Кандидатот за градоначалник од редовите на ВМРО ДПМНЕ и Коалицијата, д-р Митко Тилевски денес одржа прес-конференција пред црквата Св. Софија, на која се осврна за проектите од Културата за развој на културниот туризам во Охрид. „Охрид – лулка на културните цивилазации, ризница од традиционални, историски и религиски вредности. Уникатните вредности во градот ни даваат насока и обврска за културен учинок во секоја активност која ја цениме како промотор на Охрид, почитување на неговите вредности и зачувување на градските ликови и нивните дела. Посветено работиме на градење и поттикнување на културата…
повеќе...Tag: вмро
Пецаков: Подобрување на условите за спортување, натпреварување и рекреирање
Носителот на листата за советници од ВМРО-ДПМНЕ Охрид, д-р Кирил Пецаков денес одржа прес-конференција, на која го најави новиот проект „Трибина и соблекувални на Билјанини извори“. Како што кажа тој, со реализација на проектите од областа на спортот и спортската инфраструктура, ќе се придонесе за подобрување на условите за спортување, натпреварување и рекреирање на сите граѓани. „Постојната трибина на фудбалскиот стадион со реконструкција ќе прерасне во современа трибина. Во рамките на трибината ќе има четири соблекувални, просторија за Атлетски клуб Охрид, и просторија на Општински фудбалски сојуз Охрид. Секогаш младите, младите, младите.…
повеќе...ВМРО-ДПМНЕ: Охрид секогаш ќе биде лулка на ВМРО-ДПМНЕ и стожерот на Македонија
Во просториите на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Охрид денес се одржа прес-конференција, на која говореа кандидатот за градоначалник д-р Митко Тилевски и носителот на советничката листа д-р Кирил Пецаков. „Заедно со останатите советници од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата застанувам гордо пред вас со остварлива визија и цел за Охрид со работа, дела и отчетност да се внесе во Новата Ера, гордо и достоинствено. За нас најважната работа е дадениот збор. Во изминатите четири години неуморно се реализираа најголем број проекти за кои дадовме збор, максимално се вложивме за изградба на Охрид како современа општина.…
повеќе...ВМРО-ДПМНЕ: Лагите на СДС веќе не минуваат кај граѓаните
ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид испрати реакција до медиумите во која стои: „СДС се прочитана приказна и мора да разберат дека празната реторика, лагите и манипулациите нема да ги решат проблемите на охриѓани. Ниту едно бледо соопштение на неспособниот СДС нема да може да го прикрие фактот дека сака да ги копира проектите на Локалната самоуправа предводена од ВМРО-ДПМНЕ кои претходно ги критикуваше. Охриѓани на вчерашниот народен во огромна масовност кажаа дека сакаат продолжување на светлата иднина за градот и ја дадоа поддршката за ВМРО-ДПМНЕ. Кога СДС зборува и критикува проекти кои…
повеќе...ВМРО-ДПМНЕ: СДС и нивните поддржувачи го туркаат Охрид во бездна сакајќи да го претворат во бегалски центар
ВМРО-ДПМНЕ OK Охрид испрати соопштение до медиумите во кое стои: „Почитувани граѓани, Од ден на ден сведоци сме дека СДС Охрид го покажува вистинското лице и на виделина излегуваат нивната ароганција и манипулациите со граѓаните. Националната стратегија за интегрирање бегалци и мигранти донесена од Владата на СДС како комплетно нова стратегија бара од Охрид можност за иградба на станбени единици. Денес, советниците од СДС, ВМРО НП, и советникот Дејан Пановски покажаа дека се продолжена рака на врхушката, со тоа што беа воздржани или ја напуштаа седницита на Совет, тие всушност…
повеќе...Соопштение од ВМРО-НП Охрид
ВМРО – Народна партија Охрид испрати соопштение до медиумите во кое стои: „Изминатиов месец сведоци сме на жестока политичка кампања против Договорот за добро соседство меѓу Република Македнија и Република Бугарија. Овој договор ги разбуди духовите на сите оние „патриоти” кои до последно се надеваа во некако нов сојуз на Балканот во кој би учествувала и Македонија. Со потпишување на декларацијата за добрососедство во 1999 година од страна на премиерите Љубчо Георгиевски и Иван Костов односите меѓу двете земји започнаа да се развиваат во нагорна линија. Македонија по време на…
повеќе...Претставници на ВМРО-ДПМНЕ на средба со жители од охридско
Во рамки на партиската агенда на ВМРО ДПМНЕ за градот Охрид, за време на викендот 08 и 09.07.2017 година престојуваа партиски преставници на ВМРО ДПМНЕ предводени од Сашо Стефаноски како и пратеникот Др. Љубен Арнаудов. Притоа, согласно агендата беа посетени месното население и заедници: Долно и Горно Лакочереј, село Подмоље како и Вапила и Ливоишта. Ваквата пракса за поблизок контакт и средби со граѓаните ќе продолжи и понатаму на различни локации.
повеќе...ВМРО-ДПМНЕ: Стопирањето на градбата на автопатите отвора сериозен сомнеж дека се подготвува криминал
Стопирањето на градбата на автопатите од страна на владата на СДС отвора сериозен сомнеж дека се спрема и подготвува криминал. Дел се работи за неспособност за менаџирање со проектите, но поглавната причина е сомнежот дека на голема врата се подготвува криминална деценијата. Обвини на денешната прес-конференција претседателката на Унија на жени на ОК ВМРО-ДПМНЕ Охрид, д-р Снежана Стефаноска. „Имено чим првата одлука на министерот за транспорт е стопирање на градба за која се обезбедени пари многу јасно е дека борбата е некои други фирми, блиски до СДС надвор од законите да…
повеќе...ВМРО-НП бара новата Влада да донесе одлука за раздружување на МЈП Проаква
ОК на ВМРО-ДПМНЕ Охрид испрати соопштение до медиумите во кое стои: „ВМРО – Народна партија од Охрид бара од новата влада на Република Македонија да донесе одлука за раздружување на МЈП Проаква. Бараме ова меѓуопштинското јавно претпријатие да се раздели на три единици: Водовод Охрид, Водовод Струга и Колекторскиот систем како посебно јавно претпријатие односно под државна капа. Со раздружувањето на МЈП Проаква на трите единици: Водовод Охрид, Водовод Струга и Колекторскиот систем ефектот од работата би бил поголем. Покрај раздружувањето на претпријатијата Водовод Охрид и Водовод Струга, ВМРО –…
повеќе...ВМРО-ДПМНЕ: СДС да продолжи со реализацијата на проектите од важност за граѓаните
ОК на ВМРО -ДПМЕ испрати реакција во врска со соопштението на ОО на СДСМ Охрид. Во неа стои: „СДС да почне да работи за доброто на граѓаните и да продолжи со реализацијата на проектите од важност за граѓаните, кои ВМРО-ДПМНЕ ги испланира и започна како што е автопатот Кичево – Охрид. Автопатот Кичево –Охрид е една од најкапиталните инвестиции во инфраструктурата во Република Македонија, која ја испланира и започна Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ и единствено што му останува на СДС е да го доврши овој проект од големо значење за…
повеќе...