Каде играат нашите дечиња?

Имаме ли доволно детски паркови во градов каде што може безбедно да си играат нашите малечки?! Можеме ли слободно да ги оставиме и да веруваме дека ништо опасно нема да им се случи?! Според фотографиите не е така, зашто играњето на овие деца во водите на Билјанините извори очигледно е опасност за нив, кои при секое фрлање и шутирање на топката во изворите, мораа од страв да побараат и да ги замолат повозрасните да им ја извадат топката. Сепак, една несакана слика во која децата се изложени на несакана опасност.…

повеќе...

Спајдермен леташе над Охрид

Денес на небото над Охрид имавме една необична, несекојдневна глетка. Имено, еден балон со хелиум, во форма на Спајдермен успеа да се ослободи, и од градскиот плоштад веднаш се издигна на небото над Охрид. Летот на овој стрип-јунак веднаш успеа да го регистрира камерата на WebOhrid.

повеќе...

Јато птици – атракција на небото над Охрид

Нели со доаѓањето на птиците доаѓаше и пролетта!? Навистина, некои птици (ластовичките) оваа година дојдоа заедно со пролетта, но некои дури сега пристигнуваат, како што многумина би рекле „си знаат тие кога да дојдат“. Сведоци сме на големи климатски промени кои се случуваат во природата, а тоа секако влијае и врз живиот свет. Можеби затоа последните години птиците го менуваат „редот на летање“, кој секоја година е различен. Ова јато птици вчера претставуваше вистинска атракција на небото над Охрид. Нашиот фото-објектив го регистрираше како го надлетува градот, менувајќи повеќе интересни…

повеќе...

Средба на ученици од ОУ „Св.Климент Охридски“ со познатиот охридски писател Видое Видически

Денес во Основното училиште „Свети Климент Охридски“ во Охрид учениците имаа средба со познатиот охридски и македонски писател и поет Видое Видически. На овој начин, учениците  се запознаа со неговиот живот и творештво, целосно посветени на Охрид и охриѓани. „Секое среќавање со младото поколение мене ми чини задоволство. Јас сум среќен и задоволен што бев денеска на оваа средба и се сретнав со ученици кои што покажаа свој интерес за творештвото во областа на литературата“. – изјави за WebOhrid познатиот поет и писател Видое Видически. Ученици од училиштето „Свети Климент…

повеќе...

Градоначалникот Бакрачески се сретна со уредниците на медиумите од Охрид

Во насока на подигнување на транспарентноста и отчетноста на Локалната самоуправа  кон јавноста, како и потребата од подобрување  на комуникацијата помеѓу Локалната самоуправа и МАС медиумите, градоначалникот Никола Бакрачески денеска оствари средба со уредниците на локалните медиуми. „Како Локална самоуправа континуирано ќе работиме на подобрување на протокот на информации и олеснување на  пристапот до нив. Пристапот до информациите е гарант за транспарентност, отвореност, ефикасност на општината и секако гарант за добра соработка со Вас медиумите“, – истакна градоначалникот Бакрачески. На средбата беше истакната потребата од преземање мерки и активности за…

повеќе...

Преполни поштенски сандачиња

Со убавото време, во Охрид полека-полека доаѓаат и викендашите кои имаат свои станови, викендици, куќи. Нив ги очекуваат преполни поштенски сандачиња со сметки за изминатите неколку месеци. Иако плаќањето преку интернет е „во мода“, за жал кај нас тоа не се практикува, а со тоа секако заостануваат сметките. WebOhrid

повеќе...

Надворешниот изглед воопшто не е важен, важно е да е климатизирано

Кога станува збор за надворешниот изглед на куќите, поголем дел од граѓаните тоа го оставаат за на крај. Пред се најважен им е нивниот комфор, а со оглед на финансиската немоќ, за жал, многу од нив остануваат подолго време надворешно неуредени. Таков е и овој случај, каде што сме сведоци на поставен клима-уред врз „плитар“. Колку е стабилна основата сигурно си знае сопственикот, но ова уште еднаш ја покажува неможноста за поголема инвестиција. WebOhrid

повеќе...

Врнежите не дозволуваат намалување на нивото на вода во Охридското Езеро

Новите врнежи од дожд како и топењето на снегот предизвикано од високите температури во изминатиов период, значително го зголемија дотокот на вода, а тоа влијаеше на порастот на водостојот на Охридското Езеро и останатите природни и вештачки езера во Македонија. Од АД ЕЛЕМ информираат дека секојдневно внимателно ја следат состојбата на хидроакумулациите, а со цел стабилизирање на порастот на нивото на акумулациите, прават соодветни прилагодувања на режимите на истекот на вода, особено на истекот на Охридското Езеро и истекот од акумулацијата Шпилје. Исто така и понатаму континуирано ќе ја следат состојбата…

повеќе...

„ПЕТ“ Охридско Езеро

Езерото никако не може да се доискашла. Она што го исфрлаат брановите на достапните места, релативно лесно може да се собере, но многу често отпадот заглавува во трските и на други недостапни делови од крајбрежјето на Охридското Езеро. Најчест отпад се пластичните ПЕТ шишиња. Еколошката свест дефинитивно мора да проработи, пред да биде доцна и Охридското Езеро со сите свои ендемични видови да добијат „титула“ ПЕТ Езеро, или пак ПЕТ локвањ, ПЕТ трска, ПЕТ охридска пастрмка и сл. Без разлика на тоа кој е виновен и од чија страна доаѓа…

повеќе...

Црвениот крст од Словенија во официјална посета на Црвен крст Охрид

Денес во рамките на официјалната посета, висока делегација на Црвениот крст од Словенија оствари средба со Црвениот крст на Македонија. Гостите од Словенија го посетија и Црвениот крст Охрид, каде што со раководството разменија искуства за начинот на организирање и спроведување на активностите од повеќе области на делувањето на Црвениот крст: прва помош, крводарителство, подготвеност и дејствување при катастрофи. Генералниот секретар на Црвениот крст од Словенија изјави дека е задоволен од техничката и стручна екипираност на охридскиот Црвен крст. „Делегацијата на Црвениот крст од Словенија дојде после потпишувањето на договорот,…

повеќе...