Забрани за движење на тешки товарни возила на повеќе патни правци во земјава

Поради врнежи од снег, забрани за движење на тешки товарни возила има на патните правци: крак Маврово – Дебар, Гостивар – Кичево преку планинскиот премин Стража, Кичево – Охрид преку планинскиот премин Пресека и на патниот правец Крива Паланка – г. п. Деве Баир. Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози, а во западниот и северниот дел од државата, наместа со остатоци од снег по интервенција на екипите на Македонија пат.

повеќе...

Од денес календарски започнува зимата

Зимата во Македонија и на северната хемисфера на Земјата ќе почне денес во 11 часот 44 минути, а во истовреме на јужната Земјина полутопка ќе почне летото. На почетокот на зимата денот е најкраток, а ноќта најдолга. Денот ќе трае 9 часа и 7 минути. Метеоролозите за првиот зимски ден најавуваат сончево и студено време со слаб ветер. Минималната температура ќе се движи од -11 до -5 , а максималната од 3 до 9 степени. Зимата ќе заврши на 20 март 2017 година.

повеќе...

Снежна покривка го покри Охрид

Ноќеска во Охрид провејуваше слаб снег. Тенка снежна покривка го покри утрово туристичкиот центар. Во 8:00 часот во центарот на Охрид беше измерена температура од -2 степени целзиусови. Времето денес ќе биде претежно облачно и студено со засилен северен ветер и со повремени врнежи од снег со слаб до умерен интензитет, особено во источните делови. Помала снежна покривка ќе се формира и на пониските места, а на планините ќе се зголеми. Дневната највисока температура на воздухот ќе биде во интервалот од -2 до 4 степени. Утре и во четврток утрата ќе…

повеќе...

Од утре заладување и засилен ветер

Од утре Македонија ќе потпадне под влијание на многу студена воздушна маса од север што ќе услови појава на засилен северен ветер и значителен пад на температурата. Како што најави УХМР, врнежите во попладневните часови на планините и на повисоките места ќе преминуваат во снег. Од вторник ќе биде многу студено и ветровито, а можен е снег и во пониските делови. Дневната температура на места ќе се задржи околу нулата.

повеќе...

Облачно време со дожд

Времето денес ќе биде облачно со врнежи од дожд. На повисоките планини се очекува да падне снег. Според УХМР, пообилни врнежи ќе има во попладневните часови во северозападните и североисточните делови на земјата, а ќе дува умерен до засилен југозападен ветер.Минималната температура ќе се движи од четири до 10, а дневната од 10 до 16 Целзиусови степени. За утре метеоролозите најавуваат променливо облачно и посвежо време со сончеви периоди, а утринските температури на одредени места од земјата ќе се спуштат и под нулата.

повеќе...

Невреме во Албанија – исклучена струја, поплавени куќи, блокирани автопатишта

Лошото време и обилните врнежи од дожд што синоќа и утрово зафатија делови од Албанија предизвикале прекин на електричната енергија во поголем дел од главниот град на земјата, јавува дописникот на „Мета“ од Тирана. Од фирмата за дистрибуција на електрична енергија (ОШЕЕ) соопштиле дека некои од трансформаторите биле поплавени поради што морале да ја исклучат струјата за да можат да интервенираат и да го намалат нивото на водата. Во изминатите неколку часа, поради силните ветрови, имало големи бранови во морето, поради што два траекти кои сообраќаат на релацијата Валона –…

повеќе...

УХМР: Можни се излевања на реките

Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) предупредува на внимателно движење покрај водотеците и суводолиците. Оттаму велат дека обилните врнежи и истекувањата на водите можат да предизвикаат појава на свлечишта и на одрони. „Врнежите што паднаа во текот на ноќта, освен во западните делови на повисоките сливни подрачја, незначително влијаеа на водостојот на водотеците во земјава. Новите врнежи кои се очекуваат во текот на следните 24 часа, ќе ги зголемат водните количества во реките и во суводолиците“, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи. Според прогностичките модели, особена внимателност треба да се посвети…

повеќе...

Почнува зимското сметање на времето

Ноќеска, почнува зимското сметање на времето со поместување на стрелките на часовниците за еден час наназад. Така, три часот по полноќ ќе се смета како два часот. Зимското сметање на времето почнува последниот викенд во октомври и трае до последниот викенд на март.

повеќе...

Од денес календарски започнува есента

Календарски од денес на северната Земјина полутопка започнува есента. Новото годишно време ќе започне точно во 16 часот и 21 минута. Во исто време за жителите од јужната Земјина полутопка започнува пролетта. Есента ќе трае 91 ден и ќе заврши на 21 декември во 11 часот и 44 минути, кога кај нас и на северната хемисфера ќе започне зимата. Тоа значи дека до 21 декември, ноќта ќе се зголемува до 15 часа, а денот ќе се намали на само 9 часа.

повеќе...

УХМР: Невремето со веројатност на појавување еднаш во илјада години

Регистрираниот рекорден интензитет на невремето што завчера ја зафати Скопската котлина е со веројатност на појавување од 0,1 отсто или еднаш во илјада години, соопшти попладнево Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Според податоците на УХМР, невремето траело пет часа, од 17.20 до 22.10 часот во два интензивни налета. Вкупната количина врнежи според дождомерот изнесувала вкупно 92,9 милиметри. „Она што треба да се нагласи е дека измерена екстремна количина на врнежи со петчасовно траење и интензитет од 51,71 секунди на хектар. На главната метеоролошка станица во Скопје, на Зајчев рид, е…

повеќе...