ОУТУ „Ванчо Питошески“ го одбележа патрониот празник

По повод патрониот празник на Училиштето – 18 октомври, учениците и наставниците од ОУТУ „Ванчо Питошески“, го одбележаа со низа пригодни активности: – положување свежо цвеќе на патронот, – свечен коктел во духот на традиционалната македонска кујна подготвен и послужен од страна на наставниците и учениците, – презентирање на наградените трудови од одржаните натпревари. Во рамките на одбележувањето на патрониот празник беа организирани спортски игри, турнири во мал фудбал, ракомет и кошарка. Програмата беше збогатена и со неколку музички точки.

повеќе...

ОУ „Ванчо Николески“ Лескоец го одбележа патрониот празник

Со пригодна програма учениците и наставниците од ОУ „Ванчо Николески“ од Лескоец синоќа го прославија патрониот празник. Свечената прослава се одржа во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид. Покрај учениците од Лескоец, свои настапи имаа и гостите-ученици од збратименото училиште „Светозар Марковиќ” од Лесковац, Република Србија. како и ученици од училиштето „Мирче Ацев” од село Лисичани, општина Пласница (кичевко), партнер-училиште на ОУ „Ванчо Николески” во проектот за меѓуетничка интеграција во образованието (ПМИО). „Мотото на овогодинешниот патронен празник беше „Нека победи љубовта. Инспирација беше да се прикаже желбата на нашите ученици, значењето на…

повеќе...

Започнаа чествувањата на патронот во ОУ „Ванчо Николески“ – Лескоец

Учениците и вработените од ОУ „Ванчо Николески” во Лескоец го започнаа тридневното чествување на својот патрон и веќе денес одбрана група на ученици со неколку свои наставници беа во селото Црвена Вода, во посета на спомен-куќата и родното село на Ванчо Николески. Чествувањата и активностите по повод патронатот на училиштето продолжуваат утре, во четврток за кога се предвидени трибини и едукативни работилници на кои освен домаќините ќе учествуваат и претставници од БРО, како и дваесетина гости од збратименото училиште “ Светозар Марковиќ” од Лесковац, Република Србија. Свеченостите продолжуваат и следниот…

повеќе...

Со свечена прослава одбележан патронатот на ОУ „Живко Чинго“ од Велгошти

Вечерва во преполна сала во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид се одржа свечена прослава по повод патрониот празник на ОУ „Живко Чинго“ од Велгошти. Овогодинешната програма за свечената приредба беше на тема: „Звуците и бојата на пролетта“. Пред присутните во салата се обрати директорот на ОУ „Живко Чинго“, Ѓоко Чингоски. „Веќе 139 години ОУ „Живко Чинго“ е расадник на образовани и воспитани млади генерации, кои понатаму успешно чекорат во животот, притоа следејќи ги современите трендови и промени во образовниот систем. Во изминатиов период значително се подобрија уловите за настава и работа во нашето училиште, нагледноста…

повеќе...

ОУ „Живко Чинго“ – Велгошти со свеченост ќе го одбележи патрониот празник

Со свечена прослава, утре (20-ти март) во Центарот за култура „Григор Прличев“, ОУ „Живко Чинго“ од Велгошти, ќе го одбележи патрониот  празник на училиштето. На свеченоста, свој настап ќе имаат училишниот хор, учениците од погорните одделенија, како и најмалите ученици со свои музички точки. Директорот на училиштето, Ѓоко Чингоски, на најуспешните ученици ќе им додели награди, како и благодарнци на заслужните субјекти. ОУ „Живко Чинго“ годинава одбележува 139 години од своето постоење. Во минатото, а и сега, учениците од ова училиште постигнуваат одлични резултати во нивното школување, а од ова училиште…

повеќе...

Панихида на гробот на Григор Прличев

Во рамките на свеченостите на годинашните „Прличеви беседи“, денеска на гробот на ловороносецот „Григор Прличев“, што се наоѓа до црквата „Св. Богородица- Перивлепта“, беше одржана панихида и беше положено цвеќе. На гробот на Прличев цвеќе положија градоначалникот Никола Бакрачески и претставници на институциите што го носат неговото име. Претходно беше положено цвеќе на бистата, што се наоѓа во кругот на Основното училиште „Григор Прличев“.

повеќе...

Со повеќе активности ќе се одбележи патрониот празник на ОУ„Григор Прличев“

По повод патрoниот празник на ОУ „Григор Прличев“, утре во 18:30 часот учениците од Подрачното училиште „Григор Прличев“ во населба Рача ќе одржат свечена приредба. Свеченостите продолжуваат и во петок со полагање на лаворов венец и свежо цвеќе пред споменикот на Григор Прличев во дворот на истоименото основно училиште, по што во 11 часот ќе се одржи панихида и ќе се положи цвеќе пред гробот на Григор Прличев. Точно напладне во спомен куќата на Прличев ќе се одржи културно- уметничка програма, а веднаш потоа пред бистата на поетот кај Библиотеката…

повеќе...

Свечено одбележан патрониот празник на ОУ „Св.Наум Охридски“ во Пештани

Со свечена приредба подготвена од учениците и нивните наставнци, денес во Основното училиште „Св.Наум Охридски“, во Пештани се одбележа патрониот празник на училиштето. Беше извршено и осветување на фреската на Св. Наум, насликана од професорот по ликовно образование, Александар Патчев. На осветувањето чиноначалствуваше парохискиот свештеник отец Атанас Казанџиски. WebOhrid/фото: Александар Гугоски

повеќе...

Училиштето во Пештани го чествува својот патрон Свети Наум

По повод патрониот празник на Основното училиште „Св.Наум Охридски“ во Пештани, утре, недела, ќе се одржи свечена прослава и осветување на фреска на Св. Наум во холот на училиштето. Осветувањето на фреската ќе биде со почеток во 17:00 часот, а со него ќе чиноначалствува парохискиот свештеник отец Атанас Казанџиски по што и ќе започне свечената приредба подготвена од учениците и нивните наставници. „Нашето училиште има особена чест и со гордост го носи името на чудотворниот учител Свети Наум Охридски и токму по повод овој наш празник упатуваме покана до сите…

повеќе...