Градоначалникот Бакрачески ќе се сретне со угостителите од Охрид

Во среда (20 ноември) во големата сала на Општина Охрид со почеток во 10 часот, градоначалникот Никола Бакрачески и стручните служби на Локалната самоуправа ке остварат средба со претставници на угостителските субјекти во Охрид. На средбата предвидено е да стане збор за евалуацијата на изминатата летна туристичка сезона, како и подготовки за претстојните Новогодинешни празници и празникот Богојавление и подготовки за наредната летна туристичка сезона. Воедно, ќе се поведе и иницијатива за формирање на Работна Група за Угостителскиот Сектор, чија цел ќе биде редовна анализа на тековни состојби во угостителскиот…

повеќе...

Директорот на Царинската управа одржа академски час на Факултетот за туризам и угостителство

Директорот на Царинската управа во Охрид, одржа Академски час пред студентите од Факултетот за туризам и угостителство, насока Царина и шпедиција, при Универзитет Св.„Климент Охридски“– Битола. Пред присутните студенти директорот на царинска управа Ванчо Каргов предаваше на тема „Управување со работата и промените во Царинската управа“. Целта на предавањето е да им се покаже на студентите и практично што работи Царинската управа а не само она што се учи во книгите. Директорот Каргов истакна дека студентите од овај факулте се едни од најфрекфентните кандидати за прием на работа во Царинската…

повеќе...

Втора работилница за подготовка на стратегија за рурален развој

Општина Охрид преку Секторот за Туризам и Локален Економски Развој ги продолжува активностите за подготовка на Стратегија за Рурален Развој 2014- 2018. (прв стратешки документ на Општина Охрид од овој вид). За таа цел Одделението за Локален Економски Развој ќе организира втора работилница на 21 Октомври (Понеделник) со почеток од 12:00 часот во просториите на Секторот за Туризам и Локален Економски Развој со претставници на Месните Заедници од селата: Велгошти, Лескоец, Подмоље, Горно и Долно Лакочереј, Орман, Скребатно, Вапила, Косел, Ливоишта, Расино и Сирула, претставници од Урбанизам, Животна Средина, Фонд…

повеќе...

Во ТЛЕР се одржа работилница во насока на подготовка на стратегија за рурален развој

Денеска во Секторот за Туризам и Локален Економски Развој се одржа една од неколкуте работилници со цел сите чинители и инволвирани во руралниот развој со заедничко дефинирање на суштинските проблеми и приоритетни работи да помогнат во подготовката на финален документ – стратегија за рурален развој на Охрид за 2014- 2018 година. Од ТЛЕР велат дека ваква стратегија е повеќе од неопходна, бидејќи до сега не била донесена во Општина Охрид, а е многу битна како документ на кој што понатака ќе се повикуваат, Градоначалникот Никола Бакрачески, Советот и општинската администрација…

повеќе...

Ќе се формираат Здружение на приватни станоиздавачи и туристичка берза

За следното лето, на иницијатива на Локалната самоуправа и Секторот за туризам и локален економски развој, ќе се формираат Здружение на приватните станоиздавачи од помал обем и туристичка берза. На денешната средба  со приватните станоиздавачи од помал обем, туристичките агенции, инспекциските органи , Секторот за туризам и локален економски развој и пазарната инспекција, градоначалникот Никола Бакрачески најави, дека Локалната самоуправа веќе разработува и модел со кој во интерес на развојот на туризмот, ќе ги субвенционира приватните станоиздавачи. „Одржувањето на овој состанок со дел од  чинителите од областа на туризмот е…

повеќе...

Презентирани официјалните податоци за годинешната летна туристичка сезона

Презентирање на активностите и резултатите од работата на Секторот за локален и еконоски развој за оваа сезона, беше целта на денешната прес конференција, која се одржа во во просториите на Секторот за туризам и локален економски развој. На прес средбата говореа градоначалникот Никола Бакрачески и раководителот на Секторот за Туризам и Локален Економски Развој, Ѓоко Апостолов. „Во овој преглед можам да ви кажам некои оптимистички податоци кои што спротивно на она што оваа година ни ги понудија временските услови, кои до крајот на јули беа непогодни за привремен престој и…

повеќе...

Владата бара идеи за најдобар модел за концесионирање со „Македонско село“

Портпаролот на Владата на Република Македонија, Александар Ѓорѓиев на прес-конференција изјави дека проектот туристички комплекс Македонско село кој е дел од Програмата на Владата на Република Македонија, и како таков тој влегува во завршната фаза од својата реализација. Во однос на завршувањето на градежните работи, Владата е информирана дека најдоцна до крајот на годината ќе бидат завршени сите градежни работи на овој проект и тој ќе биде спремен за пуштање во употреба на почетокот на следната 2014 година. Она што е најбитно е дека Владата за оваа цел, и од…

повеќе...

Организирани групи руски туристи од идната година доаѓаат во Охрид

Од идната година Охрид очекува Организирани групи руски туристи и воспоставување директни чартер летови од Охрид до Москва, беше заклучено на денешната средба меѓу претставниците на Секторот за Локален Економски Развој и генералниот менаџер на „7TOUR“ компанијата од Москва- Русија , кој е во неколкудневна работна посета на Охрид. „Секторот за Туризам и Локален Економски Развој на руската делегација им ги предочи сите позитивни карактеристики на охридскиот туризам од аспект и надлежност на Локалната самоуправа. Позитивно би било кога Македонија би влегла како опција на сите туристички саеми , со…

повеќе...

Изречена глоба на нелегален туристички водич

Со цел воведување ред во туристичката дејност и подобрување на туристичките услуги во Охрид, од страна на општинскиот инспекторат во соработка со секторот за Туризам и ЛЕР, вчера, беше спроведена координирана акција за спречување на диви водичи. Акцијата се спроведе на повеќе локации од градот: Плаошник, Св Софија, Плоштад, музеј на вода- Заливот на Коските и Св. Наум.   На локалитетите евдентирани беа 12 водичи, со групи од повеќе земји, кои вршеа организиран разглед на културно-историските знаменитости во Охрид.  На локалитетот Св Наум беше затекнат нелегален туристички водич без лиценца, лице…

повеќе...

„Охридско Лето“ – најуспешен туристички настан за 2013

Фестивалот „Охридско Лето“ е  најуспешен туристички настан за 2013 година според Министерството за економија.  На денешната свеченот по повод светскиот ден на туризмот- 27 септември, признанитето за најкултурен настан и беше врачено на директорката на најреномираната културна манифестација, Елизабета Јанкуловска. Според неа заслугата е на целиот тим кој посветено работи во насока на продолжување на успешната традиција од 53 години на врвот на светската уметничка сцена. „Навистина сме благодарни но и почестени што го добивме ова признание кое ги потврдува нашите заложби, културата да биде еден од главните чинители во…

повеќе...