Црвениот крст од Словенија во официјална посета на Црвен крст Охрид

Денес во рамките на официјалната посета, висока делегација на Црвениот крст од Словенија оствари средба со Црвениот крст на Македонија. Гостите од Словенија го посетија и Црвениот крст Охрид, каде што со раководството разменија искуства за начинот на организирање и спроведување на активностите од повеќе области на делувањето на Црвениот крст: прва помош, крводарителство, подготвеност и дејствување при катастрофи. Генералниот секретар на Црвениот крст од Словенија изјави дека е задоволен од техничката и стручна екипираност на охридскиот Црвен крст. „Делегацијата на Црвениот крст од Словенија дојде после потпишувањето на договорот,…

повеќе...

Анкета: Дали ќе излезете да гласате на 24-ти март?

Во анкетата на WebOhrid „Дали ќе излезете да гласате на 24-ти март?“, учествуваа 353 читатели. Од нив 76% ќе излезат да гласаат, 14% од испитаниците се уште не знаат дали ќе излезат на гласање, а додека пак 10% од анкетираните нема да го искористат своето право на глас, односно нема да излезат на гласање. Утре 23-ти март е изборниот молк, а на 24-ти март е денот кога граѓаните ќе го искористат своето право на глас. Во Охрид ќе се гласа на 73 избирачки места, а право на глас имаат 50.686 граѓани.…

повеќе...

Пандев влезе прекасно, Демири и Јаховиќ се разминаа, пораз за Шиков и Савиќ

Во италијанската Серија А, Киево победи со 2:0 против Наполи. За Наполи, Горан Пандев влезе во игра во 63 минута, но не можеше да влијае на резултатот кој беше поставен уште во првото полувреме. Во Швајцарија, Тун изгуби од Цирих со 0:4. Мухамед Демири и Адис Јаховиќ „се разминаа“ на овој натпревар. Мухамед Демири го започна натпреварот за Тун, а излезе од игра во 46 минута, додека пак за Цирих, Адис Јаховиќ влезе во игра во 63 минута кога веќе беше поставен конечниот резултат. Ванче Шиков го одигра целиот натпревар,…

повеќе...

Топлото време ја раздвижи чаршијата

Променливото и облачно време, не ги спречи охриѓани, ниту викендашите да го искористат слободното време за прошетка низ охридската чаршија и на кејот покрај Охридското Езеро. Поради топлото време кое достигна температура од 12 °С, во објектите на градскиот плоштад викендов се бараше место повеќе за да се испие попладневното кафе. Според метеоролозите, променливо облачно време со услови за врнежи од дожд ќе преовладува и во наредните денови, но сепак температурата ќе се задржи до 11 °С. Од четврток не очекува намалување на температурата.  WebOhrid

повеќе...

Активна сабота за нашите интернационалци

Мајнц успеа минимално со 1:0 да го победи тимот на Баер Леверкузен. Николче Новески го одигра целиот натпревар за Мајнц, а заработи и жолт картон. Вест Бромвич Албион победи со 2:1 на домашен терен против Свонси. Горан Попов иако ја „одлежа“ казната за црвениот картон и беше на клупата за резерви, сепак тренерот Стив Кларк не му даде шанса да влезе во игра. Рапид Виена одигра 2:2 против Матерзбург каде Илчо Наумоски влезе како тактичка замена во 90 минута, а веќе во следната минута од судиското продолжение заработи и жолт…

повеќе...

Сојузот на иднината отвори штаб наспроти Отекс

Синоќа во зградите наспроти главниот влез на Отекс, беше отворен штаб на Сојузот на иднината. На отворањето присуствуваше градоначалникот Александар Петрески, членовите од Советничката листа како и голем број на граѓани, симпатизери, поддржувачи на коалицијата. „Им благодариме на домаќините за овој прекрасен штаб овде, што го отвораме. Ова е победнички штаб, а така ќе биде и оваа година. Еве дојдоа уште 16 денови до изборите, се повеќе и повеќе граѓани, а и вие овде ја насетувате победата, јас овој пат очекувам убедлива победа во првиот круг, исто така и победа на советничката листа“.…

повеќе...

Самир Фазли со два гола му донесе победа на Хелмонд

Во вечерашниот дуел во холандската Еерсте дивизија помеѓу МВВ Мастрихт и Хелмонд Спорт, иако домашната екипа водеше на полувреме со 2:1, сепак со двата погодоци на нашиот репрезентативец Самир Фазли во второто полувреме, Хелмонд Спорт успеа да направи пресврт и да победи со 2:3. За домашниот тим на МВВ, целиот натпревар го одигра Антонио Станков. WebOhrid

повеќе...

Анкета: Што најчесто подарувате за 8-ми март?

На 8-ми март се слави Денот на жената, со што се покажува љубов и почит кон понежниот пол. Најчесто тоа се прави кон мајки, сопруги, сестри, пријателки, учителки, колешки. Сите сакаат нешто да подарат, онолку колку што можат, без разлика дали тоа е евтин или скап подарок, бидејќи понежниот пол знае тоа да го цени, ако навистина тоа е подарено од срце. Во анкетата на WebOhrid „Што најчесто подарувате за 8-ми март?“, учествуваа 125 читатели. Од нив 79% најчесто подаруваат симболичен подарок (цвеќе, честитки, бонбони, чоколади и сл.), мал процент…

повеќе...

Пофалба кон жената-мајка

Денес, во овој осмомартовски ден, како и секој ден досега, како и секоја измината година, како и секој миг изминат од мојот живот, повторно и денес, како и  за секоја мајка – нејзиниот син, така и  јас мојата прекрасна и најдоблесна мајка, мојата, и со големи букви од моево срце преку моиве усни изговорена МАЈКА, мојата топла прва лулка, моето прво млекце и прво мое залаче, моето топло прво гнездо, моето  прво седело, мојот најтопол шал среде сите лути зими, мојата ѕвезда деница среде сите минати, сегашни и можни идни…

повеќе...

Бакрачески: Тргнуваме во поход за Охрид

„Ми причинува особена чест и задоволство, денес токму од оваа говорница да го означам започнувањето на големата кампања за овие локални избори, со која што ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата За подобра Македонија ќе ја однесе победата“. Со овие зборови кандидатот за градоначалник на Охрид д-р Никола Бакрачески ја започна денешната прес конференција, која се одржа во комплексот Летница. „Ми претставува чест и задоволство што денес покрај мене се наоѓа групата на советници на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата За подобра Македонија, за која што верувам и сум цврсто убеден дека се најдобриот тим,…

повеќе...