„Бело лето“ ја отвори туристичката сезона во Охрид

Во организација на Општина Охрид, со промоција на традиционалните занаети на малиот плоштад и официјално синоќа започна овогодинешната манифестација „Бело лето“  која полека, но сигурно станува препознатлив бренд  за одбележување на почетокот на летната туристичка сезона во Охрид.    Централниот настан на годинешната манифестација беше спектакуларниот настап со самостоен концерт на момците од групата „Нокаут“, кои пред охриѓани и гостите на плоштадот во Охрид го претставија нивниот албум, но ги  отсвирија нивните најголеми хитови. Вечерта со свој сет настапи и диџеј Насти Делукс. Сите културни институции во Охрид, како и…

повеќе...

Цените на угостителските услуги во јуни на исто ниво како и во мај

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на цените на угостителските услуги во јуни 2014 година, во споредба со мај 2014 година, остана на исто ниво.  Индексот на цените на угостителските услуги во јуни 2014 година, во однос на истиот месец од претходната година, е намален за 1.5%.  Кумулативниот индекс на цените на угостителските услуги за периодот јануари-јуни 2014 година, во однос на истиот период од минатата година, е намален за 0.6%, додека во однос на декември 2013 година е зголемен за 0.2%.

повеќе...

Интегрална изјава на градоначалникот Бакрачески по однос на работата на плажите за оваа летна сезона

Во целост ја пренесуваме интегралната изјава на градоначалникот Бакрачески по однос на работата на плажите за оваа летна сезона. Во неа стои: „Во текот на вчерашниот ден на иницијатива на локалната самоуправа и општинскиот инспекторат  во просториите на општинската зграда се одржа работна средба  на која што беа поканети сите концесионери на плажите на охридското крајбрежје. Беа присутни  и претставници на СВР- Охрид,Управата за јавни приходи, пазарниот инспекторат  и претставници од  Црвен Крст односно сите оние релевантни субјекти кои што имаат обврска да го регулираат  реализирањето  на дејноста на концесионерите…

повеќе...

Продолжено работното време на угостителските објекти

Со 17 гласови за и 4 воздржани советниците во Советот на Општина Охрид  на денешната 25- та седница ја изгласаа предлог одлуката за продолжување на работното време на угостителските објекти. Во деновите кога во Охрид  се случуваат  значајни културни настани и манифестации се продолжува работното време на угостителските објекти за два часа и тоа: на  трети  и петти јули;  први, втори, трети, осми, деветти  и десетти  август и на шести, седми  и осми  септември 2014 година. Работното време на угостителските објекти се продолжува за 1 час во деновите:  единаесетти, дванаесетти,…

повеќе...

Туроператори и новинари од Р.Бугарија во посета на Р.Македонија

Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот на Република Македонија организираше тридневна инфо тура за тур оператори и новинари од Р.Бугарија. Во работните простории на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот седум туроператори од Р.Бугарија деновиве одржаа B2B средби со претставници од  туристичкиот сектор, туристички агенции и хотелијери од Македонија. Претставници од АППТ им ги презентираа можностите на Македонија како туристичка дестинација и субвенционирањето за странски организиран туристички промет согласно Правилникот за начинот, видот и висината на субвенциите. Беа остварени средби со следниве тур опертори: Chris Travel LTD, TOUR…

повеќе...

Со „Бело лето“ стартува туристичката сезона во Охрид

Со  промотивната културно-забавна манифестација „Бело лето”  што ќе се одржи на четврти јули и годинава во Охрид официјално ќе  стартува летната туристичката сезона.  Случувањето  започнува  со промоција на традиционалните занаети на малиот плоштад во  Охрид. „Сите посетители ќе имаат можност на лице место да се запознаат со изработките на занаетчиите во градов, кои што ќе понудат екстра попуст на своите производи до 20 % “, рече  на денешната средба со новинарите Ѓоко Апостолов од Секторот за туризам и локален економски развој. Централно случување на манифестацијата ќе биде концертот  на популарната музичка…

повеќе...

Засилени инспекциски контроли во пресрет на летната туристичка сезона

Во пресрет на летната туристичка сезона,  денес во просториите на Секторот за туризам и локален економски развој се одржа координативен состанок со инспекциските служби. На состанокот што го водеше секретарот на општина Охрид, Димитар Спасески беа присутни претставници од општинскиот инспекторат, пазарната инспекција, управата за јавни приходи, СВР Охрид како и претставник од сообраќајната полиција. Целта на состанокот беше да се направи координација на активностите кои ќе се превземаат во текот на летната сезона. На состанокот беа разгледувани проблемите со дивите станоиздавачи, нелиценцираните туристички водичи, дивите такси превозници, како и…

повеќе...

Станоиздавачите на кои им истекол рокот на решението за категоризиција, да поднесат барање за продолжување

Сите станоиздавачи од мал обем, на кои им истекол рокот на решението за категоризација, должни се да поднесат ново барање за продолжување на решението за извршена категоризација на угостителски објекти за сместување од мал обем. Согласно Законот за угостителска дејност (Сл. Весник на РМ бр. 62/04, 89/08, 115/10, 53/11, 141/12, 164/13 и 187/13) член 33 став 1, важноста на Решението за извршена категоризација на угостителски објекти  трае 3 (три) години од денот на изготвување на истото. За физичките лица кои издаваат легла во сместувачките капацитети од мал обем, а немаат…

повеќе...

Холандските туристи ја славеа победата на нивната фудбалска репрезентација

Холандските туристи кои престојуваат во Охрид ја бодреа нивната репрезентација гледајќи го фудбалскиот натпревар Шпанија-Холандија низ охридските кафулиња. Нивното расположение беше навистина големо откако Холандија успеа да ја победи Шпанија со 5:1.

повеќе...

Зголемен бројот на туристи во април годинава

Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на туристите во април 2014 година изнесува 44 478, а бројот на ноќевањата изнесува 94 033.  Бројот на туристите во април 2014 година, во однос на април 2013 година, е зголемен за 5.0%, а бројот на ноќевањата е зголемен за 0.6%.  Бројот на домашните туристи во април 2014 година, во однос на април 2013 година, е зголемен за 12.4%, а бројот на странските туристи е зголемен за 1.1%.  Бројот на ноќевањата на домашните туристи во април 2014 година, во однос на април…

повеќе...