Македонските жени живеат подолго, се мажат подоцна и раѓаат до две деца

Статистичките податоци покажуваат дека просечниот век на жените во Македонија е 77,2 години, возраста на која стапуваат во брак е 26 години и одлучуваат едно до две деца. Во 2014 година од вкупно 23.596 живородени деца, 48 проценти или 11.424 се женски, односно на 100 живородени женски деца се родени 106,5 машки. Најчесто име на живородените женски деца било Јана. Во Македонија во 2014 година дипломирале повеќе жени од мажи. Податоците покажуваат дека 5.411 се дипломирани жени или 55,9 отсто од вкупниот број дипломирани студенти. Од вработените жени чиј број…

повеќе...

Осмомартовска средба со жените директорки од Охрид

По повод 8.март- Меѓународниот ден на жената, заменик градоначалникот Ангел Јанев, во име на градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески, денес во општинската зграда ги прими директорките на образовните, културни и здравствените институции во градов. На средбата, Јанев беше информиран за тековните активности на институциите што ги раководат жени при што тој укажа на фактот на нивното успешно функционирање кое е доволна потврда дека припадничките на понежниот пол се значајни општествени чинители во современиот Свет кои подеднакво со мажите се соочуваат со сите предизвици на новото време. На средбата, подарок цвеќе…

повеќе...

8-ми март – Меѓународен ден на жената

Меѓународниот ден на жената е меѓународен празник што се одбележува на 8-ми март секоја година. Тоа е ден кога се одбележува борбата на жените за економска, политичка и социјална рамноправност со мажите. Идејата за одбележување на посебен ден посветен на жените потекнува од почетокот на 20-от век, а на неа посебно инсистираше социјалистичкото движење.Првиот Ден на жената е одбележан на 28 февруари 1909 година во САД по иницијатива на Социјалистичката партија на Америка. Во 1910 под закрила на Втората интернационала во Копенхаген е одржана Првата меѓународна конференција на жените и…

повеќе...

Музички хепенинг во Охрид во организација на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ

Со културно-уметничка програма, денес пред Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид се одржа музички хепенинг во организација на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ – Охрид. Овој хепенинг беше организиран по повод Меѓународниот ден на жената – 8ми Март.

повеќе...

Заев: Ти си таа промена, заедно за Македонија!

По повод меѓународниот ден на жената, 8-ми март, Форумот на жени на СДСМ денес во Охрид организира традиционален Осмомартовски марш под мотото „Ти си ТАА промена – Заедно за Македонија!“. Маршот започна од спортскиот центар „Билјанини извори“, а продолжи по булеварот Туристичка, низ Чаршија и  заврши на плоштадот „Св.Климент Охридски“ во Охрид. По завршување на маршот, свои обраќања имаа Координаторката на Форумот на жени на СДСМ, Цветанка Ласкова, Генералниот секретар на СДСМ, Оливер Спасовски,  заменик претседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска и Претседателот на СДСМ, Зоран Заев. Координаторката на форумот на жени на СДСМ, Цветанка Ласкова, ги повика жените,…

повеќе...

Утре во Охрид музички хепенинг на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ

Утре во Охрид ќе се одржи Музички хепенинг во организација на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ-Охрид. Хепенингот ќе започне во 14:00 часот пред Центарот на култура „Григор Прличев“.

повеќе...

Традиционалниот осмомартовски марш СДСМ годинава ќе го одржи во Охрид

Традиционалниот осмомартовски марш, СДСМ годинава ќе го одржи во Охрид, в недела, на 6 март, под мотото „Ти си таа промена – заедно за Македонија“. Маршот ќе почне напладне и, според најавите, во него ќе учествуваат членовите на форумот на жени од сите градови во Република Македонија. На маршот се очекува да се приклучат и функционери и членови на највисоките партиски тела на СДСМ. Извор:meta.mk

повеќе...

Груевски: На 24-ти април доаѓа казната и одмаздата на народот

Поминавме година во која некој користејќи го СДСМ сакаше на најможно валкан начин да го сруши ВМРО-ДПМНЕ, да ја дестабилизира Македонија, и да ја промени по терк како што налагаат неговите интереси, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски во своето обраќање на Годишната конференција на УЖ на ВМРО-ДПМНЕ. „Се беше совршено подготвено, но како што знаеме не постои совршен злочин. Во овој случај недостасуваше една сериозна финеса, која како и многупати низ историјата се покажа клучна за нашиот опстанок, која ја заборавиле, или во најмала рака ја потцениле, а тоа…

повеќе...

Хуманитарна акција на Форумот на жени на СДСМ „Дарувај од срце“

Денеска, Форумот на жени на СДСМ во соработка со Црвен Крст ја спроведе традиционалната хуманитарна акција „Дарувај од срце“, ширум Македонија. Целта на оваа хуманитарна акција е да се помогне на социјално загрозените семејства во Република Македонија, преку донирање топла облека и обувки. Хуманитарната акција се спроведе во сите градови во Република Македонија, од членките на локалните форуми на жени на СДСМ. Во Скопје, акцијата започна во паркот Жена борец. По собирањето донации, тимот на Форумот на жени на СДСМ се упати кон просториите на Црвен крст и таму ја…

повеќе...

Заев: Победуваме, Ја враќаме еднаквоста!

Обраќање на претседателот на СДСМ, Зоран Заев на Завршната конференција, „16 денови женски активизам – Сина панделка, борба против родово базирано насилство“ . „Ова е најубавата сала во моментов во Македонија. Мои дами, почитувани социјалдемократки, благодарам на поканата. Овие 16 дена активизам, коишто ја дрмнаа Македонија, проговоривте силно. Многу ретко кој зборува за женскиот активизам, за семејното насилство и за сите отворени прашања коишто се уште во ова ниво на развој Македонија ги има достигнато. Секако, присутни се во нашето општество, а во вака режимски поставено општество со оваа видлива диктатура,…

повеќе...