Непознат сторител извршил кражба во куќа во с. Бороец

Вчера во 14:20 часот во Подрачното Одделение Велешта, струшко, С.И. (56) пријавил дека истиот ден околу 00.00 часот непознат сторител извршил тешка кражба во куќата сопственост на Ш.С. од с.Бороец, струшко, кој бил на привремена работа во Швајцарија. Сторителот преку прозор од подрумските простории влегол внатре и по извршено пребарување одзел пиштол калибар 9 мм и златни предмети, а потоа насилно отворил сеф од кој одзел предмети кои дополнително ќе бидат утврдени. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот како и целосно расчистување на случајот.

повеќе...

Кривична пријава за кичевчанец поради кражба

ПС Kичево поднесе кривична пријава против Е.М. (20) од Кичево поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „кражба“. На 29.07.2016 година на паркинг простор од хотел во Кичево, во згодна прилика извршена е кражба во патничко возило „Џип Чироки“ кој бил незаклучен, сопственост на Б.А. и од фиоката од совозачкото место одзел една кожна женска ташна во која имало 9.450 евра во разни апоени, 4.720 американски долари во разни апоени, златен накит и четири патни исправи, со што е причинета материјална штета во висина од околу 1.000.000 денари.

повеќе...

Битолчанец и стружанец „заработија“ кривична пријава за осум казнени дела тешка кражба

Поради постоење основи на сомнение за сторени осум казнени дела „тешка кражба“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против М.А.(41) од битолското село Велушина и М.С.(53) од струшкото село Ливада. Пријавените, во текот на минатиот месец казнените дела ги извршиле во неколку деловни објекти, куќи и станови во Охрид како и во две цркви во Косел и Лескоец. На тој начин, М.А. и М.С. се стекнале со противправна имотна корист од 429.900 денари. Во извршувањето на казнените дела, пријавените користеле хебла, клешти, метална ножица за сечење арматура и друг подесен алат…

повеќе...

Кривична пријава за бугарки кои вршеле џепни кражби низ Скопје

СВР-Скопје-Одделение за имотни деликти и малолетничка деликвенција Центар и Бит Пазар до надлежното ОЈО, за два одделни случаи, поднесе кривична пријава против лицето Ѓ.С. (65) од Скопје, како и против лицата И.М.Е. (21) и М.Ј.Г. (57), бугарски државјанки, поради основано сомнение дека извршиле кривично дело -“кражба“ (џепна) предвидено и казниво по чл.235 ст.1 од КЗ на РМ. Во првиот случај на пријавениот Ѓ.С. од страна на судија на претходна постапка одредена му била мерка притвор во траење од осум дена, во вториот случај за двете бугарски државјанки Судија на претходна…

повеќе...

Кривична за две бугарски државјанки за “џебна кражба“

СВР-Скопје, Одделение за имотни деликти и малолетничка деликвенција-Центар и Бит Пазар до ОЈО Скопје поднесе кривична пријава против Е.С.Е (28) и А.Х.С. (28) бугарски државјанки, поради основано сомнение дека извршиле две кривични дела “џебна кражба“ предвидено и казниво по чл.235 ст.1 од КЗ на РМ при што се стекнале со противправна имотна корист од околу 13.000 денари за што од страна на судија на претходна постапка одредена им е мерка притвор во траење од по осум дена. Имено на 20-ти минатиот месец околу 11,00 часот, на бул. “Партизански Одреди“ поточно…

повеќе...

Ограбена канцеларија во Струга

Вчера во Полициската станица – Струга било пријавено дека на 29/30.05.2016 година во периодот од 21.45 до 09.30 часот, во деловна канцеларија на ДООЕЛ„Г Компани“ во Струга, сопственост на Т.Г. (43) од Струга, непознат сторител извршил тешка кражба. Сторителот насилно ја отворил влезната врата, влегол внатре и одзел метална каса во која имало 85.000 денари, 300 евра, 200 долари, 500 лева, две златни белезгии и еден пиштол, по што го напуштил местото на настанот. Увид на местото на настанот извршила екипа од ПС Струга. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот…

повеќе...

Кривична пријава за две лица од Скопје поради фалсификување пари

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „фалсификување на пари “, полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против И.К. (47) и И.В. (45) двајцата од Скопје. Откако претходно прибавил лажни пари со намера да ги пушти во оптек како вистински, И.К. на 28 март оваа година во маркет во струшкото село Мислешево, употребил односно во промет пуштил лажна банкнота од 500 денари. Тој, на каса побарал да купи цигари „Ронхил“, за кои платил со лажна банкнота од 500 денари и 10 денари метални пари. По добивањето на…

повеќе...

Непознат сторител извршил кражба во стан во Охрид

На 13ти април во периодот од 11.00 до 14.00 часот непознат сторител извршил тешка кражба во станот сопственост на С.Т. (53) од Охрид, а со живеалиште во Ресен на ул. „Корчуланска“. Сторителот насилно влегол внатре, извршил претурање и одзел разновиден златен накит по што го напуштил местото на настанот. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.

повеќе...

Три години забрана за влез во РМ за лице од Албанија поради извршени тешки кражби

Поради постоење основи на сомнение за сторени казнени дела „тешка кражба“ и „одземање на моторно возило“, полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против А.П. (24) од Либражд – Република Албанија. На 27ми јануари оваа година, пријавениот, со уште едно лице од Албанија, во близина на граничниот премин „Ќафасан“ илегално ја преминале државната граница и во населба Теферич од еден автосервис одзеле патничко моторно возило марка „БМВ- 320Д“, кое незаклучено и со клучевите на брава било оставено на поправка. Двајцата, со возилото се упатиле во селото Велешта каде, А.П. повторно…

повеќе...

Притворени двајца кичевчани поради разбојничка кражба и убиство

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „разбојничка кражба“ со последица лишување од живот, полициската станица од Кичево поднесе кривична пријава против Е.З. (20) и С.Ф.(21) двајцата од Кичево. Нив одреден им е притвор во траење од 30 дена по што се префрлени во затвор „Скопје“. На 09-ти овој месец, околу 20 часот, притворените, при вршење кражба во куќа на улица „Јосиф Јосифоски Свештарот“ во Кичево, биле затекнати од страна на сопственикот, сега покоен Зулфиќар М.(77) од Кичево. Притворените, употребиле сила врз него со намера да ги задржат…

повеќе...