ги промовираме фасадите на три објекти во централното градско подрачје кои се целосно завршени во рамки на проектот за обнова на фасади во старите градски јадра низ земјата. Во изминатиот период се завршени уште седум објекти, со целосно реновирани фасади меѓу кои и куќата…
повеќе...