Четвртата генерација деца успешно ја заврши интернационалната едукативна Бреинобреин програма

Четвртата генерација на деца кои ја посетуваат Бреинобреин програмата во Центарот за развивање на животни вештини БОБ-Црвен крст Охрид, успешно ја заврши интернационална едукативна Бреинобреин програма. Тие деновиве го положија последното десетто ниво и се стекнаа со меѓународно призната диплома. Како награда за својата посветеност и успех, предводени од тренерите тие уживаа во еднодневна екскурзија во прекрасната природа на Вевчани. Бреинобреин програмата во Центарот за развивање на животни вештини БОБ-Црвен крст Охрид, како прв франшизен центар на Балканот, започна да се имплементира во 2010 година и неа за 6 години…

повеќе...

Кривична пријава за жител од Вевчани кој бесправно градел

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Н.Б. (39) од с.Вевчани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење”. Во текот на 2017 година во Охрид пријавениот како инвеститор, без одобрение за градење, бесправно изградил приземен објект, градба од втора категорија за која што е потребно одобрение за градење. За истиот објект на 20.03.2017 година и на 29.03.2017година, од страна на овластен градежен инспектор при Одделение за инспекциски надзор при Општина Охрид извршен е инспекциски надзор при што истиот потврдил дека се работи за бесправно изграден објект, спротивно…

повеќе...

Премиерна изведба на претставата „Девојчето и дванаесетте месеци”

Во сабота, 25.02.2017 година, во 19:00 часот, во Домот на културата во Вевчани ќе се одржи премиерна изведба на претставата „Девојчето и дванаесетте месеци” во изведба на патувачкиот театар „Поклони се и падни”. Патувачкиот театар „Поклони се и падни“ работи во рамките на Здружението – КУД „Дримкол“ од Вевчани, кој успешно работи и зад себе има реализирано многу бројни претстави. Словачката народна приказна е работена според адаптираното сценарио на Љубица Баткоска, а е во режија на Душко Кукоски. Улогите ги толкуваат: Маре – Ева Костојчиноска, Таткото – Душко Кукоски, Маќеата…

повеќе...

Претседателот Иванов и дипломатскиот кор во посета на Вевчани

Претставниците на дипломатскиот кор, воените аташеа, претставници на меѓународни организации и почесните конзули во Република Македонија во рамки на традиционалниот прием што по повод новогодишните празници го организира Претседателот на Република Македонија д-р Горѓе Иванов, денеска ја посетија општина Вевчани. Во рамки на посетата на општината дипломатите ги посетија вевчанските извори и црквата „Свети Никола”, како дел од богатото културно-историско наследство на Дримколскиот крај. „Ова е мошне добра и плодотворна иницијатива на претседателот да организира вакви годишни средби и тоа надвор од главниот град. Тоа за нас е можност да…

повеќе...

Вевчанското нематеријално културно наследство-никулец за зачувување на етнокултурниот идентитет

Синоќа во „Младинскиот центар“ во Вевчани се одржа презентација на проектот „Вевчанското нематеријално културно наследство-никулец за зачувување на етнокултурниот идентитет“ реализиран од страна на КУД „Дримкол“ Вевчани, а подржан од Генералниот секретаријат на Владата на Република Македонија – сектор за подршка на невладини организации. Присутните на презентацијата имаа можност да се запознаат со следните резултати од проектот: • Брошура „Обреди и обичаи во Вевчани“ на македонски и англиски јазик, во која се опфатени позначајни празнувања проследени со обреди и обичаи од Вевчани, кои КУД „Дримкол“ ги зачувал преку автентично поставување…

повеќе...

Уште едно издание на Вевчанскиот карневал-една од најголемите и најуникатни културни знаменитости во државата

Општина Вевчани денеска ја презентираше програмата за претстојното издание на Вевчанскиот карневал 2017, една од најголемите и најуникатни културни знаменитости во државата. На презентацијата на програмата учествуваа дел од музичките изведувачи кои ќе настапат на годинашното издание, заменик министерот за култура, Драган Недељковиќ и Градоначалникот на општина Вевчани, Цветомир Угриноски. Вевчанскиот карневал се одржува еднаш во годината и го слави доаѓањето на Новата година според стариот календар. Вевчанци секоја година ја негуваат традицијата која трае со векови, и се маскираат на Василица. Годинава, продукцијата “Пасворд” е организатор на музичкиот и…

повеќе...

Со македонски чалгии заврши фестивалот за народна култура „Пображење“ Вевчани

Синоќа на анфитеатарот во Вевчани заврши шестото издание на фестивалот за народна култура „Пображење“ во организација на КУД „Дримкол“ од Вевчани. Фестивалот беше затворен со македонска чалгиска музика во изведба на ориент бенд „Чалгии“ од Скопје. Во име на организаторот, добредојде на публиката со песна им посакаа членовите на пејачката група „Каданка“ кој исполнија изворни песни од различни краишта на Македонија. Стручниот совет на фестивалот во состав: проф.др. Мирјана Мирческа, проф.др. Даворин Трпески, проф.др Велика Стојкова-Серафимовска, м-р Ивона Татарческа-Опетческа, Јовица Блажески и Наташа Кукоска синоќа ја доделија и плакетата „Чувари…

повеќе...

Утре започнува Фестивалот „Пображење“ во Вевчани

Во периодот од 17 до 19 Август Вевчани e домаќин на 6 по ред фестивал на народна култура „Пображење“ во организација на Културно Уметничкото Друштво „Дримкол“ од Вевчани. „Целта на овој фестивал е да ја презентира Македонската духовна култура и традиција, да овозможи запознавање на културата и традицијата од други земји низ светот, да ја збогати туристичката понуда на Вевчани. Вевчани одсекогаш бил достоен чувар на Македонската традиција, со векови го негува и презентира фолклорното творештво на својот народ, па токму затоа и овој фестивал е само уште една потврда за…

повеќе...

Годишен концерт на КУД „Дримкол“ – Вевчани

Вечерва во Домот на културата во Вевчани со почеток во 19:00 часот и во 20:30 часот, КУД „Дримкол“ ќе го одржи својот традиционален концерт пред својата најверна публика. На концертот ќе учествуваат сите фолклорни ансамбли, изворниот и народниот оркестар, пејачката група „Каданка“ како и нејзини солисти. На програмата се застапени соборски песни и ора од различни краишта на Македонија, но, најзастапено оваа година е Северо-источното играорно подрачје. „Годишниот концерт за нас представува многу значаен настан, бидејќи имаме прилика да презентираме целовечерна програма пред нашите Вевчанци кој секогаш со восхит не следат…

повеќе...

Вевчанските лазарки после 65 години повторно низ Вевчани

„…Пејте Лазарки по куќите,  по куќите Вевчански полни, рамни, овде јунак Лазаре за женен, овде мома Лазаре за можен, овде дете Лазаре за керштен…“ „Утре на Лазарева сабота, Вевчанските Лазарки после 65 години повторно низ Вевчани од срце ќе ги запеат Лазарските песни со желби за здравје, радост, бериќет, слога и љубов за сите, најавувајќи го доаѓањето на Христовото Воскресение – ВЕЛИГДЕН“– изјавуваат од КУД,,Дримкол,, – Вевчани. Лазарките поделени во две тајфи, Горнамалски и Долнамалски предводени од завељвачите и буљумбашите ќе го започнат обичајот во 08.30 часот од соборниот храм…

повеќе...