Со убавото време, во Охрид полека-полека доаѓаат и викендашите кои имаат свои станови, викендици, куќи. Нив ги очекуваат преполни поштенски сандачиња со сметки за изминатите неколку месеци. Иако плаќањето преку интернет е „во мода“, за жал кај нас тоа не се практикува, а со тоа секако заостануваат сметките. WebOhrid
повеќе...Tag: веб
Надворешниот изглед воопшто не е важен, важно е да е климатизирано
Кога станува збор за надворешниот изглед на куќите, поголем дел од граѓаните тоа го оставаат за на крај. Пред се најважен им е нивниот комфор, а со оглед на финансиската немоќ, за жал, многу од нив остануваат подолго време надворешно неуредени. Таков е и овој случај, каде што сме сведоци на поставен клима-уред врз „плитар“. Колку е стабилна основата сигурно си знае сопственикот, но ова уште еднаш ја покажува неможноста за поголема инвестиција. WebOhrid
повеќе...Врнежите не дозволуваат намалување на нивото на вода во Охридското Езеро
Новите врнежи од дожд како и топењето на снегот предизвикано од високите температури во изминатиов период, значително го зголемија дотокот на вода, а тоа влијаеше на порастот на водостојот на Охридското Езеро и останатите природни и вештачки езера во Македонија. Од АД ЕЛЕМ информираат дека секојдневно внимателно ја следат состојбата на хидроакумулациите, а со цел стабилизирање на порастот на нивото на акумулациите, прават соодветни прилагодувања на режимите на истекот на вода, особено на истекот на Охридското Езеро и истекот од акумулацијата Шпилје. Исто така и понатаму континуирано ќе ја следат состојбата…
повеќе...„ПЕТ“ Охридско Езеро
Езерото никако не може да се доискашла. Она што го исфрлаат брановите на достапните места, релативно лесно може да се собере, но многу често отпадот заглавува во трските и на други недостапни делови од крајбрежјето на Охридското Езеро. Најчест отпад се пластичните ПЕТ шишиња. Еколошката свест дефинитивно мора да проработи, пред да биде доцна и Охридското Езеро со сите свои ендемични видови да добијат „титула“ ПЕТ Езеро, или пак ПЕТ локвањ, ПЕТ трска, ПЕТ охридска пастрмка и сл. Без разлика на тоа кој е виновен и од чија страна доаѓа…
повеќе...Црвениот крст од Словенија во официјална посета на Црвен крст Охрид
Денес во рамките на официјалната посета, висока делегација на Црвениот крст од Словенија оствари средба со Црвениот крст на Македонија. Гостите од Словенија го посетија и Црвениот крст Охрид, каде што со раководството разменија искуства за начинот на организирање и спроведување на активностите од повеќе области на делувањето на Црвениот крст: прва помош, крводарителство, подготвеност и дејствување при катастрофи. Генералниот секретар на Црвениот крст од Словенија изјави дека е задоволен од техничката и стручна екипираност на охридскиот Црвен крст. „Делегацијата на Црвениот крст од Словенија дојде после потпишувањето на договорот,…
повеќе...Анкета: Дали ќе излезете да гласате на 24-ти март?
Во анкетата на WebOhrid „Дали ќе излезете да гласате на 24-ти март?“, учествуваа 353 читатели. Од нив 76% ќе излезат да гласаат, 14% од испитаниците се уште не знаат дали ќе излезат на гласање, а додека пак 10% од анкетираните нема да го искористат своето право на глас, односно нема да излезат на гласање. Утре 23-ти март е изборниот молк, а на 24-ти март е денот кога граѓаните ќе го искористат своето право на глас. Во Охрид ќе се гласа на 73 избирачки места, а право на глас имаат 50.686 граѓани.…
повеќе...Топлото време ја раздвижи чаршијата
Променливото и облачно време, не ги спречи охриѓани, ниту викендашите да го искористат слободното време за прошетка низ охридската чаршија и на кејот покрај Охридското Езеро. Поради топлото време кое достигна температура од 12 °С, во објектите на градскиот плоштад викендов се бараше место повеќе за да се испие попладневното кафе. Според метеоролозите, променливо облачно време со услови за врнежи од дожд ќе преовладува и во наредните денови, но сепак температурата ќе се задржи до 11 °С. Од четврток не очекува намалување на температурата. WebOhrid
повеќе...Активна сабота за нашите интернационалци
Мајнц успеа минимално со 1:0 да го победи тимот на Баер Леверкузен. Николче Новески го одигра целиот натпревар за Мајнц, а заработи и жолт картон. Вест Бромвич Албион победи со 2:1 на домашен терен против Свонси. Горан Попов иако ја „одлежа“ казната за црвениот картон и беше на клупата за резерви, сепак тренерот Стив Кларк не му даде шанса да влезе во игра. Рапид Виена одигра 2:2 против Матерзбург каде Илчо Наумоски влезе како тактичка замена во 90 минута, а веќе во следната минута од судиското продолжение заработи и жолт…
повеќе...Сојузот на иднината отвори штаб наспроти Отекс
Синоќа во зградите наспроти главниот влез на Отекс, беше отворен штаб на Сојузот на иднината. На отворањето присуствуваше градоначалникот Александар Петрески, членовите од Советничката листа како и голем број на граѓани, симпатизери, поддржувачи на коалицијата. „Им благодариме на домаќините за овој прекрасен штаб овде, што го отвораме. Ова е победнички штаб, а така ќе биде и оваа година. Еве дојдоа уште 16 денови до изборите, се повеќе и повеќе граѓани, а и вие овде ја насетувате победата, јас овој пат очекувам убедлива победа во првиот круг, исто така и победа на советничката листа“.…
повеќе...Самир Фазли со два гола му донесе победа на Хелмонд
Во вечерашниот дуел во холандската Еерсте дивизија помеѓу МВВ Мастрихт и Хелмонд Спорт, иако домашната екипа водеше на полувреме со 2:1, сепак со двата погодоци на нашиот репрезентативец Самир Фазли во второто полувреме, Хелмонд Спорт успеа да направи пресврт и да победи со 2:3. За домашниот тим на МВВ, целиот натпревар го одигра Антонио Станков. WebOhrid
повеќе...