ВМРО-НП бара Владата да го преиспита работењето на Виктор Мизо и да направи увид во сите договори кои ги потпишал

ОК на ВМРО – Народна партија Охрид испрати соопштение до медиумите во кое стои: „Општинскиот Комитет на ВМРО – Народна партија од Охрид бара од Владата на Република Македонија да го преиспита работењето на поранешниот пулен на ДПМНЕ и директор на ТИРЗ зоните – Виктор Мизо и да направи увид во сите договори кој ги има потпишано именуваниот. Имено, Мизо како директор на ТИРЗ ја има продадено технолошката линија за производство на трансформатори на бугарски инвеститор, но производствената хала која е специјално направена за таа намена ја изнајмува на друга…

повеќе...

Италија 1:1 Македонија

Македонската фудбалска репрезентација го одигра деветтиот натпревар во квалификацискиот циклус за пласман на СП 2018 во Русија. Во Торино, нашата репрезентација и гостуваше на Италија. Натпреварот започна со пресинг од страна на италијанската репрезентација. Агресивната игра на Италија траеше само во првите десетина минути. Во 17 минута Пандев упати посериозен удар, но голманот на Италија, Буфон успеа да ја скроти топката. Средината од првото полувреме се карактеризираше со не многу течна игра, со многу прекини и грешки. Како што наближуваше полувремето, Италија постојано настојуваше кон нашиот гол, а тоа резултираше со гол…

повеќе...

Македонија У21 загуби од Србија

Репрезентација на Македонија до 21 година загуби од Србија до 21 година со 0:2 на натпреварот од второто коло во квалификациите за пласман на ЕП 2019 година во Италија. За „црвено-жолтите“ ова е прв пораз во квалификациски дуел по повеќе од две години. Тие немаа загубено од септември 2015 година, кога беа поразени од Исланд. Во 22. минута Србија преку Саша Лукиќ стигна до водство од 0:1. На 0:2 зголеми фудбалерот на португалска Бенфика, Андрија Живковиќ со ефектен погодок во 37. минута од средбата. Најдобрата шанса во првиот дел Македонија…

повеќе...

Агенцијата за млади и спорт оствари средба со националните спортски федерации

Агенцијата за млади и спорт оствари средба со челните луѓе на спортските федерации, на која ги потенцираше насоките во кои ќе се одвива работата на Агенцијата во однос на спортот и размислувањата на новата влада околу промените на односот и финансирањата во спортот. Директорот на АМС Дарко Каевски на стартот зборуваше за ваучерите кои федерациите ќе можат да ги подигнуваат, врз основа на предходно приложените програми за работа и истите ќе ги доставаат до приватниот сектор кој истите ќе го искористат врз основа на даночното ослободување предвидено во поновите измени…

повеќе...

Пуштени во оптек ковани пари за колекционерски цели „Богата година на кучето“, „Безбедна година на кучето“, „Руски лавиринт“ и „50 години од МАНУ“

Народната банка на Република Македонија ја известува јавноста дека се издадени и пуштени во оптек кованите пари за колекционерски цели „Година на кучето – богата година на кучето“, „Година на кучето – безбедна година на кучето“, „Руски лавиринт“ и „50 години од Македонската академија на науките и уметностите“ („Службен весник на Република Македонија“ бр. 90/17 и 118/17). Кованата пара „Година на кучето – богата година на кучето“ ги има следниве карактеристики: на аверсот, во центарот на монетата се претставени грбот на Република Македонија и годината на издавањето на монетата – „2018“. Околу монетата…

повеќе...

Донев: На ЈП „Нискоградба“ и следи просперитетна иднина

Директорот на ЈП „Нискоградба“ Охрид, Сашо Донев, денес во просториите на ОК на ВМРО-ДПМНЕ одржа прес-конференција, на која истакна: „Почитуван кандидат за градоначалник Јован Стојаноски, како довчерашен советник многу добро сте запознаен со незавидната состојба на јавните претпријатија кои беа доведени од власта на СДС. Во големата желба да ги затскриете злоделата од минатото, невешто демонстрирате селективна меморија потценувајќи ги граѓаните на Охрид. Вие сте кандидат на СДС, а таа партија и нејзиниот градоначалник во осум години ги урнисаа јавните претпријатија во Охрид. Ги презадолживте и доведовте до неликвидност со над…

повеќе...

Реализирана Неделата на промоција на хумани вредности

Младост, гордост, хуманост, убавина беа најпрепознатливи обележја на синоќешното ПХВ ШОУ на волонтерите од Клубот на млади на Црвен крст Охрид кое во организација на Црвен крст Охрид се одржа во Центарот за култура „Григор Прличев“. Својата хумана активност реализирана во рамки на овогодинешната програма Промоција на хумани вредности-Црвен крст во акција (ПХВ-ЦКА), при која изработија 8 проекти со кои помогнаа на 100 наши сограѓани од ранливите категории, преку 30 младинци на Црвен крст Охрид, вчера на многу креативен и едукативен начин ја прикажаа пред бројната охридска публика со испраќање…

повеќе...

ОУ „Св.Климент Охридски“ доби нова канцеларија и училница

Поради подобрување на условите за работа, во ОУ „Св.Климент Охридски“ се изгради една канцеларија и една училница. Канцеларијата е направена за потребите на инклузивниот дефектолог, чија работа се покажа мошне успешна, и набавени се дидактички средства за таа потреба. Исто така, поради зголемениот број на ученици во изминатата година, училиштето се соочи со недостиг на училница, па оваа година се направи уште една. Училницата и канцеларијата се направени со помош на донации од Лајонс клуб „Десарети“, од Кармен Бауцентар и од училиштето со свои сопствени средства.

повеќе...

Скопјанец измамил жител од Лешани на кого му зел 10 јагниња

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „измама“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против А.Н.(64) од Скопје. Пријавениот, во текот на април годинава, остварил телефонски контакт со, сега оштетениот М.О. од селото Лешани, општина Дебрца и лажно му се претставил дека е застапник на Синдикатот од Државната болница во Скопје. Со намера да се стекне со противправна имотна корист, пријавениот А.Н. го довел во заблуда сега оштетениот и од него побарал да му продаде 10 јагниња од по 40 килограми. По претходен меѓусебен договор, на 13 април, А.Н.…

повеќе...

ВМРО-ДПМНЕ Охрид: Да се потсетиме како функционираше образовниот систем за време на СДС

Во врска со прес-конференцијата на Ристо Николески, кандидат за советник од СДСМ, реакција испрати ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид, во која стои: „СДС повторно замајува во однос на образованието. Знаеме дека како и во сите области така и во образованието расипнички потроши 4 месеци, а ништо не направи. Исто така нема ни на локално ниво да направи за 4 години како што ветува. За да го сфатиме образованието и ефектите од образованието треба прво да се потсетиме како функционираше образовниот систем за време на СДС. Се сеќаваме на катастрофална инфраструктура и нула…

повеќе...