Денес во Велгошти беше промовирана книгата „Одблесоци на Велгошти и манастирот Света Петка“ од авторот Вангелко Лозаноски. „Ова беше голема идеја да ви кажам искрено, затоа што јас пред 10 години на ова поднебје контактирав со манастирот и имав можност да се запознаам со многу работи за манастирот и за народот од ова поднебје“, – рече авторот Вангелко Лозаноски. Идејата да се напише книгата „Одблесоци на Велгошти и манастирот Света Петка“ се убавините на Велгошти и на манастирот Света Петка. „Идејата да се напише ова прекрасно дело, да се опише…
повеќе...Tag: велгошти
Непречено работи спортската сала во Велгошти
Спортската сала, „Тодор Александров“, сместена во дворот на ОУ „Живко Чинго“ во село Велгошти е во целосна употреба. Децата од училиштето часовите по фискултурно образование ги реализираат во неа, наскоро салата ќе биде изнајмувана и за комерцијални потреби. Спортската сала во Велгошти, официјално беше пуштена во употреба во март годинава од страна на Премиерот Никола Груевски. Овој објект години наназад чмаеше полу изграден со нерасчистени имотно-правни односи, оштетени ѕидови и искршени стакла. Реконструкцијата на салата започна на 21 септември 2012 година. Вредноста за реконструкцијата, санацијата и адаптацијата на спортскиот објект…
повеќе...Отворена градинка во други просторни услови во село Велгошти
Министерот за труд и социјална политика Диме Спасов, градоначалникот на Општина Охрид, Никола Бакрачески и директорот на Јавната општинска установа за деца – Детска градинка „Јасна Ристеска“, Розе Костеска отворија група за вршење на одделни услуги од својата дејност во други просторни услови во село Велгошти. „За помалку од две недели оваа е втора градинка во други просторни услови, што ја отвараме во општина Охрид. Со оваа градинка и со градинката во Лескоец значително се подобруваат условите за згрижување, сместување и воспитување на дечињата од предучилишната возраст. Општина Охрид е…
повеќе...Тимот на ВМРО-ДПМНЕ оствари средби со граѓани од повеќе населени места во Охрид
Тимот на ВМРО–ДПМНЕ, составен од претставници на централно и локално ниво во текот на вчерашниот ден извршија повеќе посети и средби со граѓани на повеќе населени места во охридскиот регион. Посетата заврши во с. Велгошти, кадешто директорот на Агенцијата за млади и спорт Александар Пујовски официјално ги предаде клучевите од салата „Тодор Александров“ на Локалната самоуправа, односно секретарот на Општина Охрид Димитар Спасески, кој потоа му ги предаде на директорот на основното училиште „Живко Чинго“. Со тоа, од денес оваа сала е ставена во употреба и во служба на учениците…
повеќе...Ѓоко Чингоски е новиот в.д. директор на ОУ „Живко Чинго“ во Велгошти
Ѓоко Чингоски, професор по производно техничко образование, е новиот в.д. директор на ОУ „Живко Чинго“ во село Велгошти. Чингоски доаѓа на местото на Мирјана Крлеска која поднела оставка и ја напушта директорската фотелја од лични причини. Функцијата директор во оваа образовна институција таа ја извршуваше од 2006 година.
повеќе...Се чисти речното корито на Велгошка Река
По налог на Општина Охрид, а согласно испланираните годишни редовни и вонредни активности, екипите на „Охридски Комуналец“ деновиве го расчистуваат речното корито на Велгошка Река, во близина на поранешната фабрика „Езерка“. Се работи комбинирано, со употреба на специјална механизација, но поради непристапноста на теренот голем дел од активностите за расчистување се одвиваат и рачно. Се очекува да се подигнат 30 м³ отпад: натрупана земја, чакал, пластична амбалажа и друг вид отпад. Со ова ќе се минимизира можноста за прелевање на водата од своето речно корито и поплавување на околното земјиште.
повеќе...Одбележана 100 годишнината од Охридското востание
По повод стогодишнината од Охридското востание, делегација од Општина Охрид и Месната заедница од Велгошти, како и политички партии и Здруженија на граѓани, положија свежо цвеќе пред спомен обележјето на загинатите во востанието во селото Велгошти. „Денес одбележуваме еден многу значаен настан, тоа е 100 години од кревањето на Охридското востание. Како локална самоуправа сакавме да дадеме свој белег за прв пат оваа година вака организирано да го одбележиме овој ден, одбележувањето на денешниот ден се поклопува со 100 годишнината од кревањето на Охридското востание“, – изјави секретарот на Општина…
повеќе...Почеток на учебната година во ОУ „Живко Чинго“ Велгошти
Денес во ОУ „Живко Чинго“ во с.Велгошти, официјално започна новата учебна година. Новите првоодделенчиња беа пречекани со пригодна програма од нивните наставници и повозрасни другарчиња кои им посакаа топло добредојде. Еве дел од атмосферата. На сите ученици, нивните родители и наставничкиот кадар нека им е среќна и успешна новата учебна година!
повеќе...Примопредавање на спортската сала „Тодор Александров“
Претставници на Агенцијата за млади и спорт во присуство на изведувачот „Алкон Проект“ и Надзорниот орган – градежен институт „Македонија“ беа во посета на спортската сала „Тодор Александров” во Велгошти. Тие извршија увид и констатираа дека спортската сала е подготвена за непречено користење од страна на жителите и спортистите од населеното место Велгошти. Со оваа посета од страна на претставниците на Агенцијата за млади и спорт, изведувачот и Надзорниот орган, се изврши целата законската процедура за предавање на спортската сала на Општината Охрид. По примопредавањето, со спортската сала ќе стопанисува…
повеќе...Јубилеј 25 години „Вечери на Живко Чинго“
На јубилејните 25 години од „Вечерите на Живко Чинго“, синоќа општина Охрид и Месната заедница Велгошти на достоинствен начин го чествуваа делото на великанот на Македонскиот роман и расказ, големиот Македонски раскажувач, романсиер и драмски писател Живко Чинго. Делегации на општина Охрид, Месната заедница Велгошти, политички партии, здруженија на граѓани и поединци положија свежо цвеќе пред споменикот на писателот. По прекрасните звуци на групата „Мерак“ , во прекрасниот амбиент на атаратот на црквата „Света Петка“ пред присутните се обрати претседателот на Советот на општина Охрид, д-р Гордана Коњановска. „Почитувано семејство…
повеќе...