Од недела врнежи од дожд и снег

Од недела врнежи од дожд и снег. Како што најавуваат од УХМР, во недела не очекува облачно време со врнежи од дожд, кои на места се очекува да бидат пообилни, а на повисоките планини во западна Македонија ќе има и врнежи од снег. Инаку, до петок се очекува да преовладува релативно топло и стабилно време, по одделни котлини со слаба утринска магла. Во сабота ќе дува умерен до засилен југозападен ветер, а кон крајот на денот во западните делови ќе има врнежи од дожд. Извор: Нет Прес

повеќе...

Претседателот на СДСМ, Заев се сретна со претседателот на Словенија, Пахор

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев е во неколкудневна работна посета на Република Словенија. Денеска, се предвидени средби на претседателот Заев на највисоко политичко ниво во Љубљана и состаноци со бизнис заедницата во Словенија. Претпладнево претседателот на СДСМ, Зоран Заев ќе се сретне со претседателот на Р.Словенија Борут Пахор. По средбата со словенечкиот претседател Пахор, претседателот Заев ќе има состанок со генералниот директор на Стопанската комора на Словенија, Хрибар Милиќ. Попладнето, на барање на угледниот Меѓународен институт за блискоисточни и балкански студии (IFIMES), во Љубљана, Словенија, претседателот на СДСМ, Зоран Заев…

повеќе...

Иванов – Лајчак: Забрзана интеграција на целиот регион треба да е приоритет за ЕУ

Актуелните случува во регионот и Европа, како и можните перспективи за деблокирање на македонските европски и евроатлански интеграции, забрзана интеграција на балканските држави, беа темите на кои денеска во Париз разговараа македонскиот претседател, Ѓорге Иванов и словачкиот заменик-премиер и министер за надворешни и европски работи, Мирослав Лајчак. На средбата беа констатирани одличните политичките односи меѓу Македонија и Словачката Република и изразена подготвеност за унапредување на севкупната меѓусебната соработка на билатерално и мултилатерално ниво. Во разговорите беа разменети мислења околу политичката и безбедносната состојба во Република Македонија, во контекст на случувањата…

повеќе...

Заменик министерот Чавков на неформален министерски состанок посветен на актуелните миграциски токови

Денес, во Брдо при Крањ, Република Словенија се одржa неформален министерски состанок на министрите за внатрешни работи на Грција, Македонија, Србија, Хрватска и Словенија, посветен на проблематиката на менаџирање на миграциските токови. На оваа неформална средба, како шеф на делегација на македонското МВР учествуваше заменик министерот м-р Митко Чавков, придружуван од државниот секретар, Анастасија Илиеска и помошникот на директорот на Одделот за гранични работи и миграции, Маринко Кочовски. На состанокот на кој што свое излагање имаше и заменик министерот Чавков, покрај презентирањето на актуелните состојби со мигрантите во секоја од…

повеќе...

Македонија домаќин на првата меѓународна конференција на MediPIET

Институтот за јавно здравје на Република Македонија е домаќин на првата меѓународна конференција на MediPIET (Медитеранска програма за интервентна епидемиологија), како активен член во проектот, подржан од Европска Унија, под научно водство на ЕЦДЦ (Европскицентар за контрола и превенција на болести). Организатор на овој проект е Институт за здравје Карлос III, од Шпанија. Конференцијата на која ќе присуствуваат Шефот на Делегацијата на Европската Унија во Македонија, Аиво Орав, високи претставници на FIIAPP-ISCIII (Институт за јавно здравје КарлосIII – Шпанија) и Европскиот Центар за контрола и превенција на заразни болетси, претставник…

повеќе...

Седница на Советот за безбедност

Советот за безбедност синоќа одржа седница, која беше свикана од Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов поради безбедносната состојба поврзана со терористичките напади во Париз и предизвиците од мигрантската криза. Советот за безбедност изрази најостра осуда за терористичките напади во Париз и длабоко и искрено сочувство до граѓаните на Француската Република. Во врска со заканите од насилниот екстремизам и странските терористички борци, констатирано е дека институциите редовно преземаат мерки и информираат. Безбедносните служби реферираа за сите предизвици и потенцијални закани со кои се соочува регионот, како и мерките што нашите…

повеќе...

Министерствата за култура на Македонија и на Бугарија потпишаа програма за културна соработка за периодот 2015-2017 година

Во рамките на Вториот форум за културна соработка меѓу Народна Република Кина и земјите од централна и од источна Европа, кој се одржува во Софија, денеска беше потпишана Програма за културна соработка меѓу Министерствата за култура на Република Македонија и на Република Бугарија за периодот 2015-2017 година. Оваа програма за културна соработка е од исклучителна важност, бидејќи таа претставува правна рамка за уште поголемо продлабочување на културните врски помеѓу Република Македонија и Република Бугарија, кои негуваат одлични односи во сите области од културата. На средбата беше истакнато дека двете земји…

повеќе...

Mинистерката за култура во работна посета во Бугарија

Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска денеска и утре ќе престојува во работна посета на Република Бугарија каде што ќе учествува на вториот Форум за културна соработка меѓу Народна Република Кина и земјите од централна и од источна Европа. Во рамките на Форумот, денеска е предвидено министерката за култура да има свое обраќање на панел-дискусијата на тема „Актуелните предизвици во управувањето со културното наследство и размената на културни добра“, а ќе оствари и билатерални средби со повеќе министри за култура на земјите од регионот, меѓу кои и со бугарскиот министер за…

повеќе...

Новиот Министер за внатрешни работи ја презеде функцијата

Денеска во Министерството за внатрешни работи на Република Македонија беше извршено примопредавање на должноста Министер за внатрешни работи. Новиот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски го презеде кабинетот од претходниот министер м-р Митко Чавков.

повеќе...

Кривично пријавени пет лица, запленети 2,9 килограми марихуана

Министерството за внатрешни работи реализираше случај на недозволена трговија со наркотична дрога, при што сузбиена е организирана криминална група инволвирана во недозволена трговија со марихуана. Од страна на Министерството за внатрешни работи поднесена е кривична пријава против М.А.(32), А.А.(37) и К.М.(55) од Скопје, Ф.Т.(33) од Струга и Д.Б.(29) од Р.Албанија сите членови на криминалната група, поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори” по член 215 став 3 од Кривичниот Законик на Р. Македонија. При реализацијата на…

повеќе...