Спортски натпревар во ОУ „Кочо Рацин“ по повод завршувањето на учебната година

Во ОУ „Кочо Рацин“ Охрид, се одржа спортски настан по повод завршувањето на учебната година, но и во чест на успехот на РК „Вардар“. Како што информираат од училиштето, по извршена анкета било одлучено дека најомилени спортски активности на основците им се фудбал, ракомет и кошарка. Беше одржан натпревар помеѓу родителите и учениците и со нив учителката. На натпреварот победија учениците со резултат 2:5.

повеќе...

Златен медал за ученичката Христина Митреска од ОУ „Христо Узунов“ на математичка олимпијада

На ден 03.06.2017 во просториите на Машински факултет – Скопје се одржа Јуниорската македонска математичка олимпијада (ЈММО) на која учествуваа најдобрите 60 ученици до 15,5 години од нашата држава (од VII, VIII, IX одд.основно и I год. средно). Ученичката Христина Митреска (IX одд.) од ОУ „Христо Узунов“ освои златен медал, ментор Виолета Китеска. Според постигањата на сите претходни натпревари по математика за основното образование како и олимпијадите од меѓународен карактер за основно и средно образование, кои се одржаа на територијата на Република Македонија во текот на оваа учебна година ученичката…

повеќе...

Проекција на краткометражниот игран филм за деца „Сказна за Вилен“ во ОУ „Св.Климент Охридски“

„Сказна за Вилен“, краткометражниот игран филм за деца во режија на Никица Мишева, ќе ја има својата прва проекција на 7. 6. 2017 (среда) во салата при ОУ „Св. Климент Охридски“ – Охрид со почеток во 10. 00 часот. Ова е прв македонски филм чие сценарио е работено според истоименото дело на познатиот македонски писател Глигор Поповски. Во реализацијата на филмот учествуваа Димитрие Ристески, камерман, и Тони Нически, монтажер. Главната улога му е доверена на Ѓорѓи Чинго, а во останатите улоги се појавуваат Марко Дуданов, Виктор Момировски, Смиле Наумоски и…

повеќе...

Две први места на Меѓународен литературен конкурс за учениците од ОУТУ „Ванчо Питошески“

На 8-от Меѓународен фестивал за поезија и проза „Јанош Сивери“ во Нови Сад, ученичките во трета година Дајана Сиљаноска и Марија Петреска од ОУТУ „Ванчо Питошески“ освоија две први награди за нивните поетски творби под менторство на професорот по македонски јазик и литература, Перчо Божиновски.

повеќе...

Поетесата Наталија Стрезовска од ОУ „Св.Климент Охридски“ повторно наградена

Наталија Стрезовска од ОУ „Св. Климент Охридски“ – Охрид се закити со втора награда за литературна творба на конкурсот на тема „Хуманоста во заштита на човековото добро и достоинство“ кој беше објавен од страна на Клубот за грижа за стари лица при Црвен крст – Охрид, а по повод одбележувањето на 8 Мај – Светскиот ден на Црвениот крст и Неделата на Црвениот крст (8 -15 мај), како и чествувањето на празникот на сесловенските просветители Св. Кирил и Методиј. Со својата творба под наслов „Имаме срце да го даруваме на…

повеќе...

Голем успех на учениците од ОУ„Григор Прличев“ на Државниот натпревар по Природни науки

Учениците од одделенска настава од V и IV одд. од ОУ„Григор Прличев“ Охрид на Државниот натпревар по Природни науки кои се одржаа изминатиот викенд остварија голем успех. На Државниот натпревар по Природни науки Петар Крцоски ученик во V одд. под менторство на одд.нас.Наташа Драгичевич освои прва награда со освоени максимални поени, Јана Патчева ученик во V одд. под менторство на одд.нас.Наташа Драгичевич освои втора награда, Ивана Веруш и Софија Милевска ученички во V одд. под менторство на одд.нас.Наташа Драгичевич освоија трета награда. На Државниот натпревар по Природни науки покрај петтооделенци…

повеќе...

Комеморативна седница во чест и спомен на Проф. Зоран Бачев

Во чест и спомен на Професор Зоран Бачев денес во Централната зграда на ОУ „Братство Единство“ се одржа Комеморативна седница. „Горди сме што беше дел од нашиот колектив, а воедно и многу тажни што прерано те изгубивме. Познавајќи те како борец, енергичен и упорен – надежта дека повторно ќе бидеш меѓу нас, меѓу своите, меѓу твоите, беше голема. Очекувавме дека повторно ќе се вратиш на работа и тоа како победник. Повторно ќе бидеш оној Баче, редовен математички точен на часовите, ведар, објективен, самокритичен и исклучително коректен. Во овие тешки моменти за…

повеќе...

Успешна учебна година на спортската секција при ОУ „Христо Узунов“

Спортската секција при ОУ „Христо Узунов“ – Охрид во изминатава учебна година имаше завидни резултати во одделни спортски дисциплини, на ниво на општина Охрид. Училиштето ги има постигнато овие резултати по спортски дисциплини: АТЛЕТИКА – женски (пионерки) 1. Марија Устијаноска – Освоено Прво место во дисциплината 300 метри 2. Стефанија Ристеска – Освоено Прво место во Скок во далечина 3. Марија Петреска – Освоено Трето место во дисциплината Фрлање ѓуле 4. ОУ Христо Узунов – Освоено Прво место во Штафетно трчање 4×60 метри АТЛЕТИКА – машки (пионери) 1. Филип Ѓоргоски…

повеќе...

Прво место за ученичка од ОУ „Григор Прличев“ на Државниот натпревар по македонски јазик

На 22.5.2017 во ОУ „Кочо Рацин “ Прилеп се одржа Државниот натпревар по македонски јазик каде ученичката Искра Атанасова –Митуш од ОУ „Григор Прличев“ го освои првото место, под менторство на наставничката Сузана Маленкова. Благодарение на успехот на ученичката следната 2018 година Државниот натпревар по македонски јазик ќе се одржи во ОУ „Григор Прличев“ Охрид.

повеќе...

СОСУ „Св.Кирил и Методиј“ ќе го одбележи патрониот празник

СОСУ „Св.Кирил и Методиј“ Охрид ќе го одбележи 24ти мај Денот на сесловенските просветители Свети Кирил и Методиј патрониот празник на училиштето. Чествувањето ќе се одржи вечерва во просториите на училиштето, со почеток во 18:00 часот. WebOhrid

повеќе...