Започна „Гимназијадата“ – ракомет се играше во Велгошти

Со натпреварите во фудбал, кошарка, ракомет, атлетика, футсал и одбојка од денес започна најавуваната спортска манифестација „Гимназијада“. Ракомет се играше во салата „Тодор Александров“ во Велгошти. Во првиот натпревар во женска конкуренција, „Васил Антевски – Дрен“ од Скопје го победи „Св.Климент Охридски“ од Охрид со резултат 21-6. Во вториот натпревар „Славчо Стојменски“ од Штип изгуби со 13-18 од „Гоце Делчев“ од Куманово. И во третиот натпревар, „Методија Митевски – Брицо“ од Скопје победи против „Васил Антевски – Дрен“ од Скопје со резултат 18-9. Во машка конкуренција, „Никола Карев“ од Скопје победи против…

повеќе...

Спортската сала „Тодор Александров“ – домаќин на спортската манифестација „Гимназијада“

Годинава за прв пат Охрид ќе биде домаќин на спортската манифестацијата Гимназијада, која ќе се одржи во месец мај. На неа директно ќе учествуваат околу 1000 средношколци поделени во 6 спортови (фудбал, кошарка, ракомет, атлетика, футсал и одбојка) и неколку промотивни спортови. „Во периодот од осми до десетти мај, спортската сала „Тодор Александров“ при ОУ „Живко Чинго“ ќе биде домаќин на „Гимназијадата“. Имено, спортските натпревари во ракомет овие три дена ќе се одржат во спортската сала во Велгошти. Спортската сала која е изградена од „Агенцијата за млади и спорт“ и која…

повеќе...

Учениците од ОУ „Живко Чинго“ се претставија во одлично светло во емисијата „Голем одмор“

Во средата на 23 април ,ученици од ОУ „Живко Чинго“ – Велгошти, Охрид  настапија на училишната програма „Голем одмор“ на Македонската радио телевизија. Вкупно 54 ученици со своите наставници – ментори го претставија своето училиште, својата работа и успеси, а воедно и селото Велгошти пред пошироката јавност во Република Македонија. „На огромно задоволство на учениците,а воедно и на родителите и целокупниот колектив на училиштето, децата со своите изведби се прикажаа во одлично светло. Богатата програма и веселиот дух на учениците ја направи емисијата разиграна и весела. Настапот во живо пред камерите…

повеќе...

ОУ „Живко Чинго“ присуствуваше на саемот во „Јахја Кемал“

Ученици од ОУ „Живко Чинго“, село Велгошти – Охрид, заедно со директорот Ѓоко Чингоски и наставниците од ова училиште денес  присуствуваа на саемот за наука и култура кој што се одржа и беше организиран од страна на „Јахја Кемал“ колеџот од Струга. Училиштето „Живко Чинго“ присуствуваше со посебен штанд и единствен,  каде беа претставени активностите на учениците преку разни експерименти и прикази од областа на географијата, физиката, хемијата, информатиката, техничкото и музичкото образование. Саемот беше збогатен со повеќе активности, а поканети беа сите основни и средни училишта од град Охрид. WebOhrid

повеќе...

Се поплочува патот до црквата Св.Климент во Велгошти

Јавното Претпријатие „НИСКОГРАДБА“ денеска извршуваа повеќе градежни зафати. Во Велгошти, кај црквата Св. Климент се врши подготовтка на патот за покривање со бехатон плочки, а во стариот дел на градот кај месноста „Канео“, црквата Св. Софија и кај малиот плоштад се врши проверка на пумпните станици.

повеќе...

Во Велгошти се одржаа традиционалните коњички трки

Традиционално и оваа година, на првиот ден од Велигден во Велгошти се одржаа коњичките трки. Пред присутните се обрати градоначалникот Никола Бакрачески. Со честитките за големиот христијански празник Велигден, со кој им посака да ги води добра мисла и искрена верба во Бога кои се основата за градење на заедничка среќна иднина и напредок на секој план, го означи почетокот на трките. Покрај со трките, денешната свеченост беше збогатена со богата културно уметничка програма на КУД  „Илинден“ и со традиционалното влечење на јаже помеѓу долна маала и горна маала. По…

повеќе...

Ученици од ОУ „Живко Чинго“ ќе го претстават своето училиште во емисијата „Голем одмор“ на МРТВ

На 23 април (среда), ОУ „Живко Чинго“ – Велгошти, Охрид, ќе настапи на училишната програма „Голем одмор“ на Македонската радио телевизија. Вкупно 54 ученици со своите наставници – ментори ќе ја имаат можноста да го претстават своето училиште, својата работа и успеси пред пошироката јавност во Република Македонија. Тоа ќе биде големо искуство за овие ученици, бидејќи емисијата е во живо. Ќе има песни, драматизации, ритмички точки, игри, квиз, работилници и многу други активности што самите ученици веќе подолго време подготвуваат за оваа прилика. ОУ „Живко Чинго“ е едно од…

повеќе...

Се санираат ударните дупки на повеќе улици во Велгошти

Со подобрувањето на временските прилики започна и санирањето на ударните дупки. Денеска се санираа ударните дупки на повеќе улици во селото Велгошти. Според однапред утврдена динамика  на Секторот за комунален развој и сообраќај, крпење на ударни дупки ќе се врши  на повеќе улици во градот и приградските населени места.

повеќе...

Иванов во Велгошти: Барам доверба за да работиме заедно за Македонија

Првиот митинг на ВМРО-ДПМНЕ и Ѓорге Иванов се одржа во охридското село Велгошти. Иванов оствари средба со жителите и пораче дека му претставува чест што кампањата ја започнува токму во Велгошти. „Кога се работи тимски и заедно секогаш резултатите се видливи! Барам доверба за да работиме заедно како тим за Македонија. Покажавме дека знаеме да ја сакаме Македонија и да се посветиме на граѓаните на Република Македонија. Таа љубов ни се враќа на сите избори, затоа ВМРО-ДПМНЕ победува. Затоа што е со својот народ! Затоа Македонија се гради, се гради…

повеќе...

Свечено одбележан патрониот празник на ОУ „Живко Чинго“ – Велгошти

Со свечена приредба, Основното училиште „Живко Чинго“ од Велгошти синоќа го одбележа патрониот празник на училиштето. Патрониот празник за прв пат годинава, надвор од Велгошти, се одбележа во Центарот за култура „Григор Прличев“. Пред исполнетата голема сала во Центарот за култура, во која присуствуваа родители, ученици и гости од градот и околината, учениците се претставија во одлично издание. Оваа година по повод патрониот празник на училиштето беше распишан литературен и ликовен конкурс на тема „Боите и звуците на нашата татковина“. Наградени се ликовните и литературните творби од одделенска и предметна…

повеќе...