Ученици од ОУ „Св.Климент Охридски“ во посета на печатницата Летра-дизајн

Учениците од прво одделение од Основното училиште „Св.Климент Охридски“, заедно со своите наставнички беа во посета на печатницата Летра-дизајн. Во рамки на посетата вработените од печатницата ги запознаа учениците со својот асортиман кој го печатат и како се одвива процесот на печатење и добивање готов производ. Учениците со интерес ги рагледуваа печатарските машини. Сите ученици добија поклон од печатницата со што радосно и полни со впечатоци заминаа.

повеќе...

Успешен настап на ОУ„Кочо Рацин“ на Државниот натпревар „Пионерски семафор“

Овој викенд во Скопје се одржа Државниот натпревар „Детски семафор 2017“ година на кој учество зедоа ученици од Општина Охрид, кои претходно постигнаа одлични резултати на регионалниот натпревар што се одржа во Општина Кичево. Екипата на ОУ „Кочо Рацин“ која беше најдобро пласирана на општинскиот и регионалниот натпревар „Детски семафор 2017“ освои награди и на Државниот натпревар под менторство на проф. Јулија Крстева. Имено, Мартин Димитриевски од ОУ „Кочо Рацин“ Охрид го освои првото место, а во екипен пласман на Државниот натпревар „Детски семафор 2017“ екипата на Општина Охрид, го…

повеќе...

Во ОУ „Григор Прличев“ се одржа работилница „Изворска – извор на креативност“

Во ОУ „Григор Прличев“ Охрид, денес се одржа работилница на тема „Изворска – извор на креативност“. На работилницата учествуваа учениците од 4-то одделение. Целта на работилницата беше учениците да се едуцираатт за тоа κолκу е важно да конзумираме вода во текот на денот.  „Со глина беше изработено шише и се печеше глината и добивме магнет за на фрижидер.“ – велат од училиштето. Сеκој учениκ доби магнет изворска вода и еколошκо торбе и флаерче. WebOhrid

повеќе...

Ученик од ОУ „Григор Прличев“ меѓу најуспешните на Државниот натпревар по информатика

И оваа учебна година ученикот Христијан Дончески VII одделение од ОУ „Григор Прличев“ повторно меѓу најуспешните. На XI-тиот државниот натпревар по информатика за апликативни вештини го освои II место. Под водство на менторот Марина Џепароска Танасоска со Halloween game се здоби со бесплатна обука во Semos edukacija.

повеќе...

Ученици од ОУ „Христо Узунов“дел од Балканското првенство во карате во Турција

Тројцата  ученици во ОУ„Христо Узунов“, каратистите Мартина Петреска, Симон Петрески и Горан Вранишкоски како дел од државната репрезентација заминаа на Балканското првенство во карате, а кое се одржува во Истанбул-Турција. „Тројцата ќе се натпреваруваат во своите категории од каде очекуваме и одличја. Среќно!“ – велат од училиштето.

повеќе...

Дечињата од градинките „Лихнида и „Развигорче“ во посета на ОУ „Христо Узунов“

Поголемата група на деца од градинките „Лихнида“ и „Развигорче“, кои идната година ќе бидат првачиња, денес беа во посета на ОУ „Христо Узунов“ Охрид. „Целта е идните првачиња да се прилагодат на условите на училиштето. Тие се запознаа со воспитно – образовниот процес, посетија училници од одделенска настава, спортската сала, училишната библиотека, училишната кујна, директорската канцеларија, како и спортските терени околу училштето, се со цел подобро да се запознаат со новата средина.“ – информираат од училиштето.  Посетата беше организирана во соработка со директорот на ОУ „Христо Узунов“, Тони Симоновски и директорката на…

повеќе...

Основци од „Кочо Рацин“ меѓу најдобрите на Регионалниот натпревар „Пионерски семафор-2017“

Вчера во ОУ „Реџо Рушит Зајази“ во Кичево се одржа Регионалниот натпревар „Пионерски семафор-2017“ за училиштата од југозападниот дел на Македонија. Во натпреварувачката помала категорија, најдобри резултати покажа Мартин Димитриевски од ОУ „Кочо Рацин“-Охрид. Тој го освои првото место, а четвртото место го освои негпвата соученичка од истото школо Христина Вељановска. Тимот на „Кочо Рацин“, предводен од менторот Јулија Крстева, во екипен генерален пласман го освои второто место, а првото место го освои екипата на Кичево. Според предвидените пропозиции, најдобро пласираните шест ученици во двете категории од Регионалниот, ќе учествуваат на…

повеќе...

Учениците од ОУ „Григор Прличев“ и годинава меѓу најдобрите на Државниот натпревар по физика

На 13.5.2017 година во ОУ „Христо Узунов“ во Охрид се одржа 41 Државен натпревар по физика за основно образование, на кој учествуваа вкупно 320 ученици од осмо и деветто одделение. Учениците од ОУ „Григор Прличев“ од Охрид и оваа година беа меѓу најдобрите. Ученичката Ана Димоска од IX одделение постигна најдобар резултат на натпреварот освојувајќи прва награда со максимум 100 поени. Јана Петреска од VIII одделение освои трета награда, а ученикот Петар Мишов VIII одделение освои пофалница.У Ментор на учениците е наставничката по физика Славица Јолакоска Таштаноска.

повеќе...

ОУ „Св. Климент Охридски“ со хепенинг на градскиот плоштад

По повод завршувањето на учебната година, ОУ „Св. Климент Охридски“ – Охрид денес на градскиот плоштад, одржа хепенинг под мотото „Приказна за моето училиште“. На хепенингот беа презентирани дел од активностите, условите и можностите на ова училиште.

повеќе...

Меѓугенерациска средба помеѓу учениците од ОУ „Живко Чинго“ и охридските пензионери

Во Основното училиште „Живко Чинго“ во Велгошти се одржа Меѓугенерациска средба помеѓу учениците и пензионерите од Месниот огранок. Меѓугенерациската средба беше во организација на училштето „Живко Чинго“ и ЗП Охрид и Дебрца. Оваа средба е прва во руралните средини, бидејќи досега вакви средби претходно беа одржани во градските училишта. Меѓугенерациската средба зпочна со средба на учениците и преставниците на ЗП Охрид и Дебрца на која учениците беа запознати со целта на средбата и нејзиното значење, како се доаѓа до пензионер, како го пополнуваат слободното време и каков треба да биде…

повеќе...