Ставрески: Раст на осигурувањата во земјоделството од 63 отсто

Расте бројот на издадени полиси за осигурување во земјоделството. Податоците покажуваат дека земјоделците имаат склучено 3.784 договори за осигурување на своите посеви, на кои пак Владата им покрива 60 проценти од трошоците. Вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески денеска по повод Денот на осигурувањето, рече дека осигурувањето во земјоделството годинава бележи раст од 63 проценти во однос на претходната година. „Почнувајќи од 2008 година Владата воведе мерка за помош за премии за осигурување за примарното земјоделското производство, природни непогоди и неповолни климатски настани. Бројот на склучени договори континуирано расте.…

повеќе...

Обука за советници за органско производство

Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC) „Зголемување на пазарната вработливост“ имплементирана од Швајцарски контакт, со поддршка на министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, организира обуки за органско производство, наменета за агрономи или лица со претходно искуство во земјоделието. Обуката ќе ја спроведува Федерацијата на производители на органски производи на Македонија и тоа во Битола од 03 до 07 ноември 2015, во Струмица од 10 до 14 ноември и во Скопје од 17 до 21 ноември 2015. Учество ќе земат гости-предавачи и претставници од компании вклучени во процесот на органско…

повеќе...

Намален индексот на цените во земјоделството во септември

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на цените во земјоделството во септември 2015 година, во однос на истиот месец од претходната година, кај инпутот е намален за 7.5%, а кај аутпутот е намален за 2.6%. Во септември 2015 година, во споредба со септември 2014 година, индексот на цените на инпут 1 (тековно потрошени средства во земјоделството) изнесува 92.0, а индексот на цените на инпут 2 (средства наменети за инвестиции во земјоделството) изнесува 101.2. Во делот аутпут, во септември 2015 година, во споредба со септември 2014 година, индексот на…

повеќе...

Договорени минималните откупни цени на оризот

Белиот оризот да се откупува со почетна цена од 50 денари по килограм. Ова на работниот состанок во министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство го договорија претставници на откупувачите, земјоделските здруженија и на оризопроизводителите. Жетвата на оваа житна култура е на почеток, поради што Министерството ќе продолжи да ја следи состојбата со откупот и во зависност од движењето на цените на пазарот и доколку има потреба ќе се оддржи уште еден состанок.

повеќе...

Министерот Цветков ги презентира можностите за инвестирање во земјоделско-прехранбениот сектор

„Македонија, во делот на земјоделството и индустријата за храна, на располагање на идните инвеститори им нуди земјоделско земјиште во државна сопственост под закуп за примарно производство, парцели за изградба на откупни центри за овошје и зеленчук и винарски визби, како и целосна поддршка за реализација на деловните идеи.“ Ова денеска го истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Михаил Цветков на Форумот за земјоделство, трговија и економска соработка помеѓу земјите од Централна и Источна Европа и Народна Република Кина што се одржува во Будимпешта, Унгарија, презентирајќи ги деловните можности за трговска…

повеќе...

Министерот Цветков на Форум за земјоделство во Будимпешта

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Михаил Цветков од денеска до 25 овој месец ќе учествува на 10. Форум за земјоделство, трговија и економска соработка помеѓу земјите од Централна и Источна Европа и Народна Република Кина, што се одржува во Будимпешта, Унгарија. На Форумот учествуваат министри за земјоделство од 20-тина европски држави и од Кина, како и претставници од унгарски компании, пред кои министерот Цветков ќе ги презентира деловните можности за трговска соработка и инвестирање во земјоделско – прехранбениот сектор во Република Македонија. Форумот е значаен настан кој прерасна во…

повеќе...

Југоисточниот регион со најголемо учество во креирањето на бруто додадената вредност во земјоделството

Според податоците на Државниот завод за статистика, во 2013 година, во креирањето на бруто-додадената вредност во земјоделството во Република Македонија, најголемо учество има Југоисточниот регион со 29.8%, потоа Пелагонискиот регион со 19.8% итн., додека најмало учество има Југозападниот регион со 3.7%. Во создавањето на вредноста на растителното производство во Република Македонија, најголемо учество има Југоисточниот регион со 34.8%, додека во создавањето на вредноста на добиточното производство, најголемо учество има Полошкиот регион со 20.0%.

повеќе...

Зголемен откупот и продажбата на земјоделски производи

Според податоците на Државниот завод за статистика, во второто тримесечје од 2015 година, откупот и продажбата на земјоделски производи се зголемени за 3.7% во однос на истиот период од претходната година. Кај откупот на земјоделски производи од индивидуалните производители е забележано зголемување за 25.9%, а кај продажбата на земјоделски производи од сопствено производство е забележано намалување за 17.3%. Зголемување на откупот и продажбата на земјоделски производи е забележано кај: житата, градинарските и фуражните растенија, овошјето и рибата, а намалување е забележано кај: индустриските растенија, алкохолните пијалаци, добитокот, живината и јајцата,…

повеќе...

Објавен повик за давање во закуп на земјиште над 3 хектари во Свети Николе, Струга, Ресен и во Струмица

Денеска е објавен Јавниот оглас за давање под закуп на државно земјоделско земјиште за површини над 3 хектари по пат на електронско јавно наддавање. Земјиштето е во четири региони, а најголемиот дел од вкупно 4.565-те хектари, се во Свети Николе. Таму се понудени 4.484 хектари државно земјиште, кое е поделено во четири целини. Во првата од нив, инвеститорот е должен да изгради краварска фарма за максимум четири години, односно да вложи најмалку 6 милиони евра. Како што соопшти на прес-конференција заменик-министерот Ванчо Костадиновски, земјиштето од првата целина се дава во…

повеќе...

СДСМ Дебрца: Земјоделците од Дебрца 4 години го чекаат одобреното обештетување од природната непогода во 2010

Општинската организација на СДСМ Дебрца, денес испрати соопштение до медиумите, во кое стои: „На ден 19.06.2010 година подрачјето на општина Дебрца со населените места: Требеништа, Волино, Мешеишта, Климештани, Ново Село, Белчишта, Д.и Г.Средорече, Злести, Лешани и Грко Поле го зафати силно невреме со обилни врнежи од дожд и град, кои предизвикаа голема материјална штета на земјоделските површини засадени со овошни, градинарски, житни и лозови насади. Комисијата за проценка на штета на општина Дебрца изврши проценка на причинетата штета и изработи Елаборат за проценка на штета од обилни врнежи од дожд…

повеќе...