Од денес календарски почнува зимата

Токму во 00:03 часот во ноќта спроти 22-ри декември настапува зимската краткодневица, со што календарски започнува зимата. Со доаѓањето нејзиниот е и најкраткиот ден во годината и најдолгата ноќ. Зимата ќе трае до 20 март, кога почнува пролетта. Дотогаш ќе поминат 88 дена, 23 часа и 42 минути. За првиот ден од зимата, метеоролозите најавуваат сончево и ведро време, со температура која ќе достигне 6 степени целзиусови.

повеќе...

Отворен повикот за деца од семејства во социјален ризик

Министерството за труд и социјална политика и понатака продолжува со реализација на Проектот за користење услуга за бесплатен одмор и рекреација на деца од семејства во социјален ризик и корисници на посебен и детски додаток. Согласно Програмата, правото на бесплатен одмор за време на зимскиот распуст за 2015 година имаат децата од семејствата во социјален ризик (корисници на социјална парична помош, постојана парична помош, детски додаток или посебен додаток, и деца без родители и родителска грижа) кои се родени во периодот од 2000 година до 2004 година или деца кои…

повеќе...

Илјада деца од семејства во социјален ризик на бесплатен зимски одмор

Министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов на прес конференција за медиумите информираше за Проектот Бесплатен одмор и рекреација на децата од семејства во социјален ризик. Овој проект започна да се реализира од летото 2012 година и досега можност да ја користат оваа бесплатна услуга имаа 8000 лица, односно 6.000 дечиња имаа можност да заминат на бесплатен летен одмор, а 2.000 на бесплатен зимски одмор. „Би сакал да информирам дека утре, 19.12.2014, петок, излегува јавниот повик за бесплатно зимување, на кој сите заинтересирани родители кои користат социјална парична помош,…

повеќе...

Заштита на водомерите од мрзнење

Поради пад на температурите и најава за натамошно намалување на истите, се известуваат граѓаните дека е потребно да ги заштитат водомерните броила од замрзнување. Доколку настанат дефекти од тие причини, како што е пукнато стакло и слично, истите ќе се наплатуваат од страна на МЈП „Проаква“. Заштитата може да се изврши со обвивање на водомерот со изолационен покров или прекривање на шахтата со изолационен материјал (тервол или стиропор).

повеќе...

Одржан координативен состанок за зимско одржување на патиштата

Во пресрет на зимата, денеска се одржа координативен состанок за одржување на патиштата во зимски услови, на кој присуствуваа претставници од општина Охрид, Сектор за комунални дејности, сообраќај и патишта и сообраќајниот инспекторат, Јавното претпријатие „Охридски Комуналец, СВР – Охрид, полициските станици Струга, Кичево и Дебар, општина Дебрца како и претставници од Агенцијата за патишта и Јавното претпријатие „Македонија пат“. Ваков тип на координативен состанок се одржува секоја година пред почетокот на зимата се со цел надминување на проблемите кои се појавиле во претходната сезона кога е задолжително поседување на…

повеќе...

Се одржа 16-иот „ФИС Сноуборд Куп – Попова Шапка 2014“

Во организација на сноуборд клубот Полар, Скијачката федерација на Македонија, Елем Турс, викендов на Попова Шапка се одржа „ФИС Сноуборд Купот 2014“. Учесниците на првиот натпреварувачки ден се натпреваруваа во дисциплината Биг Ер. Во машка конкуренција првите три награди ги понесоа натпреварувачите од Бугарија и тоа првото место му припадна на Петар Ѓошарков, второто на Георги Георгиев и третото на Митрев Симеон. Во женска конкуренција најдобро пласирана беше Леа Југовац од Хрватска, веднаш по неа чешката натпреварувачка Станислава Славовова, а третото место го освои Паола Блашкович од Хрватска. Најдобро пласиран…

повеќе...

Заврши 51-виот Мавровски Меморијал

Заврши 51-виот „Мавровски Меморијал“. Наградите на најуспешните од двата дена им ги доделија, Марјан Спасески – директор во Агенцијата за млади и спорт, Мукрем Мехмети – градоначалник на Маврово и Ростуше, Васко Сокле, потпретседател на ски здружение Мавровски меморијал и Кочо Кираца – претседател на ски здружение Мавровски меморијал. Еди Дадиќ од Хрватска и Теодора Малчева од Бугaрија победија на денешните трки на Мавровскиот меморијал. Хрватскиот олимпиец во нордиско трчање Еди Дадиќ победи на денешниот натпревар на 5 километри во нордиско трчање што се одржа на патеката „Мирна долина“ на…

повеќе...

Свечено отворен 51-от Мавровски Меморијал

Вчера, со почеток во 15 часот пред платото на Хотел Спорт во Маврово беше означен почетокот на 51-от Мавровски Меморијал. Свеченото отворање го поздрави претставник на покровителот Собранието на Република Македонија, Потпретседателот на Собранието на Република Македонија, Светлана Јакимовска, градоначалникот на општина Маврово-Ростуше Мукрем Мехмеди и претседателот на Организацискиот одбор на Мавровскиот Меморијал, Кочо Кираца и директорот на Агенцијата за млади и спорт Марјан Спасески. Во чест на поддршката што Мавровскиот Меморијал ја добива од Агенцијата за млади и спорт, организациониот одбор му додели благодарница на директорот на Агенцијата за…

повеќе...

АМСМ: Слаб снег паѓа на Попова Шапка, Стража и Маврово

Сообраќајот на сите државни патишта во Македонија се одвива без забрани и застои, по наместа влажни коловози. Слаб снег паѓа на П. Шапка, Стража и Маврово, но без да се задржува на коловоз. АМСМ препорачува внимателно управување со возилата и почитување на поставената патна и сообраќајна сигнализација и на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Кочани – Делчево и Берово – Виница, каде е можна почеста појава на одрони.

повеќе...

Идејата за Ски Центар ќе роди идеја за отворање на ски-шопови

Охрид нема скијачки центар, но има ски-шоп. Иако не работи, сепак станува збор за добра идеја. Којзнае, можеби оваа и ваква слика ја забележале надлежните во градов и ете, светнала сијаличката, па оваа ски-идеја прерасна во вистински темелно разработена студија за Скијачки Центар на Галичица. Со изработената физибилити студија за изградба на Скијачки Центар на Галичица се очекува Охрид да добие повеќе вакви ски-шопови кои би понудиле разновидна опрема за зимски спортови и рекреација, како за нашите жители така и за туристите кои би доаѓале. WebOhrid

повеќе...