Градоначалникот Бакрачески, денеска го посети отворениот ден на Факултетот за туризам и угостителство – Охрид. Тој на присутните средношколци им порача дека програмите кои ги нуди овај факултет и пријатната атмосфера ќе бидат одлучувачки за некои од нив своето школување да го продолжат токму во оваа високо образовна институција. „Факултетот за туризам и угостителство е расадник на врвни професионалци во делот на туризмот и угостителството која што претставува една од суштинските и најважни стопански гранка во развојот на Охрид. Новите тематски содржини и новите програми кои што во континуитет професорите…
повеќе...Tag: туризам
Репортажи и фотографии за Охрид после промотивната тура „Охрид 2014“
Во рамките на Програмата за поттикнување на развојот на туризмот Општина Охрид организира промотивна тура „Охрид 2014“. На промотивната тура, која се одржа во Охрид од 4 до 6 април 2014 година, присуствуваа претставници на туроператори, туристички агенции и медиуми од Турција, Албанија, Србија, Бугарија, Русија и Косово кои остварија директни средби со туроператорите и хотелските субјекти од Охрид. Во состав на турата, посетени беа најзначајните културни и туристички локалитети на градот и руралните средини, а пред туристичките субјекти беа претставени и можностите за развој на алтернативниот туризам. Целта на…
повеќе...Обука за еколошко означување на туристичките услуги
Во организација на Министерството за животна средина и просторно планирање и Регионалниот центар за животна средина, денеска во Општина Охрид се одржа обука за еколошко означување на туристичките услуги. Пред претставниците на туристичкичко- угосителскиот еснаф од Охрид и организаторите на обуката се обрати заменик- градоначалникот Ангел Јанев. „Во концепирањето на новите стратегии за развој на туризмот, доминира компонентата за неговата одржливост, односно избалансираност на социо- економскиот развој и заштитата на човековата околина.Воведувањето на еколошки означени туристички услуги, во чија основа лежи одржливиот развој, ќе покаже дека носителите на еколошката ознака…
повеќе...Зголемен бројот на туристи и ноќевања
Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на туристите во февруари 2014 година изнесува 27 278, а бројот на ноќевањата изнесува 60 619. Бројот на туристите во февруари 2014 година, во однос на февруари 2013 година, е зголемен за 6.6%, а бројот на ноќевањата е зголемен за 3.9%. Бројот на домашните туристи во февруари 2014 година, во однос на февруари 2013 година, е зголемен за 10.3%, а бројот на странските туристи е зголемен за 4.1%. Бројот на ноќевањата на домашните туристи во февруари 2014 година, во однос на февруари 2013 година, е зголемен…
повеќе...Охрид ќе биде домаќин на светската туристичка бизнис елита
По повод големата Конференција за туризам што од 10 до 12 септември ќе се одржува во Охрид и Скопје ,а чиј покровител е Премиерот на Владата на Република Македонија, Никола Груевски и Генералниот секретаријат на Светската туристичка организација, денес градоначалникот Никола Бакрачески оствари работна средба со регионалниот директор за Европа на Светската туристичка организација UNWTO, Изабел Гарања. На средбата директорката Гарања го информира градоначалникот Бакрачески за суштината и важноста на Конференцијата за туризам која што покрај туристички и економски има и силен политички дел. Притоа градоначалникот Бакрачески го изрази…
повеќе...Информативната табла ги спаси загубените туристи на Галичица
Доколку двајцата туристи се загубеа на планината Галичица по синоќешното невреме тешко дека ќе можевме навреме да ги спасиме, велат од Националниот парк „Галичица“, од каде со брза интервенција пред невремето и пред да заврне снег успеаја живи и здрави да ги пронајдат 23-годишниот Словенец и една година помладата Полјакиња. Двајцата во текот на вчерашниот ден залутале низ планината, но успеале од една показна табла да прочитаат каде се, по што, околу 21:00 часот ја алармирале полицијата. Ренџерите од НП „Галичица“ по дојавата успеале за половина час да стигнат…
повеќе...Заврши промотивната тура „Охрид 2014“
Во рамки на активностите предвидени со Годишната програма на Секторот за туризам и локален економски развој при општина Охрид, во заедничка соработка со туристичко – угостителските субјекти од Охрид деновиве успешно беше реализирана “Промотивната Тура Охрид 2014“ која се одржа од 04 до 06 април 2014 година, на која присуствуваа околу 40-тина претставници од туроператори, туристички агенции и медиуми од Турција, Албанија, Србија, Бугарија, Русија и Косово. За остварување на целта, подобро запознавање со културните и природните убавини, туристичките потенцијали и можностите кои ги нуди градот, гостите имаа можност да…
повеќе...Јавен повик за финансирање на проекти од областа на одржливиот локален економски развој и туризмот за 2014
Согласно Програмата за поттикнување на развојот на туризмот на Општина Охрид и Програмата за поддршка на локалниот економски развој на Општина Охрид за 2014 година, Општина Охрид на 08.04.2014 објавува ЈАВЕН ПОВИК ЗА ФИНАНСИРАЊЕ НА ПРОЕКТИ ОД ОБЛАСТА НА ОДРЖЛИВИОТ ЛОКАЛЕН ЕКОНОМСКИ РАЗВОЈ И ТУРИЗМОТ ЗА 2014 г. УПАТСТВО ЗА АПЛИЦИРАЊЕ (pdf) АПЛИКАЦИОНЕН ФОРМУЛАР (word.doc) Кандидати кои можат да аплицираат се здруженија на граѓани, месни и урбани заедници и субјекти кои се заведени во регистарот за категоризација на угостителски објекти за сместување од мал обем и даватели на услуги во…
повеќе...Некој уште сега е спремен за летната сезона
И додека генерално во Охрид мака се мачи да се доведат туристи дел од приватните угостители не оставаат ништо на случајност и веќе од сега се спремни да ја дочекаат летната сезона. Еден од хотелот кој им пркоси на сите предизвици наречени економска криза секако дека е и „Ројал Вју“. Не туку така е одбрано ова име “Кралски поглед“ , затоа што со својата место положба има повеќе од кралски поглед. Од неговите ретко модерни апартмани, поточно од нивните тераси како на дланка се гледа целото охридско крајбрежје од црквата…
повеќе...Започна промотивната тура „Охрид 2014“
Во рамки на Локалната самоуправа и Секторот за туризам и локален економски развој, оваа година за прв пат се организира промотивна тура „Охрид 2014“ , во период од 03 – 06 Април. На турата присуствуваат околу четириесетина туроператори, туристички агенции и медиуми од емитивните подрачја, односно од Турција, Албанија, Бугарија, Русија, Косово и Србија. „Целта на оваа посета е гостите да се запознаат со туристичкиот потенцијал на Охрид, преку едно директно и непосредно нивно присуство, да се запознаат со сите оние специфични елементи на туризмот во Охрид. Предвидени се посети…
повеќе...