Охрид, Охрид, убав мил, отсекогаш рај бил, особено во летните месеци кога доаѓаат туристи од сите краеви на светот. Период кога буквално сè е достапно за изнајмување, а зошто да не и за продажба!? Во овој случај се продава куќа веднаш до црквата „Св.Никола“ во „долна Влашка маала“. Сигурно секој би се запрашал што се продава, куќата или локацијата. Едно е сигурно – локацијата е атрактивна. WebOhrid
повеќе...Tag: веб охрид
Само Рајот може да има толку многу рајски птици
Пауните, често наречени рајски птици, претставуваат симбол на Св.Наум. Иако, според некои кажувања, пауните биле донесени на овој простор пред век и половина, тие изгледаат како отсекогаш да живееле овде, од самиот почеток, кога Бог го создал овој Рај. Ги има насекаде: во парковите, на дрвјата, на кровот од манастирот, а често и пред самата порта од овој храм, што претставува вистинска атракција за посетителите на ова свето место. WebOhrid
повеќе...Писмо: Радиодифузна или радиоконфузна такса!?
Денес ми стигна „честитка“ – сметка за радиодифузна такса за месец јануари 2014, со рок за плаќање до 15 февруари 2014. На сметката јасно се гледа дека печатот за испраќање е „удрен“ на 20 февруари, значи цели 5 дена покасно од предвидениот рок за плаќање. И убаво си пишува дека на износот што нема да се плати во пропишаниот рок се пресметува и наплатува камата во висина од 0,03% за секој ден задоцнување. Ова ми звучи како намерно задоцнување, да се доцни што е можно повеќе денови, за каматата да…
повеќе...Празнична песничка
Ете бидна Бадник, Божик, на сите Бог нек ни поможит. По нив идет Стара Нова, шо да прајш, да славиш морат. За Водици крст се фрлат, скокет луѓе во мраз вода. Дупнат чорап, нозе камен, ракивче на стомак гладен. Крстот ќе дојт пак во Варош, ќе не пцует цел народ. Ај кј и да е ќе дојт и лето, ете ти го и Скопјето. А до тогаш зима пуста, имат дури и магла густа. Кајче веслам, со весла мафтам, е не, низ чаршија ќе се пафтам. Кј да одам, морам…
повеќе...ОХ стрипови кои ја одбележаа 2013 година
ОХстрип – Вашиот охридски стрип на Вашиот објективен прозорец… Погледнете ги стриповите што ја одбележаа 2013-та година. Продолжуваме и понатаму со нови и интересни стрипови. Не пропуштајте, бидете со нас и во 2014! WebOhrid
повеќе...WebOhrid Ви посакува Среќна Нова 2014 година!
Нека Новата 2014 година Ви биде посреќна, поуспешна и побериќетна!
повеќе...НОВОГОДИШНА АНКЕТА: „Шчо напраифме во 2013 и шчо требит да праиме за однапред во 2014“?
Времето пред Нова година е добра временска постојка за да застанеме, да одмориме и да се прашаме како што би рекол Мисирков „шчо напраифме и шчо требит да напраиме за однапред“. Секој од нас на крајот на годината ги сумира своите резултати и ефекти од планираното и реализираното…. Некој со големи планови и големи приноси, некој за жал не… но тоа е тоа… постојат и разни фактори на влијанија… кај секој од нас различни… Ние се прошетавме меѓу охриѓани и меѓу оние со помали и со покрупни планови… 2013 е…
повеќе...Јавните телефонски говорници одамна заборавени
Јавните телефонски говорници одамна се заборавени. Ги има, постојат, ама како да не постојат. Тука се во централното градско подрачје: по „Партизански одреди“, „Димитар Влахов“, „Јане Сандански“… Ги има, а во нив најмногу што има е прашина напластена со години, од времето на првите мобилни во Македонија, а можеби и од порано, зашто голем дел од овие говорници и во времето кога беа во мода долго време не беа функционални, „благодарение“ на вандалите. Граѓаните реагираа на ваквата состојба и бараа од надлежните да ги отстранат овие некогаш модерни и убави, а…
повеќе...Елшани со нов „градоначалник“ и со стари и нови приоритети
Селото Елшани е едно од најубавите крајезерски села и село кое може да се пофали со ретки убавини кои се цел на многу странски туристи и на многу тур-оператори кои ова прекрасно село меѓу Езерото и Галичица го имаат веќе врежано во светските туристички мапи, особено во последниве години. Но, Елшани е село кое мака мачи со повеќе свои крупни и недокрај решени проблеми кои се од витално значење за елшанци. Станува збор за застарената водоводна и безбедносно загрозен резервоар од селскиот водовод за кои е потребна итна санација и…
повеќе...WebOhrid го прослави првиот роденден
Електронскиот медиум WebOhrid со пригоден коктел синоќа во хотелот Тино го одбележа својот прв роденден. На свеченоста присуствуваа советници, директори на јавни претпријатија и претставници од невладини организации како и политички партии од Охрид. Во име на екипата на веб порталот WebOhrid, пред присутните се обрати главниот и одговорен уредник Лорита Ивческа Бујароска. „Вистината е една и непобитна, а патиштата до неа различни: некои куси, а некои подолги и неизвесни. Но Вистината – таа е таму на целта и чека да ја дознаеме и пренесеме токму таква каква Вистината мора…
повеќе...